From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиро ди Ломбардија 2011 — 105. издание на еднодневната велосипедска трка Џиро ди Ломбардија, често наречена како Трка на паѓачките лисја. Била одржана на 15 октомври 2011 година на растојание од 241 километар, започнувајќи во Милано и завршувајќи во Леко по првпат.[1] Претставувала 26. и последна трка во сезоната на Светската турнеја.[1]
Светска турнеја на UCI 2011, трка 26 од 26 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 15 октомври | ||
Растојание | 241 км | ||
Време | 6ч 20' 02" (23.643 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Оливер Цауг (Швајцарија) | (Леопард Трек) | |
Втор | Даниел Мартин (Ирска) | (Гармин-Сервело) | |
Трет | Хоаким Родригес (Шпанија) | (Катјуша) | |
Возачот на Леопард Трек Оливер Цауг ја освоил трката, напаѓајќи на последното искачување Салита ди Ело и се одржал до крајот, освојувајќи ја трката по првпат во неговата професионална кариера.[2] Преостанатите места на подиумот биле одредени — осум секунди зад Цауг — во спринт помеѓу петорица, кога возачот на Гармин-Сервело Даниел Мартин го победил Хоаким Родригес од Катјуша за второто место. Двократниот победник и бранителот на титулата и предводник во Светската турнеја Филип Жилбер завршил на осмото место, 16 секунди зад Цауг.[3]
Бидејќи трката е дел од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Биле доделени седум специјални покани — Аква & Сапоне, Андрони Џокатоли, Колнаго-ЦСФ Инокс, Фарнезе Вини-Нери Сотоли, ФДЖ, Геокс-ТМЦ и Тим Јуропкар — со што се создала група од 25 екипи.[4]
|
|
Велосипедист | Екипа | Време | Бодови за Светската турнеја | |
---|---|---|---|---|
1 | ![]() |
Леопард Трек | 6ч 20' 02" | 100 |
2 | ![]() |
Гармин-Сервело | + 8" | 80 |
3 | ![]() |
Катјуша | + 8" | 70 |
4 | ![]() |
Ликвигас-Канондејл | + 8" | 60 |
5 | ![]() |
Лампре-ИСД | + 8" | 50 |
6 | ![]() |
Колнаго-ЦСФ Инокс | + 8" | – |
7 | ![]() |
Фарнезе Вини-Нери Сотоли | + 16" | – |
8 | ![]() |
Омега Парма-Лото | + 16" | 20 |
9 | ![]() |
Аква & Сапоне | + 16" | – |
10 | ![]() |
Андрони Џокатоли | + 16" | – |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.