From Wikipedia, the free encyclopedia
Комо (италијански: Como; ломбардски: Còmm; латински: Novum Comum) — град и општина во Ломбардија, северна Италија. Градот претставува административно седиште на истоимената покраина.
Комо | ||
---|---|---|
општина | ||
Città di Como | ||
Поглед на градот од истоименото езеро | ||
Земја | Италија | |
Регион | Ломбардија | |
Покраина | Комо (CO) | |
римско основање | 196 п.н.е. | |
Поделоци | Албате, Бреча, Камерлата, Камнаго Волта, Чивилјо, Гарцола, Лора, Монте Олимпино, Муџо, Понте Кјасо, Престино, Ребио, Сањино, Тавернола | |
Управа | ||
• Градоначалник | Марио Лучини (PD) | |
Површина | ||
• Вкупна | 37,34 км2 (1,442 ми2) | |
Надм. вис. | м | 201|
Население (30 април 2015)[1] | ||
• Вкупно | 84.394 | |
• Густина | 23/км2 (59/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 22100 | |
Повик. бр. | 031 | |
Светец-заштитник | Свети Авундиј | |
Слава | 31 август | |
Мреж. место | Матична страница |
Неговата близина до истоименото езеро и до Алпите го направиле Комо туристичко одредиште, а градот поседува бројни уметнички дела, цркви, градини, музеи, театри, паркови и дворци: Катедралата (седиште на епархијата), црквата „Св. Авундиј“, Вила Олмо, јавните градини со Темпио Волтијано, Бролето (средновековното Градско собрание) и Каза дел Фашо од минатиот век.
Со 215.320 пристигнувања во 2013 година, Комо бил четвртиот најпосетен град во Ломбардија зад Милано, Бергамо и Бреша.[2]
Комо бил родно место на многу историски личности, вклучувајќи го поетот Сесилиј споменат од Катул во I век пред нашата ера, писателите Плиниј Постариот и Помладиот, папата Инокентиј XI, научникот Алесандро Волта и Козима Вагнер, втората жена на Рихард Вагнер.
Ридовите околу денешниот град биле населени уште во праисторијата, барем од бронзеното доба. Југозападно од градот, на пошумените ридови можат да се забележат наоди што сведочат за тие населби. Народот кој живеел во нив се нарекувал Оробии, кој бил келтско племе.
Околу I в. п.н.е. оваа територија потпаднала под римска власт. Првиот центар се наоѓал на околните ридови, но потоа бил преместен на неговата моментална местоположба по наредба на Јулиј Цезар, кој го исушил мочуриштето близу јужниот крај на езерото и го поставил планот на крепосниот град по типичниот шаблон на улици под прав агол. Новооснованиот град бил наречен Новум Комум и носел титула на муниципиум.
Во 774, градот се предал на Франките под водство на Карло Велики, и станал трговски центар.
Во 1127 Комо бил поразен по десетгодишна војна со соседниот град Милано. По неколку децении, со помош од Фридрих Барбароса, комаските се осветиле со тоа што го срамниле градот Милано (1162). Барбароса ја поддржал изградбата на неколку одбранбени кули околу градот, од кои денес постои само една, наречена Барадело.
Од тогаш па натаму, историјата на Комо ја следело историјата на војводството Милано, преку француската инвазија, потоа шпанската доминација сè до 1714, кога територијата потпаднала под австриска власт. Наполеон дошол во Ломбардија во 1796 и владеел со неа сè до 1815, кога таа повторно потпаднала под австриска власт со Виенскиот конгрес. Најпосле, во 1859, со доаѓањето на Џузепе Гарибалди, градот се ослободува од австријците и станува дел од новоформираното Кралство Италија под водство на Савојската династија.
На крајот на Втората светска војна, со неговото поминување низ градот во бегството за Швајцарија, Мусолини бил заробен и застрелан од локалните партизани во Џулино ди Мецегра, паланка на северниот брег на езерото Комо.
Комското стопанство е традиционално индустриско - градот уживал светска слава заради производството на свилата. Во последно време туризмот е сè повеќе значајна гранка. Многу познати личности имаат куќи на бреговите на езерото Комо, како на пример Ерос Рамацоти, Мадона, Џорџ Клуни, Џани Версаче и Силвестер Сталоне. Ова значително го има зголемено меѓународниот профил на местото.
Сервицио Феровиаријо Реџонале го поврзува Комо со воз со другите позначајни места во Ломбардија (R линии). Услугите ги вршат Трениталија и Феровие Норд Милано и постојат две главни станици: Комо С. Џовани (Трениталија) и Комо Лаго (Феровие Норд Милано). Има уште една градска станица опслужувана од Трениталија (Албате) и три други градски станици опслужувани од Феровие Норд Милано (Комо Борги-Университа, Комо Камерлата и Грандате Бречија).
Најблиските аеродроми се Милано Малпенза и Лугано Ањо. До Милано Маплпенса се стигнува за 1 час со автобус или воз (Феровие Норд Милано), со промена на воз во Сароно.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.