From Wikipedia, the free encyclopedia
Друмската трка за мажи, дел од олимписките велосипедски настани на Летните олимписки игри, се одржала на 28 јули во средишниот и југозападниот дел на Лондон и северен Сари,[1] започнувајќи и завршувајќи пред Бакингемската палата.[2] Самуел Санчес од Шпанија е бранител на златото, но поради повредата здобиена на Тур де Франс, тој нема настапил во Лондон.[3] Се очекувало над еден милион луѓе да бидат присутни околу патеката - рекорд за еден олимписки настан, доколку биде исполнет.[4][5] Трката била освоена од 38-годишниот казахстански возач Александар Винокуров. Тој бил подобар во спринтот од Колумбиецот Ригоберто Уран, кој го освоил сребрениот медал и Александер Кристоф од Норвешка, кој ја освоил бронзата.[6]
Првите десет држави во крајниот поредок на Светската турнеја 2011 се здобиле со право да настапат со пет возачи на трката. Тие репрезентации со по пет члена се: Шпанија, Белгија, Италија, Австралија, Велика Британија, Германија, Холандија, САД и Швајцаријата; иако Луксембург се наоѓал на деветтото место, нејзиниот состав бил составен од само двајца возачи. Од другите држави на Светската турнеја, Франција и Данска имале четворица возачи, Норвешка и Ирска тројца, Казахстан двајца и Словачка, Костарика и Латвија по еден возач. Првите шест држави од Европската турнеја на UCI – Словенија, Русија, Португалија, Полска, Турција и Белорусија - како и Колумбија, Венезуела, Бразил, првите три од Американската турнеја на UCI, Азиската турнеја ја предводел Иран, додека Африканската турнеја ја предводел Мароко, кои имале сите по три возачи. Останатите нации на трката биле претставувани од двајца или еден возач. Настапиле вкупно 145 учесници.
Светскиот првак на друмската трка во 2011, Марк Кевендиш од Велика Британија бил сметан како фаворит на трката,[7] иако неговите шанси зависале од временските услови на крајот на трката. Возачите, кои завршиле на првото и второто место на Тур де Франс, Бредли Вигинс и Крис Фрум, биле дел од екипата на Велика Британија, која се очекувала да му помогне на Кевендиш за остварување на победата.
Други спринтери кои се натпреварувале за освојување на трката се: победникот на бодовниот пласман на Тур де Франс Петер Саган од Словачка, Том Бонен од Белгија, Метју Гос од Австралија, Андре Грајпел од Германија и Едвалд Боасон Хаген од Норвешка. Доколку трката не заврши со масовна спринтерска завршница, Саган и Бонен сè уште имаат шанси за победа, заедно со другите специјалисти за класици, како што се Фабијан Канчелара од Швајцарија, сребрен медалист на друмската трка во 2008 во Пекинг и Филип Жилбер од Белгија.
Бранителот на златниот медал, Самуел Санчес од Шпанија, нема да настапи на трката, поради повреда здобиена на Тур де Франс.[3]
Трката е долга 250 километри.[8] Возачите од Бакингемската Палата ќе се упатат кон југозапад и ќе ја поминат реката Темза и потоа ќе се упатат низ парковите Ричмонд и Баши, ќе поминат крај судската палата Хемптон, пред да продолжат со деветте круга преку Бокс Хил, по кои возачите ќе се вратат пред Бакингемската палата на целта.[9] Се очекува над еден милион луѓе да бидат присутни покрај патеката[4] - доколку се постигне бројката, тоа ќе биде рекорд за некој олимписки настан.[5] Гужвите ќе бидат поттикнати од слободниот влез на 150 километри од вкупните 250 километри,[10] неодамнешниот британски успех на Тур де Франс 2012 и можноста домаќинот да го освои својот прв златен медал на Олимпијадата преку Марк Кевендиш. Првично биле пуштени 3.500 билети за површината на Бокс Хил, каде велосипедистите ќе поминат девет пати, но поради големата побарувачка бројката била зголемена на 15.000.[10]
Списокот на учесници бил објавен на 23 јули.[11] Резултатите биле објавени веднаш по трката.[12]
Во табелата подолу, „и.в.“ означува дека возачот ја поминал целта во иста група, како и велосипедистот пред него и затоа му било доделени исто завршно време.
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.