Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бразил (португалски: Brasil), официјално Федеративна Република Бразил (португалски: República Federativa do Brasil), е најголема држава во Јужна Америка. Површината и е речиси повеќе од половина на целиот континент. Главен град е Бразилија. Службен јазик е португалскиот. Бразил е обграден од Атлантскиот Океан на исток со брегова линија од 7.491 км. На север се граничи со Венецуела, Суринам, Гвајана и со прекуморскиот департмент Француска Гијана. На северозапад се граничи со Колумбија. На запад со Боливија и Перу. На југозапад со Аргентина и Парагвај и на југ со Уругвај. Бројни архипелази припаѓаат на Бразил, како Фернандо де Нороња, Атолските Карпи, Св. Петар и Павлевите Карпи и Тринидад и Мартин Ваз.
Федеративна Република Бразил República Federativa do Brasil (португалски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Ordem e Progresso (португалски) „Ред и напредок“ |
||||||
Химна: Бразилска државна химна |
||||||
Национален печат |
||||||
Локација на Бразил
|
||||||
Главен град | Бразилија 15°47′S 47°52′W | |||||
Најголем град | Саун Пауло | |||||
Службен јазик | португалски[1] | |||||
Демоним | бразилец | |||||
Уредување | сојузна претседателска република | |||||
• | Претседател | Луис Инасио Лула да Силва | ||||
• | Потпретседател | Жералдо Алкмин | ||||
Законодавство | Национални конгрес | |||||
• | Горен дом | Сојузни сенат | ||||
• | Долен дом | Комора на пратеници | ||||
Независност | од Португалија | |||||
• | Декларирана | 7 септември 1822 | ||||
• | Призната | 29 август 1825 | ||||
• | Република | 15 ноември 1889 | ||||
• | Тековен устав | 5 октомври 1988 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 8.515.767 км2 (5.) | ||||
• | Вода (%) | 0.65 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2022 г. | 214.047.375[2] (7.) | ||||
• | Попис 2020 | 212.270.000 | ||||
• | Густина | 25 жит/км2 (193.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2022 г. | |||||
• | Вкупен | 3,585 трилиони долари[3] (9.) | ||||
• | По жител | 16,763 долари (90.) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2022 г. | |||||
• | Вкупно | 1,810 трилиони долари[4] (10.) | ||||
• | По жител | 8464 долари (87.) | ||||
Џиниев коеф. (2019) | 53.4[5] висок · 10. |
|||||
ИЧР (2019) | ▲ 0.765[6] висок · 84. |
|||||
Валута | Реал (BRL ) |
|||||
Часовен појас | BRT (UTC-2 до -5) | |||||
Датумски формат | дд/мм/гггг | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .br | |||||
Повик. бр. | +55 |
Бразил бил колонија на Португалија сè до 1822-ра. Во почетокот независен како империја, во доследност Бразил е Република од 1889-та, иако бикамералната легислатура сега нарекувана Конгрес датира од 1850-та. Моменталниот устав ја дефинира Бразил како Федерална Држава, составена од федерален округ и 26 држави конституенти.
Бразил е светска десетта економија, новите економски реформи дадоа нови проекции за развојот на Бразил. Бразил е член основач на Обединетите Нации и Сојузот на јужноамериканските нации. Во Бразил предоминира католицизмот, и се говори португалски.
Денешната територија на Бразил била населена најмалку пред 6000 години. Повеќето домородни народи кои живееле и живеат на територијата на Бразил се верува дека се потомци од првиот бран мигранти од Северна Азија, поточно Сибир, коишто го преминале беринговиот проток кон крајот на ледената епоха околу 9000-та год. п.н.е. Во 1500-та год. од н.е. територијата на модерен Бразил имала население од околу 3 милиони, разделено во над 2000 нации и племиња. Во текот на наредните три века, Бразил бил непрекинато колонизиран од Португалците. Лингвистиката открила над 188 живи домородни јазици со над 150,000 говорници. Во 2007 Националната Индијанска Фондација (Fundação Nacional do Índio) го изнесла податокот за 67 домородни племиња кои сè уште живеат без допир со конвенционалната цивилизација. Педро Алварес Кабрал го открил ова подрачје во 1500 година. Во тоа време домородците биле семи-номади концентрирани околу бреговите најмногу онаму каде што се влеваат поголемите реки во океанот.
Во почетокот, Португалија не гледала со многу интерес кон Бразил, претежно поради профитот што го остварувала при тргување со Индија, Индокина, Кина и Јапонија. Во текот на овој период, дрвото со црвена боја, пау-бразил бил најексплотираниот ресурс од страна на португалските освојувачи. Во 1532 година, Португалија започнала со колонизација на Бразил.[7] Неколку рани населби биле основани покрај брегот, заедно со колонијалната престолнина Салвадор во 1549 година во Заливот на сите светци, а градот Рио де Жанеиро бил основан во март 1567 година. Во 17 век, приватни експедиции од Капетанијата Саун Пауло, нарекувани „Бандеиранти“ ја истражувале и раширувале територијата на Бразил. Во XVIII век, тие пронашле злато и дијаманти на територијата на денешната држава Минас Жераис. Профитот од Благово е искористен за издржување на Португалската империја. Начинот на владеењето со Бразил и скапиот живот на Португалската монархија довела до движење за независност на Бразил. Производството на злато почнало да стагнира кон крајот на 18 век. За разлика од соседните шпански поседи, Португалската колонија го задржала територијалниот, политичкиот и лингвистичкиот унитаритет.
Во 1808 година, кралот Жоао VI од Португалија, бегајќи пред Наполеон, се преселил во Бразил со целото кралско семејство и со владата. Тие пребегале во Рио де Жанеиро, и градот тогаш станал престолнина на Португалската Империја. Рио останал престолнина помеѓу 1808 и 1815 година. Потоа било прогласено Обединетото Кралство на Бразил, Португалија и Алгаверите (1815-1825), со престолнина во Лисабон. Откако во 1821 година, Жоао VI се вратил во Португалија, неговиот син-престолонаслидник станал регент на Бразил. Следејки серија политички инциденти, Бразил станал независен на 7 септември 1822 година. На 12 октомври 1822 година, Дом Педро бил прогласен за прв император на Бразил, под името Педро I, а бил крунисан на 1 декември 1822 година.[7] Португалија ја признала независноста на Бразил во 1825 година. Во 1824 година, Педро I го распуштил конститутивното собрание со образложение дека ја загрозува слободата, и донел устав по теркот на Португалија и на Франција. Но, владеењто на Педро I било административно неадекватно и политички притисоци го натерале да му ја отстапи власта на својот петгодишен син Педро II, на 7 април 1831 година.[7] Педро I заминал во Португалија, а Бразил бил управуван од регенти до 1840 година. На 23 јули 1840 година, Педро II бил крунисан за император. Неговото владеење го одбележува бумот на извозот на кафе, војната на тројната алијанса и крајот на тргувањето со робови од Африка во Америка, во 1850 година. Во Бразил, ропството било укинато во 1888 година, по што започнале да доаѓааат многу европски емигранти. Подоцна, во земјата започнало да зема сила републиканското движење и во 1889 година, Педро II абдицирал, а Бразил станал република.[7]
Крајот на XIX век и почетокот на XX век, Бразил привлекол преку 5 милиони европски и јапонски имигранти. Бразилската демократија трипати била заменувана диктатура: 1930 - 1934 и 1937 - 1945 од страна на Жетулио Варгас и 1964 - 1985 од страна на група генерали. Дури во 1990 година, во земјата биле одржани првите демократски избори.[7]
Во Бразил живеат околу 190 милиони жители, но просечната густина на населението е нерамномерна, односно 22,31 жител по квадратен километар или 57,8 / sq mi), со сооднос на мажи со жени од 0,95: 1 и 83,75% од популацијата дефинирана како урбана. Најгусто населени се градовите Рио де Жанеиро и Саун Пауло, а најмала густина на население има во Амазонската Низина. Најголем дел од населението се белците (55%) и тоа најмногу потомците на Португалци, Германци, Италијанци, Шпанци и Полјаци. Понатаму, 38% од населението им припаѓа на Мулатите, кои се двапати побројни од Местиците и сочинуваат главен дел на селското население. Црнците сочинуваат 6% од населението, а останатите 1% им припаѓа на Јапонците, Арапите и на американските Индијанци.[8].[9] Населението е силно концентрирано во регионите на југоисточниот регион (79,8 милиони жители) и североисточниот регион (53,5 милиони жители), додека двата најекспонирани региони, Центар-Запад и Север, кои заедно сочинуваат 64,12% од бразилската територија, имаат вкупно само 29,1 милиони жители.
Верници во Бразил[10] | ||||
---|---|---|---|---|
Христијани | 95,90 % | |||
Муслимани | 0,02 % | |||
Без Религија | 7,90 % | |||
Будисти | 0,10 % | |||
Народна Религија | 2,80 % | |||
Евреи | 0,06 % | |||
Други | 0,20 % |
Бр. | Држава | Нас. | Бр. | Држава | Нас. | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Саун Пауло Рио де Жанеиро |
1 | Саун Пауло | Саун Пауло | 11.253.503 | 11 | Белем | Пара | 1.393.399 | Салвадор Бразилија |
2 | Рио де Жанеиро | Рио де Жанеиро | 6.320.446 | 12 | Гојанија | Гојас | 1.302.001 | ||
3 | Салвадор | Баија | 2.675.656 | 13 | Гуаруљос | Саун Пауло | 1.221.979 | ||
4 | Бразилија | Федерален округ | 2.570.160 | 14 | Кампинас | Саун Пауло | 1.080.113 | ||
5 | Форталеза | Сеара | 2.452.185 | 15 | Сао Луис | Марањао | 1.014.837 | ||
6 | Бело Хоризонте | Минаш Жераис | 2.375.151 | 16 | Сао Гонсало | Рио де Жанеиро | 999.728 | ||
7 | Манаус | Амазон | 1.802.014 | 17 | Масејо | Алагоас | 932.748 | ||
8 | Куритиба | Парана | 1.701.907 | 18 | Дуки ди Кашијас | Рио де Жанеиро | 855.048 | ||
9 | Ресифе | Пернамбуко | 1.537.704 | 19 | Терезина | Пјауи | 814.230 | ||
10 | Порто Алегре | Јужно Рио Гранде | 1.409.351 | 20 | Натал | Северно Рио Гранде | 803.739 |
Името на Бразил е изведено од бразилерово дрво, тоа е црвеникаво дрво. На Тупи се нарекува "ибирапитанга", што во буквален превод значи црвено дрво. Дрвото е користено за боење алишта. Друга теорија околу етимологијата на Бразил е сврзана со ирскиот мит за Хај-Бразил, фантом остров сличен со островот Свети Брендан, ситуиран југозападно од Ирска. Легендата била толку силна што во XV век многу експедиции трагале по него, најпозната е експедицијата на Џон Кабот. Се претпоставува дека после достигнувањето на бразилските земји од страна на Педро Алварес Кабрал во 1500-та ирскиот мит влијаел врз именувањето на земјата. Дека легендата била популарна меѓу иберските народи може да се потврди преку името на островот Азорејска Терцеира, Регистриран во XIV век во Каталонски Атлас. Првите имиња на земјата биле Ilha de Vera Cruz(Остров Вера Круз) и Terra de Santa Cruz(Земја на Св. Круз).
Бразил го зафаќа најголемиот дел од источниот брег на Јужна Америка, исто така зафаќа и голем дел од континенталната земја,[12] делејки земни граници со Уругвај на југ, Аргентина и Парагвај на југозапад, Боливија и Перу на запад, Колумбија на северозапад, Венецуела, Суринам, Гвајана и тпрекуморскиот департмент Француска Гијана на север. Бразил е петта по големина држава во светот по Русија, Канада, Кина и САД и трета по големина во Америка. Бразил се протега низ четири часовни појаси. Бразилската топографија е исто така разнолика, вклучувајќи ридови, планини, котлини, висорамнини. Повеќето Бразил лежи меѓу 200 м и 800 метри нд[13]. Највисоката точка на Бразил е Врв Неблина со 3014 м, а најниска е Атлантскиот брег со 0 метри нв. Поголеми реки се Амазон Парања Рио Негро, Сао Франциско и др.
Според Бразилскиот устав од 1988 година, Бразил е федерација составена од 26 држави, еден федерален округ, и, исто така, општини. Ниеден од конституентите нема право на оттуѓување. Државите се основани на историски, конвенционални граници создавани низ времето, иако некои граници се обсудливи. Државите можат да бидат делени и соединувани со цел создавање на нови по основа на плебицит. Државите имаат нивна управа, право да собираат свои даноци и данок на ниво на федерацијата. Тие имаат гувернатор и легислативно тело избрани од нивниот народ. Поседуваат исто така и независно судство. Но сепак го немаат правото да создаваат свои закони. Општините можат да бидат делени или спојувани по основа на плебицит, следејки некои правила на федералниот устав и зачувувајки ги внатрешните државни граници, имаат нивна управа, право да собираат свои даноци и данок на ниво на федерацијата и федералната конституентка. Имаат градоначалник и легислативно тело избирани од нивниот народ. Федералниот округ е округ на Бразилската престолнина, Бразилија, како таков тој не е држава, иако има одлики, но има својства и на општина. Не може да биде делена но си има свој судски систем. Бразилскиот устав го дозволува постоењето на инкорпорирани држави.
Бразилските региони не се политички или административни дивизии. Единствено се создадени со цел за статистичка регулација. Територијата на Бразил во 1968 година е поделена од Бразилскиот Институт за Географија и Статистика (БИГС), со цел демогравска и статистичка регулација на Северна, Североисточна, Централно Западна, Југоисточна и Јужна статистичка дивизија.
Бразил се состои од 26 држави и еден федрален округ. Ниеден од конституентите нема право на оттуѓување. Државите се основани на историски, конвенционални граници создавани низ времето, иако некои граници се обсудливи. Државите можат да бидат делени и соединувани со цел создавање на нови по основа на плебицит. Државите имаат нивна управа, право да собираат свои даноци и данок на ниво на федерацијата. Тие имаат гувернатор и легислативно тело избрани од нивниот народ. Поседуваат исто така и независно судство. Но сепак го немаат правото да создаваат свои закони.
Потругалскиот е службен јазик на Бразил, којшто се говори од речиси целото население, и претставува единствен јазик на весниците, радијата, телевизијата и во администрацијата. Единствениот исклучок е Неѐнгату, домороден јужноамерикански јазик што е службен јазик, заедно со португалскиот, во општината Сао Габриел де Какојера. Бразил е единствената земја од Јужна Америка каде што се зборува португалски.
Доста различни елементи го сочинуваат бразилското општество со својата мултиетничка комплексност.[14] Бразилската култура во главно била под влијание на европската, африканската, и домородните култури и традиции.[14] Најголемото влијание доаѓало од Португалската култура, поради силните колонијални врски на Португалската империја. Покрај доста наследеното, од Поругалците е наследен јазикот, католичката вера и колонијалните архитектурни стилови.[15] Other aspects of Brazilian culture are contributions of Italian, Германци и други Европски имигранти; дошле во голем број и нивното влијание може да се забележи на југ и на југосток во Бразил.[16] Домородните народи влијаеле на кујната и јазикот на Бразил; додека Африканците, донесени во Бразил како робови, влијаеле на јазикот, кујната, музиката, танцевите и религијата.[16][17]
Литературата во Бразил датира од 16 век, од пишувањата на првите португалски истражувачи, како Перо Ваз де Камиња, писател на флотата на Педро Алварес Кабрал.[18] Кујната варира доста од регион до регион. Овој диверзитет го рефлектира миксот на доморидци и емигранти. Така е создадена национална кујна обележена со зачувување на регионалните одлики.[19] Бразилските културни традиции се доста уникални во однос на музичките стилови, самба, Босанова, Форо, Фрево, Пагоде и многу други.[20] Бразил исто така придонел и во класичната музика, која може да се забележи во делата на многу композитори.[20] Во уметноста, значајни модерни уметници Анита Малфати и Тарсила до Амарал се пионери на Бразилската уметност.[21]
Карневалот (португалски: Carnaval), со спектакуларни улични паради и музика,е една од посилните слики на Бразил;[19] се одржува секоја година ден предВелигден аи го означува почетокот на великите пости. Карневалот се слави во цел Бразил, секаде обележан со своите регионални одлики, но најспектакуларни славења надвор од Рио де Жанеиро се одржуваат во Салвадор, Ресифе, и Олинда.[19]
Религијата е многу разнолика во Бразил, при што уставот дава слобода на вероисповед, а владата генерално го почитува тоа право во практиката.[22] Римо католичката црква преовладува, правејќи ја Бразил најголема католичка нација во светот.[23] Формалната врзка меѓу државата и Римо-католицизмот ослабнала кон крајот на 19 век, сепак до определен степен црквата задржала влијание.[24]
Бројот на протестантите расте. До 1970-та, мнозинството бразилски протестанти биле следбеници на „традиционалните цркви“, повеќето лутеранци, презвитеранци и баптисти. Од тогаш навака, бројот на приврзаниците на пентекостализмот и неопентокосталозмот значајно нараснал.[24] Традиционалните Африкански верувања, донесени робовите, се имаат смешано со Католицизмот, и така се создале Афро-Бразилските религии Макумба, Кандомбле и Умбанда.[23] Домородните религии варираат од група до група.[24]
Според пописот од 2009: 73,89% се католици; 15,41% протестанти; 0,907% други христијански деноминации; 0,309% традиционални христијански религии; 0,010% домородни религии; 7,354% агностицисти, атеисти или нерелигиозни; и 0,806% други религии. Некои од последните се 0,126% будисти; 0,051% јудаисти and 0,016% муслимани.[25][26]
Најпопуларниот спорт во Бразил е фудбалот.[27] Бразилската фудбалска репрезентација е рангиран меѓу најдобрите во светот според ФИФА светски ранг-список и го има освоено ФИФА Светскиот куп рекордни пет пати.[28][29]
Одбојката, кошарката, авто трките и боречките вештини, исто така привлекуваат голема публика во бразилската спортска јавност. Бразилскиот машки национален одбојкарски тим, моментално ги држи титулите на Светската одбојкарска титула, Светско првенство во машка конкуренција. Некои спортски дисциплини имаат свое потекло од Бразил: фудбал на плажа,[30] футсал (фудбал во затворен простор)[31] и футволејот како варијација од фудбалот. Во боречките вештини, Бразилците ја развиле Капуерата,[32] Валетудо,[33] и бразилското Џиу Џицу.[34]
Во автомобилските спортови, тројца бразилски возачи имаат освоено светско првенство во Формула 1 (осум пати).[35][36][37]
Бразил бил домаќин на неколку меѓународни спортски настани од највисок профил, како Светско Првенство во фудбал 1950 година[38] и скорешното светско првенство во фудбал во 2014 година.[39] На патеката Саун Пауло, автодромот Хосе Карлос Пасе, е домаќин на годишната „Големата награда на Бразил“.[40]
Саун Пауло ги организирал Панамериканските игри во 1963 година, додека, а Рио де Жанеиро бил домаќин на Пан Американските игри во 2007 година.[41] На 2 октомври 2009 година, Рио де Жанеиро бил избран да биде домаќин на Летни олимписки игри во 2016 година и Параолимпијадата во истата година, што го прави првиот јужноамерикански град да биде домаќин на игрите[42] како и втор град во Латинска Америка, после Град Мексико. Покрај тоа, земјата била домаќин на ФИБА Светското првенство во кошарка во 1954 година и во 1963 година. На настанот од 1963 година, Бразилската кошаркарска репрезентација ја освоила еден од двете титули во светските натпреварувања.[43]
Повеќе за Brazil на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.