16 век

век From Wikipedia, the free encyclopedia

16 век — век што траел од 1 јануари 1501 до 31 декември 1600 година, според грегоријанскиот календар.

< 15 век 16 век 17 век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900

16 век историчарите го сметаат за век во кој се појавил порастот на Западната култура. Во текот на 16 век, Шпанија и Португалија ги истражувале морињата во светот и отвориле светски трговски патишта низ целиот свет. Големи делови од Новиот Свет биле претворени во шпански и португалски колонии, и додека Португалците станаа мајстори во трговијата во Азија и Африка во Индискиот Океан, Шпанија отвори трговија преку Тихиот Океан, поврзувајќи ги Америка со Азија.

Оваа ера на колонијализам го воспоставила меркантилизмот како водечки економски правец. Меркантилистичката доктрина ги поттикнала многуте војни во Европа во текот на овој период и веројатно ја поттикнала европската експанзија и империјализам ширум светот до 19 век или почетокот на 20 век.

Во Европа, протестантската реформација задала голем удар на авторитетот на папството и Римокатоличката црква. Европската политика доминирала преку религиозни конфликти, при што темелите за Триесетгодишната војна биле поставени кон крајот на векот. Во Италија, Лука Пачоли ја објави првата книга за сметководство, а Галилео Галилеј го направил првиот топломер. Во Англија, италијанецот Алберсио Џентили ја напишал првата книга за јавното меѓународно право и го поделил секуларизмот од канонскиот закон и римокатоличката теологија.

На Блискиот Исток, Отоманското Царство продолжило да се проширува, а султанот ја освоил титулата калиф. Кина ги евакуиралае крајбрежните области, поради јапонското пиратство. Јапонија во тоа време страдала од тешка граѓанска војна. На други места во Азија, царот ја проширил моќта на Могулското Царство. Неговото владеење значително влијаело врз уметноста и културата во регионот.

Настани

1500-ти

Thumb
Алберсио Џентили
Thumb
Битка кај Черињола
Thumb
Афонсо де Албукерке
Thumb
Василиј III.

1510-ти

Thumb
Фернандо Магелан .
Thumb
Ернан Кортес

1520-ти

Thumb
Франсоа I
Thumb
Битката за Рим

1530-ти

Thumb
Хенри VIII
Thumb
Иван IV

1540-ти

Thumb
Никола Коперник

1550-ти

Thumb
Акбар Велики
Thumb
Филип II
  • 1550: Архитект Мимар Синан започнува со изградба на Сулејмановата џамија во Истанбул.
  • 1550: Монголите предводена од Алтан Кан извршуваат напад на Кина и Пекинг.
  • 1550 - 1551: Ваљадолидска дебата во врска со човековите права на домородното население на Америка
  • 1551: Северноафриканските пирати го поробуваат целото население на малтешкиот остров Гоцо, помеѓу 5.000 и 6.000, испраќајќи ги во Либија.
  • 1552: Русија го освојува Казањ во Средна Азија.
  • 1552: Језуитска мисија на Френсис Ксавир
  • 1553: Марија I станува првиот кралски регент на Англија и ја обновува црквата на Англија под папски авторитет.
  • 1554: Португалски мисионери го основаат градот Саун Пауло Бразил.
  • 1554: Елизабета I е затворена во [[Лондонска кула}|Лондонската кула]] по наредба на Марија I
  • 1555: Московска компанија станува првото големо англиско акционерско трговско друштво.
  • 1556: Силен земјотрес во Кина
  • 1556: Георгиј Агрикола, ја објавува „De re metallica“.
  • 1556: Акбар Велики го поразува султанот на Бенгал во Втора битка во Панипат
  • 1556: Русија го освојува Астрахањ во Средна Азија
  • 1556 - 1605: За време на неговото владеење, Акбар го проширува Моголското Царство во серија освојувања (во индискиот потконтинент).
  • 1557: Хабсбуршка Шпанија прогласи банкрот.
  • 1557:Започна населување на Португалци во се населиле во Макао
  • 1557: Отоманското Царство го освоил градот Масава.
  • 1558 Елизабета I станува нова кралица на Англија на 25 години.
  • 1558 - 1603: Елизабетанската ера се смета за висина на англиската ренесанса.
  • 1558 - 1583: Ливонска војна меѓу Полска, Големото Кнежевство Литванија, Шведска, Данска и Русија.
  • 1558: По 200 години, Кралство Англија го губи Кале во Франција.
  • 1559: Крај на Италијанските војни.

1560-ти

Thumb
Вилхелм Орански
Thumb
Don Фернандо Алварез де Толедо

1570-ти

Thumb
Ода Нобунага.
Thumb
The Битка кај Лепанто.
Thumb
Френсис Дрејк.

1580-ти

  • 1580: Шпанија се обединува со Португалија на чело со Филип II. Завршува т.н. Португалска престолонаследна криза. Шпанската и португалската круна се обединети 60 години, т.е. до 1640 година.
  • 1582: Ода Нобунага е убиен од неговиот генерал.
  • 1582: Папа Григориј XIII го издава грегоријанскиот календар.

1582: Јермак Тимофејевич го освојува Сибирското ханство.

  • 1583: Умира Бабаула, султан на Тернате.
  • 1584 - По Опсадата на Антверпен, многу од неговите трговци бегаат во Амстердам. Според Лук-Норманд Телиер, "На врвот помеѓу 1510 и 1557 година, во Антверпен се концентрирани околу 40% од светската трговија ... Се проценува дека пристаништето во Антверпен заработувало седум пати повеќе приходи од Америка[7].
  • 1585 - 1604: Англо-шпанска војна на двете страни на Атлантикот.
  • 1587: Марија Стјуарт е погубена во Англија по наредба на Елизабета I.
  • 1587: Владеењето на Абас I го означува зенитот на Сефевидите.
  • 1589: Умира Катерина Медичи на возраст од 69 години.

1590-ти

1590: Опсада на Одвара

  • 1591: Гази Гирај со огромна татарска војска започнува воена експедиција против Москва.
  • 1591: Во Мали, мароканските сили на султанот Ахмад ел-Мансур го поразуваат Царство Сонгај.
  • 1592: Џон Стов известува за 10.675 смртни случаи во Лондон од чума. Лондон има население од околу 200.000 луѓе.
  • 1592 - 1598: Кореја, со помош на Кина одбива две јапонски инвазии.
  • 1606: Долгата војна во Унгарија помеѓу Хабсбуршкото Царство и Отоманското Царство.
  • 1594: Основан е колеџот Свети Павле во Макао
  • 1595: Прва холандска експедиција во Индонезија предводена од Корнелис де Хаутман[8].
  • 1596: Роден е Рене Декарт.
  • 1596: Јуни, експедицијата на Де Хаутман пристигнува до Бентен главната порта за пиперка во Западна Јава, каде што се судри со португалците и индонезијците. Потоа патува источно по северниот брег на Јава, губејќи дванаесет членови на екипажот на јавански напад во Сидеу и убивајќи локален владетел во Мадура.[8]
  • 1597: експедицијата на Де Хутман се враќа во Холандија со доволно зачини за да оствари значителен профит.
  • 1598: Издаден е Едикт од Нант со кој завршуваат Француските религиозни војни.
  • 1598: Абас I го преместува главниот град на Персија од Казвин во Исфахан во 1598 година.
  • 1598 - 1613: Русија се спушта во анархија за време на т.н. Време на проблеми.
  • 1598: Португалците бараат армада од 90 бродови за да го уништата востанието во Солор.[9]
  • 1598: Повеќе холандски флоти заминуваат за Индонезија и повеќето се профитабилни.[8]
  • 1598: Умира Тојотоми Хидејоши.
  • 1599: Царство Мали е поразено во Битката кај Џене
  • 1599: Експедицијата на ван Ник се враќа во Европа. Експедицијата прави профит од 400 проценти.[8]
  • 1599: Втората холандска експедиција на Индонезија (1598-1600) од осум бродови станува првата холандска флота што пристигнува на до Малуку.
  • 1600: Џордано Бруно е изгорен поради ерес во Рим.
faviconfaviconfaviconfaviconfavicon
9 sources

Архитектура

Дела

Книги

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.