Монголци (монголски: Mongɣul; кирилица: Монгол) — монголски народ што живеат во Монголија, НР Кина (Внатрешна Монголија), Русија и Киргистан. Монголците зборуваат на монголски јазик, службениот јазик на Монголија.

Кратки факти Вкупен број, Подрачја со значајно население ...
Монголци

Монгол
Thumb Thumb Thumb
Огедеј Кан
Сухбатарин Јанџма
Thumb Податотека:Manduhai Poststamp.jpg
Мандухај Хатун
Бјамбин Ринчен
Thumb Thumb
Ондор Гонгор
Цендин Дамдинсурен
Thumb Thumb Thumb
Алтан Кан
Асахорју Акинори
Џугдердемидин Гурагча
Вкупен број
~10 милиони
Подрачја со значајно население
 Монголија3,100,000[1]
 Кина5,810,000[2]
 Русија621,827[3]
 Јужна Кореја34,000[4]
 САД15,000–18,000[5]
 Чешка7,515[6]
 Јапонија5,401[7]
 Германија3,852[7]
 Обединето Кралство3,701[7]
 Франција2,859[7]
 Турција2,645[7]
 Казахстан2,523[7]
Јазици
монголски јазик, кинески јазик и руски јазик
Вероисповед
Доминантно тибетски будизам
Сродни народи
Даури, Монгуори и турко-монголски народи
Затвори
faviconfaviconfaviconfaviconfavicon
7 sources

Дефиниција

Монголскиот народ, грубо може да се подели на две подгрупи: источни и западни Монголци. Во поширока смисла, со поимот монголски народ се означува секое население што зборува еден од монголските јазици.

Името Монголци за првпат се појавило во 8 век во записите на Кинезите. На почетокот со тој поим се означувало мало и незначително племе што живеело во регионот околу реката Онон. Во 13 век, со терминот почнало да се означува поголема група на монголски и туркиски племиња обединети и управувани од Џингис Хан.[8]

Точното потекло на монголските јазици не е познато.

favicon
1 sources

Распространетост

Денес, Монголците живеат во Монголија, Кина, Внатрешна Монголија, Русија и неколку останати азиски земји.

Називот на населението и на племињата се различни во зависност од земјите. Тумати, Чахари, Ордоси, Баргути, Бурјати, Дорбеди, Торгуди, Дариганганци, Уземчинци, Бајиди, Хотонци, Мјангадци, Захчинци, Дархади и Ојрати се сите називи за монголски племиња.

Монголија

Населението на Монголија се состои од 92,6 % монголци, поточно 2,7 милиони луѓе. Помеѓу нив, Халха, Уријанхај и Бурјатите се бројат како источни Монголци. Ојратите се вбројуваат во западни Монголци.

Кина

Thumb
Монголија и Внатрешна Монголија

Кинескиот попис од 2000 година покажа дека во НР Кина живеат 5,8 милиони Монголци. Најмногу од нов живеат во Внатрешна Монголија, потоа во покраината Љаонинг. Мали монголски заедници можат да се пронајдат и во покраините што се граничат со овие две.

Русија

Во Русија, Бурјатите се сметаат за дел на Монголците. Западните Монголци како што се Ојратите живеат во Калмикија и сочинуваат 53.3 % од населението.[9]. Алтајскиот народ се етнички Монголци, но зборуваат туркиски јазик. Тие бројат милион луѓе.

favicon
1 sources

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.