From Wikipedia, the free encyclopedia
Будизамот (санскрит: बौद्ध धर्म, буда дарма) — нетеистичка религија[1][2] која опфаќа различни традиции, верувања и практики во голема мера врз основа на учењата припишувани на Сидарта Гаутама, познат како Буда (оној кој е разбуден) кој живеел во 5 век п.н.е. во североисточна Индија.[1][3]. Во светот постојат различни извори што тврдат различни бројки за бројот на верници но сепак бројката се движи помеѓу 230 милиони и 1.691 милијарди верници[4][5][6][7][8]. Најголем дел од будистите живеат во Азија.
Будизмот го признава Буда како свет учител кој помагал на луѓето да ги надминат нивните страдања според законите на карма преку разбирањето на Четирите Величествени Вистини а со тоа реализирајќи ја вистинската природа на феноменот и избегнување на кругот на страдања и како краен стадиум е препородувањето познато како Самсара.
Методите што ги користи будизмот за постигнување на самсарата се: етичка прилагоденост, култивација на мудрост, тренирање на мозокот преку учење и медитација, несебично однесување, одрекување од светските работи, побожни обреди и во некои гранки на религијата, разбудување на свети суштества за да им помогнат на луѓето во достигнување на Нирвана.
Будист е човек што пребегнува во Трите Накити: Буда, оној кој е разбуден, Дарма, учењето и Санга, будистичкото општество.
Будизмот се проширил преку две главни гранки: Теравада, што се проширил кон југ и исток од неговото место на создавање и денес се проширило во Југоисточна Азија, и Махајана, кој најпрво се проширил кон запад од местото на создавање потоа северно и источно во Источна Азија. Подоцна, двете гранки се прошириле кон Европа и Америка.
Додека Будизмот се практикува главно во Азија, и двете главни гранки сега ги има насекаде низ светот. Проценките за будистите во светот значително се разликуваат во зависност од начинот на кој будистичкото придржување е дефинирано. Будизмот е исто така признат како една од најбрзорастечките религии во светот.[9][10][11][12]
Будистичките училишта не се согласуваат при интерпретација на Гаутама Буда. Некои клучни текстови, познати како никаи или агами, се зачувани од двете гранки на будизмот. Некои од материјалите се зачувани од страна на тибетскиот будизам. Овие текстови се центар на Теравада, но се ретко користени во Махајаната. Најзначајните Махајана натписи се Сутрите на Махајана. Зачетоците на некои дефинирани Махајана идеи се во агамите.
Покрај тоа што најчесто будизмот е сметан за религија, некои научници не ја вметнуваат во таа категорија [13][14], или пак според други будизмот е фамилија на религии[15]. Исто така има и научници што тврдат дека будизмот нема дадено јасен став за својот статус [16].
Будизмот е четврта најголема религија по христијанството, исламот и хиндуизмот. Таа е застапена во следниве држави:
Статистиката се внесува со консултирање на https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/index.html Архивирано на 7 ноември 2017 г.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.