Христијанска деноминација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Христијански деноминации — посебни и одвоени верски заедници во рамките на христијанството. Иако го делат истото име и верување, христијаните се структурно поделени во одделни и различни традиции и црковни заедници.
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||

Поделбите и особеностите помеѓу одделните деноминации се дефинирани со црковната доктрина и авторитет. Прашања што создаваат неединство се на пр. Христовата природа, апостолското наследство и папскиот примат.
Најголемата деноминација е католицизмот, следи протестантството, а ним им се придружува и англиканството, кои заедно преовладуваат на Запад. На Исток, преовладуваат православието и монофизитизмот.
Христијаните имаат различни ставови за Црквата, заедницата на верниците, востановена од Исус Христос преку апостолите. Но, без оглед на разликите во теологијата и науката, тие главно меѓу себе се сметаат за христијани и членови на една заедничка христијанска црква .
Поврзано
- Христијанство
- Екуменизам
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.