кинески политичар, премиер на Кина From Wikipedia, the free encyclopedia
Ли Кеќанг (кинески: 李克强, пинјин: Lǐ Kèqiáng; 1 јули 1955 - 27 октомври 2023 ) — кинески економист и премиер на НР Кина и секретар на Државниот совет. Како таков, тој бил шеф на владата и водечка личност во економската политика на државата. Бил втор човек во Постојаниот комитет на Политбирото, кој е де факто врховен политички орган во земјата. Од 2008 до 2013 г, Ли бил на функцијата прв вицепремиер во мандатот на премиерот Вен Ѓабао. Имал разни официјални должности, меѓу кои економски развој, контрола на цените, финансиска политика, климатски промени и макроекономско управување.[1]
Ли Кеќанг 李克强 | |
---|---|
Ли Кеќанг во 2012 г. | |
Премиер на НР Кина XII Државен совет | |
На должноста 15 март 2013 – 11 март 2023 | |
Претседател | Си Ѓинпинг |
Вицепремиер | Џанг Гаоли Љу Јендунг Ванг Јанг Ма Кај |
Претходник | Вен Ѓабао |
Наследник | Ли Ќанг |
I Вицепремиер на НР Кина XI Државен совет | |
На должноста 17 март 2008 – 15 март 2013 Служи со Хуеј Лиангји Џанг Деѓанг Ванг Ќишан | |
Премиер | Вен Ѓабао |
Претходник | Ву Ји (в.д.) |
Наследник | Џанг Гаоли |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1 јули 1955 Дингјуен, Анхуеј, НР Кина |
Починал(а) | 27 октомври 2023 68) Шангај, Кина | (возр.
Партија | Комунистичка партија |
Сопружник | Ченг Хунг |
Установа | Пекиншки универзитет |
Кариерата ја започнал вклучувајќи се во редовите на Сојузот на комунистичката младина. Од 1998 до 2004 г, бил управник и партиски секретар на покраините Хенан и Љаонинг. Ли бил претставник на „петтото поколение“ на раководството на Комунистичката партија на Кина.
Ли Кеќанг е роден на 1 јули 1955 г. во Дингјуен, во покраината Анхуеј. Татко му бил покраински функционер. Откако го завршил средното образование за време на Културната револуција, бил испратен на работа во руралното подрачје на Фенгјанг, Анхуеј, каде подоцна се зачленил во Комунистичката партија (КПК) и постепено дошол до местото партиски началник на производниот одред. Во овој период се занимавал со проучување на општествено-политичката мисла, за што ја добил наградата „Извонреден изучувач на маоизмот“.[2]
Откако се вратил дома, татко му му понудил да го подготвува за околиски партиски началник, но Ли ја одбил понудата, одлучувајќи да студира право на Пекиншкиот универзитет. Откако дипломирал и станал претседател на студентскиот совет, продолжил со образованието и се стекнал со докторат по правни науки. Во 1980 г. станал Секретар на универзитетскиот огранок на Сојузот на комунистичката младина (СКМК). Во 1982 г. станал дел од раководството (секретаријатот) на СКМК и бил во потесна соработка со Ху Ѓинтао, кој ја изградил својата кариера по истиот пат. Во 1993 г. станал генерален секретар на СКМК, каде се задржал сè до 1998 г.
Починал на 27 октомври 2023 г. од срцев удар.[3][4]
Во јуни 1998 г. Ли станал најмладиот покраински челник во Кина кога бил назначен за управник на Хенан на возраст од 43 г. Според неговите соработници, одбивал да учествува на гозби и други раскошни свечености неповрзани со службата во име на неговата посветеност на борбата против сиромаштијата.[5]
На должноста бил поборник за економски развој на Хенан, правел обиколки низ сите краишта и успеал да ја претвори сиромашната покраина во стопански напредна и привлечна за инвестиции. Единствено не успеал да се справи со епидемијата на ХИВ/СИДА во руралните подрачја.
Во декември 2004 г. бил назначен за партиснки началник на Љаонинг. Во оваа покраина се истакнал со проектот „Пет точки во една линија“, поврзувајќи ги Даљен и Дандунг, како и низа други пристанишни градови во поопфатна мрежа со цел да се подобри протокот на стоки во трговијата.
Ли постапено се издигнал до втор човек во Постојаниот комитет на Политбирото и станало извесно дека тој ќе биде наследник на Вен Ѓабао на местото Премир на Државниот совет (2013).
Претпоставките дека Ли ќе стапи во државниот врв се потврдиле на XVII седница на Националното народно собрание, кога бил изгласан за член на Постојаниот комитет на Политбирото (ПКП) во октомври 2007 г. Ли бил и во потесниот круг на можни наследници на Ху Ѓинтао како генерален секретар на КПК. Меѓутоа, во ноември 2013 г. на функцијата застанал неговиот колега од Политбирото, Си Ѓинпинг. На Националното народно собрание во 2008 г, Ли е избран за прворангиран вицепремиер на државата, така подоцна наследувајќи го Вен Ѓабао на премиерската функција.
Со стапувањето во Постојаниот комитет, Ли ги добил најважните ресори во кинеската влада, воедно постепено подготвувајќи се за премиерското место. Првиот значаен јавен настап на Ли е неговото обраќање на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија во 2010 г, каде дал краток преглед на долгорочната развојна визија Кина пред светските политичари и претприемачи.[6] Во обраќањето дал особен нагласок на потребата од одржлив развој, одржлива енергетика, намалување на економската нееднаквост и осовременувањето на главните стратешки индустриски гранки.[6] Во говорот, Ли ја потврдил посветеноста на Кина на мирен развој и зголемување на уделот на домашната побарувачка наспроти надворешните притисоци предизвикани од глобалната финансиска криза, но и предупредил за опасноста на протекционизмот. Во следниот дел од излагањето ја споменал и важноста на меѓународниот развој и меѓународните финансиски реформи и побарал глобална управна структура која „подобро ги одразува промените во глобалниот политичко-економски пејзаж“.[7]
Во февруари 2010, Ли одржал говор пред министерите и покраинските управници за важноста на измените во економската структура на земјата во име на развојот во иднина, со особен нагласок на домашната потрошувачка и урбанизацијата.[8] Во излагањето истакнал и дека Кина ќе се пренасочи кон зголемување и зајакнување на средната класа, што треба го сочинува најголемиот дел од населението.[9]
Ли исто така ја истакнал важноста на индустријализацијата, урбанизацијата и осовременувањето на кинеското земјоделство со цел да се подобри неговата конкурентност, прехранбената сигурност, енергетската сигурност, поволноста на домувањето и здравството.[10]
Во август 2011, Ли остварил официјална посета на Хонгконг, воедно посетувајќи го и Хонгконшкиот универзитет.
На XII заседание на Националното народно собрание на 15 март 2013 г, Ли Кеќанг бил избран за премиер на НР Кина,[11] со што станал втор човек во државата по претседателот Си Ѓинпинг.[12] Оваа функција ја презел од неговиот претходник, Вен Ѓабао, кој заминал во пензија и, како него, се очекува да служи два мандата.[11] На 16 март, собранието ги избрало Џанг Гаоли, Љу Јендунг, Ванг Јанг и Ма Кај за вицепремиери.[13] Првиот поважен говор го одржал на 17 март, во завршниот дел на седницата на собранието, повикувајќи ги политичарите на внимателно трошење на државните средства, поголема финансиска праведност и повеќе економски реформи. Според него, од особено значење економијата да се заснова на локална потрошувачка наместо досегашната политика на извозно стопанство.[14][15]
Ли Кеќанг ја остварил првата посета во странство на 18 мај 2013 г. во Индија со цел да најде решение за пограничниот спор и да ги поттикне економските врски со земјата.[16] Потоа го посетил и Пакистан, истакнувајќи ја важноста на големото пријателство и братство помеѓу двете земји.[17]
Првите официјални посети во Европа Ли ги остварил во Швајцарија и Германија, каде се сретнал со државниот врв на двете земји.[18]
Кон средината на годината, Ли остварил и средби со македонскиот премиер Никола Груевски и шефот на МНР, Никола Попоски во состав на кинеската иницијатива за инвестиции и соработка со земјите од Средна и Источна Европа.[19]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.