Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гитара — музички инструмент со стапала, кој се користи во разновидни музички стилови и е исто така познат како соло класичен инструмент. Во популарната култура најчесто се смета како примарен инструмент во блуз, кантри, фламенко и рок-музиката. Гитарата вообичаено има шест жици, но постојат и гитари со седум, осум, десет, единаесет, дванаесет и осумнаесет жици.
Ди Џорџо класична гитара | |
Класификација | |
---|---|
жичен инструмент (нежно свирен, гитарите со пластични жици обично се свират со прсти, додека пак гитарите со челични жици итн. се свират со плектрум.) | |
Скала | |
(нормално наштимана гитара)
| |
Сродни инструменти | |
|
Иструментите слични на гитарата биле популарни најмалку во последните 5.000 години. Изгледа дека гитарата потекнува од пораните иструменти познати во древна Средна Азија како цитара. Инструменти многу слични на гитарата се појавуваат и во антички статуии и цртежи ископани од стариот ирански главен град Суза. Модерниот збор, гитара, бил усвоен во македонскиот јазик од средновековниот андалусиски арапски[1] Κιθάρα, кој потекнува од пораниот латински cithara, кој пак доаѓа од грчкиот збор китара,[2] кој пак потекнува од старо-персискиот збор sithar.[3]
Зборот qitara е арапско име за разни членови на семејството на лејти кое биле претходник на западната гитара. Името guitarra било воведено во шпанскиот јазик кога таквите инструменти биле донесени на Иберија од Маврите по X век. (Погледајте ја поврзаната статија).
Најраната шестжичена гитара била направена во 1779 од Гаетано Винасија (1759 - по 1831) [4][5] во Неапол, Италија. Семејството Винасија е познато по развивањето на мандолината. Оваа гитара била прегледана и не покажува знаци на модификација од друг тип на гитара.[6]
Модерните димензии на класичниот инструмент биле воспоставени од Антонио Торес Хурадо (1817-1892), кој работел во Севиља во 1850-тите. Торес и Луиз Панормо во Лондон (активен 1820-ти до 1840-ти) биле одговорни за демонстрирањето на супериорноста тој изглед на гитарата.
Електричната гитара била патентирана од Џорџ Бошам во 1936. Бошам бил соосновач на Rickenbacher кои го користеле магнетот во форма на потковица. Сепак, Danelectro биле оние кои први произвеле електрични гитари за пошироката јавност. Danelectro исто така биле пионери во технологијата на лампашки засилувачи. [се бара извор]
Гитарите можат да бидат поделени на две широки категории, акустични и електрични:
Акустичната гитара не е зависна од никаква надворешна направа за засилување. Формата и резонирањето на самата гитара создаваат акустично засилување. Сепак, незасилената гитара не е гласен инструмент. Не може да се натпреварува со другите иструменти кои се наоѓаат во групи или оркестри, во смисла на чиста слушна гласност. Многу акустични гитари се достапни денес со вградена електроника и моќност да се овозможи засилување.
Постојат неколку поткатегории во групата на акустични гитари: гитари со челични жици, во кои спаѓаат, западната гитара, блиско поврзаната дванаесетжичена гитара, и џез гитарата. Скорешен новајлија во групата на акустични гитари е акустичната бас гитара, слична во штимањето на електричниот бас.
Резонаторските гитари може да имаат или еден резонаторски конус или три резонаторкси конуси. Три-конусните резонаторски гитари имаат два конуса на левата страна еден над друг, и уште еден веднаш до нив на десната страна. Методот на пренос на звучната резонанција до конусот е или BISCUIT кобилица, изработена од мало парче тврдо дрво, или SPIDER кобилица, изработена од метал и поголема во големина. Три-конусните резонаторски гитари секогаш користат специјална метална SPIDER кобилица.
Постојат и резонаторски гитари со рамен врат, кои се свират исправено, во скутот на седнатиот гитарист, и често со метален или стаклен слајд. Резонаторските гитари со заоблен врат вообичаено се свират на ист начин како и другите гитари, иако слајд гитарите се користат почесто, особено во блуз музиката.
Електричните гитари може да имаат тврди, полушупливи, или шупливи тела, и произведуваат малку звук без засилување. Електро-магнетите (единечни или двојни навои) ја претвораат вибрацијата на челичните жици во електрични сигнали кои се предаваат на засилувачот преку кабел или радио уред. Звукот е честотно изменет од страна на други електронски направи или природно разобличување на лампи (вакуум цевки) во засилувачот. Електричната гитара се користи најмногу во џезот, блузот и рокенролот, и била комерцијализирана од страна на Gibson заедно со Лес Пол и независно од Лео Фендер. Пониската акција на вратот (височината на жиците во однос на вратот) и нејзиното електрично засилување ѝ даваат пристап на гитарата до некои техники кои не се користат толку често на акустичните гитари. Во овие техники спаѓаат tapping, значителна употреба на legato со pull-off и hammer-on техники, како и pinch harmonic, volume swell техники заедно со употребата на тремоло рачка или педали за ефекти. Седумжичените електрични гитари со тврд труп биле развиени во 1990-тите (порано во џезот) со цел да се постигне потемен звук преку продолжување на долниот домет на гитарата. Тие се користат денес од гитаристи како Џејмс „Манки“ Шафер, Дејв Вајнер, Џон Петручи, Џеф Лумис, Стив Смит и Стив Ваи. Meshuggah, Дино Казарес, Расти Кули & Чарли Хантер одат чекор подалеку, користејќи осумжичена гитара со две дополнителни ниски жици. Иако најчесто додаваната седма жица е долна B жица, Роџер МекГвин (Од групите Byrds и Rickenbacker Fame) ја популаризирал варијантата во која октавна G жица парира со вообичаената ге-жица како на дванаесетжичена гитара, што му дозволува да вметнува елементи од свирењето на 12-жичена гитара во стандардно шестжичено свирење. Ibanez произведува многу варијанти на електрични седумжичени гитари.
Електричната бас гитара е слична во штимањето со традиционалната двојна бас виола. Постојат и хибриди од акустичните и електричните гитари. Исто така постојат и поегзотични варијанти, како двојно-вратните гитари, сите предмет на различни аранжмани на жиците, вратовите без прагови (користени скоро ексклузивно на бас гитарите, измислени со цел да го емулираат звукот на контрабасот), 5.1 surround гитара, и слични.
Гитарата е транспозирачки инструмент. Звукот кој го произведува е октава понизок од неговата нотација.
Се користат голем број на разни штимања. Оддалеку најчестото, познато како „стандардно штимање“ (EADGBe), е следното:
„Гитара“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.