Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Месопотамија |
---|
Еуфрат · Тигар |
Градови / Царства |
Сумер: Урук · Ур · Ериду |
Киш · Лагаш · Нипур |
Акадско Царство: Акад |
Вавилон · Изин · Суза |
Асирија: Ашур · Нинива |
Дур-Шарукин · Нимруд |
Вавилонија · Халдејско Царство |
Елам · Аморити |
Хурити · Митани |
Касити · Урарту |
Хронологија |
Кралеви на Сумерија |
Кралеви на Асирија |
Кралеви на Вавилонија |
Јазик |
Арамејски |
Сумерски · Акадски |
Еламски · Хуритски |
Митологија |
Енума Елиш |
Гилгамеш · Мардук |
Енлил · Енки |
Нинурта · Нинлил |
Суза („Шуш“; ерменски (Shushan); грчки: Σοῦσα [sousa]); сириски: ܫܘܫ (Shush); староперсиски Çūšā) — поранешен град во еламското, персиското и партиското царство, расположен во подножјето на планината Загрос на околу 250 км источно од реката Тигар, помеѓу реките Карке и Дез. Модерниот ирански град Шуш се наоѓа точно на местото на поранешниот град Суза. Шуш е административен центар на општината Шуш во иранската покраина Хузестан, со популација од 64.960 жители во 2005 година.[1]
Во историската литература, градот Суза се појавува уште во најраните Сумерски записи, т.е. опишан е во Енмеркар и господарот на Арата. Градот Суза исто така е спомнат и во Кетувимот на Хебрејската библија.
Во урбаната историја, Суза е еден од најстарите познати населени места во регионот и во светот воопшто, најверојатно основан околу 4200 гпне (Види Список на најстари постојано населени градови); иако првите траги на неолитски населби датираат од околу 7000 гпне. Траги на сликани садови датираат од пред околу 5000 п.н.е. Името на градот на еламски се пишувало на различни начини: Ŝuŝan, Ŝuŝun, итн.
Суза бил главен град на државата наречена Шушан, која зафаќала приближна површина како денешната покраина Хузестан. Контролата над Шушан честопати била менувана помеѓу Еламците, Сумерците и Акадците. Шушан понекогаш по грешка се поистоветува со Елам, но тој бил различен и посебен културен и политички ентитет.[2] Шушан од страна на Саргон Велики бил приклучен кон Акадијската империја некаде околу 2330 гпне. Суза бил главен град на Акадијската провинција донекаде 2240 гпне, кога неговиот управител, Кутик-Иншушинак, се побунил, дигнал востание и го ослободил. Меѓутоа, градот бил повторно освоен од нео-Сумерската Ур-III династија, и задржан сè додека Ур не потпаднал во рацете на Еламците под водство на Киндату околу 2004 гпне. Во ова време Суза станува главен град на Еламското царство под водство на династијата Епартиди[2].
Приближно еден век откако Партијанската империја стекнала независност од Селевкидската империја, Суза бил еден од главните градови на новата држава. После Селевкија, Суза бил најголем град во Месопотамија во тоа време.[3]
Суза била разрушувана најмалку трипати. Првиот па во 647 гпне, од Асурбанипал. Вториот пат во 638 гпне, кога муслиманските војски за првпат ја завладеале Персија. Конечно, во 1218, градот бил целосно уништен при навалата на Монголците.
Градот бил проучуван во 1826 година од страна на Хенри Ролинсон а подоцна и од Остен Хенри Лејард. 185 година, направени се сериозни истражувања и ископувања од страна на Вилијам Лофтус, со кои се идентификувала Суза.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.