Перце
помагало за свирење на тргачки жичен инструмент From Wikipedia, the free encyclopedia
Перце (тргалка или плектрум) — помагало со кое се тргаат жиците на еден жичен инструмент. Кај гитарите, бенџата и сличните инструменти, перцето е посебно помагало кое се држи во раката на свирачот. Кај чембалата, тргалките се дел од механизмот на инструментот.

Гитарски перца
Гитарското перце обично има облик на тесен остроаголен триаголник со заоблени ќошиња; најостриот агол е оној кој најчесто се користи за тргање на жицата. Такво перце исто е разично од напрсното перце. Тие се изработуваат од разни материјали, меѓу кои желкини оклопи и целулоид, но денес пластиката е најчестиот материјал. Големината, формата и дебелината варираат во значителна мера. Предметите како малите монети може да се искористат како замена за перце доколку се укаже потреба, и всушност Брајан Меј (гитарист од групата „Квин“) ја направил употребата на стара паричка (од шест пенија) дел од неговиот препознатлив звук.
Свирачите на бенџо и на гитара често носат метално или пластично палечно перце монтирано на прстен, и свирачите на блуграс-бенџо скоро секогаш носат метално или пластично напрсно перце на врвовите на нивните прсти, коешто понекогаш се користи и од гитаристите.
Поврзано
- Гитарско перце
- Напрсно перце
- Мезраб
- Жичен инструмент
![]() | Оваа статија за музика е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.