Фреди Перлман (англиски: Fredy Perlman, 20 август 1934 - 26 јули 1985 ) бил чехословачки теоретичар, писател, издавач, музичар, активист и еден од најзначајните модерни критичари на цивилизацијата и капитализмот.
Фреди Перлман успева да побегне од Чехословачка како мало дете токму пред нацистите да ја освојат земјата. Од 1938 до 1945 со неговото семејство живее во Боливија после што се преселува во САД. Од 1956-59 го посетува Универзитетот Колумбија каде што започнува како студент по Англиска книжевност, но потоа се пренасочува на филозофија, политичка наука и Европска книжевност. Од 1963 до 1966 Перлман студира во Белград на Економскиот факултет каде што го брани својот магистерски труд, откако неговото барање за студирање во Чехословачка било одбиено под образложение дека е сомнително. Докторира на Правниот факултет во Белград со дисертацијата „Услови за развој на неразвиените региони“.[1]
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.