Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Капитализам е економски систем кој се заснова на приватната сопственост на средствата за производство, со цел за да се прави профит. Централните елементи на капитализмот вклучуваат акумулација на капиталот, конкурентни пазари и систем на цени. Меѓутоа, постојат неколку варијанти на капитализмот, вклучувајќи ги лезеферот, социјалниот и државниот капитализам. Капитализмот се смета дека се применувал во различни историски случаи, кои се разликуваат во времето, географијата, политиката и културата. Постои општа согласност дека капитализмот станал доминантен во Западниот свет по крајот на феудализмот. Економистите, политичките економисти и историчарите имаат различни гледишта во нивните анализи за капитализмот. Економистите за лезефер го нагласуваат степенот до кој владата нема контрола врз пазарите и важноста на имотните права. Другите ја нагласуваат потребата од владина регулација, за да се спречи појавата на монополи како и за ублажување на ефектите за време на експанзија и пад. Повеќето политички економисти, исто така, ја истакнуваат и приватната сопственост, како и односите на власт, наемната работна сила, класата и уникатноста на капитализмот како историска формација. Степенот до кој различни пазари се слободни, како и правилата за дефинирање на приватната сопственост, се предмет на политиката и стратегијата. Многу држави имаат таканаречени мешани економии, кои се осврнуваат на економски систем со различен степен на планирани елементи кои се управувани од пазарот.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Дел од темата |
Идеологии и теории |
---|
Капиталистичко стопанство |
Сектори и системи |
Виртуелно стопанство |
Поврзани статии |
Американска Школа |
Кутијава: |
Застапниците на капитализмот користат историски преседан за да тврдат дека, капитализмот е најголемиот систем за производство на изобилие кој му е познат на човекот и дека неговите благодети се главно за обичниот човек. Критичарите на капитализмот го поврзуваат со економска нестабилност и со неговата неспособност да обезбеди добросостојба за сите луѓе.
Терминот капитализам, во својата современа смисла, доаѓа од делата на Карл Маркс. Во 20 век, бранителите на капиталистичкиот систем често го заменуваат терминот капитализам со изрази како што се слободно претприемништво и терминот капитализам со инвеститор или рентиер, како реакција на негативните конотации што некогаш се поврзани со капитализмот.
Постојат голем број на различни елементи во капиталистичкиот, социо-економски систем. Капитализмот е дефиниран како социјален и економски систем, каде што капиталните средства главно се во сопственост и се контролирани од страна на приватни лица, каде што трудот се купува за плата, растат капиталните добивки на приватните сопственици а механизмот на цената се користи за да ги алоцира капиталните стоки помеѓу нивните намени. Степенот до кој ќе се користи механизмот на цената, степенот на конкурентност и владината интервенција во пазарите, прави разлика помеѓу различните форми на капитализмот.
Постојат различни варијации на капитализмот кој има различни со пазарите и државата. Во формите на капитализмот, како што се слободниот пазар и лезеферот,пазарите се употребуваат најопширно и со минимална или без никаква регулатива во текот на формирањето на цените.Постојат различни варијации на капитализмот кој има различни со пазарите и државата. Во формите на капитализмот, како што се слободниот пазар и лезеферот, пазарите се употребуваат најопширно и со минимална или без никаква регулатива во текот на механизмот на вреднување. Во интервенционистичките и мешаните економии, пазарите продолжуваат да имаат доминантна улога,но до одреден степен се регулирани од страна на владата, со цел да се поправат неуспесите на пазарот, да се промовира социјалната заштита, да се зачуваат природните ресурси како и одбраната на фондот и јавната безбедност. Во државните капиталистички системи, пазарите се најмалку зависни, додека државата за да акумулира капитал,во голема мера се потпира на претпријатијата во државна сопственост или на посредното економско планирање.
Капитализмот и капиталистичката економија генерално се сметаат за спротивно од социјализмот, кој се разликува од сите форми на капитализмот на следниве начини: државна сопственост на средствата за призводство, каде што средствата за производство се враќаат и во целина се акумулираат во оштеството и директно производство на стоки и услуги за нивна корист (спротивно од тоа да се произведуваат од страна на бизнисите кои сакаат профит).
Парите,првенствено биле стандардизиран медиум за размена и крајно средство за плаќање, кој служи за мерење на вредноста на сите стоки и производи во стандардна вредност. Тие се апстракција на економската вредност и средство за размена, којшто го елиминира неефикасниот систем на трговија,со одвојување на трансакциите вклучени во размената на производите, со што во голема мера се унапредува специјализацијата и трговијата, преку поттикнување на размената на производи. Капитализмот вклучува дополнителна апстракција на парите во други разменливи средства и акумулацијата на пари преку сопственост, размена, камата и разни други финансиски инструменти. Капиталот во оваа смисла се однесува на парите коишто се користат за да се купи нешто, со цел да се продаде повторно и да се оствари финансиски профит. Акумулацијата на капитал се однесува на процесот на “правење пари”, или зголемување на почетната сума на пари преку инвестирање во производство. Капитализмот се заснова околу акумулацијата на капиталот, каде финансискиот капитал е инвестиран со цел да се оствари профит и потоа да се реинвестира во понатамошно производство во континуиран процес на акумулација. Во марксистичката економска теорија, оваа динамика се нарекува законот на вредноста.
Дефинирачката одлика на капиталистчките пазари,во споредба со пазарите и размената во пред-капиталистичките општества, како феудализмот, е постоењето на пазар за капитални стоки (средствата за производство), што значи постоење на размена на односи (деловни односи) во рамките на производствениот процес. Покрај тоа капитализмот го истакнува пазарот на трудот.
Ова го издвојува капиталистичкиот пазар од пред-капиталистичките општества,кои генерално го содржат само пазарот на размена за крајните и секундарните стоки. “Пазарот” во капитализмот се однесува на капиталните и финансиските пазари. Капитализмот е систем на зголемување, штедење и трошење на збир на монетарна вредност во одреден пазар. Постојат три главни пазари во основната капиталистичка економија: на трудот, на стоки и услуги и финансиски. Пазарите на трудот (луѓето) ги прават производите и се платени од пазарот на стоки и услуги (компании, фирми или корпорации, итн.)кои потоа ги продаваат производите назад на работниците. Меѓутоа, и двата од првите два пазара, плаќаат и добиваат бенефиции од финансискиот пазар, кој е задолжен и ги регулира актуелните пари во економскиот систем. Ова ги вклучува банките, кредитните здруженија, берзите,итн. Од монетарната гледна точка, владите контролираат само колку пари има во опсег низ светот, кое може да игра улога, на кој начин се трошат парите во сопствената земја.
Терминот капатилизам генерално не се користи од страна на поддржувачите на конвенционалната економија.Поимот ”Работници” ги вклучува оние кои во производството ја користат и работната рака и интелектуалноста,каде производството не значи само физичко производство, туку се однесува и на произвоството и на материјална и нематеријална економска вредност. ”Капиталистите” се поедници кои остваруваат приход од инвестиции. Работната рака ги вклучува сите физички и ментални човечки средства, вклучувајќи го и претприемачкиот капацитет и вештините за управување,коишто се потребни за да се произведат производи и услуги. Производството е процесот на произведување на стоки и услуги со примена на работна сила.
Макроекономијата се однесува на работи како што е инфлацијата: стапката на која со текот на времето парите ја губат својата вредност; раст: колку пари има една влада и колку брзо таа ги зголемува парите; невработеност, и стапката на трговија помеѓу другите земји. Додека микроекономијата се занимава со поединечни фирми, луѓе и други институции кои работат во рамките на дадени правила, за да ги балансираат цените и работењето на една единствена влада.
И микро и макроекономијата работат заедно за да формираат еден збир на развојни правила и прописи.Владите (макроекономската страна) ги поставуваат и државните и меѓународните прописи, кои ги следат цените и корпорациите (микроекономија) стапките на раст и трговија, додека корпорациите влијаат врз тоа што се поставени федералните закони.
Постојат многу варијанти на капитализам, кои се разлкикуваат според државата и регионот. Тие се разликуваат во нивното институционално надополнување и во нивните економски политики. Заедничка одлика на сите различни форми на капитализмот е тоа што тие се засновани на производството на стоки и услуги за профит, претежно распределба на средствата според пазарот и тие се структурирани според акумулацијата на капиталот. Најглавните форми на капитализмот се наведени подолу:
Главни статии: Мерканитилизам и Протекционизам
Меркантилизмот е националистичка форма на ран капитализам кој постои приближно од доцниот 16 век. Се одликува со испреплетување на националните бизнис интереси со државните интереси и империјализмот и следствено на тоа, државниот апарат се користи за да се унапредат национално,економските интереси во странство. Пример за ова се колонистите кои живеат во Америка, на кои им било дозволено само да тргуваат и да купуваат стоки од нивните матични земји (Велика Британија, Франција, итн.). Меркантилизмот смета дека богатството на една нација се зголемува преку позитивниот баланс на трговија со другите народи и одговара на фазата на капиталистички развот, наречен Примитивна акумулација на капитал.
Погледнете исто така: Слободен пазар и лезефер
Слободниот пазар на капитализмот се однесува на економски ситем каде цените за стоките и услугите се формирани слободни од силата на понудата и побарувачката и дозволено им е да ја постигнат точката на рамнотежа, без интервенција од страна на владината политика. Тоа обично вклучува поддршка за високо конкурентните пазари, приватната сопственост на производните претпријатија. Лезеферот е поопширна форма на слободниот пазар на капитализам, каде улогата на државата е ограничена со штитењето на имотните права.
Главни статии: Социјален пазар и нордиски модел
Социјална-пазарна економија е номинален, слободен пазарен систем, каде владината интервенција во формирање на цените е сведена на минимун, но државата обезбедува значителни услуги во областа на социјалната безбедност, бенефиции за невработеност и признавање на правата на работен однос, преку национални,колективни,преговарачки договори.
Овој модел е познат во западните и северно европските земји, иако со малку различни структури. Огромното мнозинство на препријатија, во овој економски модел,се во приватна сопственост. Рајнскиот капитализам се однесува на современиот модел на капитализам и е адаптација на моделот на социјален пазар, кој постои денес во континентална,западна Европа.
Главна статија: Државен капитализам
Државниот капитализам се состои од државната сопственост на средствата за произвоство во рамките на една држава и организацијата на дравните прептријатија како комерцијални, бизниси кои бараат профит. Дебатата помеѓу поборниците за приватен наспроти државен капитализам, е фокусирана околку прашањата за менаџерска ефикасност, продуктивна ефикасност и рамноправна распределба на богатство.
Според Алдо Мусакчио, професор на бизнис училиштето Харвард, тоа е систем во кој владите, независно дали демократска или автократска, има распространето влијание врз економијата, дали преку директната сопсвеност или преку разни субвенции. Мусакчио, исто така ја нагласува разликата помеѓу денешниот капитализам и неговите претходници. Поминати се деновите кога владите назначуваа бирократи да ги водат компаниите. Светски најголемите државно управувани претпријатија тргуваат на јавните пазари и се одржуваат во добра состојба од големите меѓународни инвеститори.
Главна статија: Копроративен капитализам
Погледнете исто така: Државен монополистички капитализам и ортачки капитализам
Корпоративниот капитализам е слободна или мешана пазарна економија, која се одликува со доминанацијата на хиерархиските, бирократски корпорации. Државниот монополистички капитализам првично бил марксистички концепт, кој се однесува на форма на корпоративен капитализам, во кој државната политика има корист и ги промовира интересите на доминантите или основаните корпорации, со нивно штитење од конкурентски притисоци,или обезбедувајќи ги со субвенции.
Главна статија: Мешана економија
Погледнете исто така: Економски интервенционизам
Мешана економија е голема економија заснована на пазарот, која се состои и од приватна и јавна сопственост на средствата за производство и економски интервенционизам, преку макроекономски политики, наменети за да ги поправат неуспесите на пазарот, да ја намалат невработеноста и да ја оджуваат инфлацијата ниска. Степенот на интервенција на пазарите варира помеѓу различни држави. Некои мешани економии, како на пример Франција под управа, исто така вклучуваат степен на индиректно економско планирање на економијата кој е во голема мера капиталистички заснована. Најголем дел од капиталистичките економии се дефинирани како “мешани економии” до некој степен.
Другите варијанти на капитализам вклучуваат:
Понекогаш и други термини се употребуваат за поимот капитализам:
Поимот капиталист, кој се однесува на сопственикот на капитал (наместо своето значење на некој приврзаник на економски систем), е порано употребен од терминот капитализам, кој датира од средината на 17 век. Поимот капиталист е изведен од капитал, кој еволуирал од “capitale”, доцен латински збор, заснован на протопраиндоевропскиот капут, со значење „глава“- исто така со потекло од зборот стока, во смисла на подвижен имот (само малку подоцна почнал да се однесува само на стока). Поимот ”Capitale” се појавил од 12-от до 13-от век, однесувајќи се на средства, залихи на стока, сума на пари, или пари кои носат камата. До 1283 година се употребуваше во смисла на капитални средства на фирма за тргување. Често беше заменет со голем број на други зборови- богатство, пари, средства, стока, имот итн.
Холанѓанецот Меркурис ги употребил поимот капиталисти во 1633 и 1654 година, за да им се обрати на сопствениците на капитал . Во Франција, Етјен Клавје го употребил терминот “capitalists” во 1788 година, 6 година пред неговата запишана употреба на англиски јзик од страна на Артур Јанг, во неговото дело “Патувања во Франција”( 1792) . Дејвид Рикардо, во неговите дела “Принципите на политичката економија” и “Оданочување” (1817) го споменал неколкупати терминот “капиталист”. Англискиот поет Семјуел Тејлор Колериџ, го употребил поимот капиталист во неговото дело “Разговор Табела”(1823) . Пјер-Џозеф Продхон,го употребил терминот капиталист во неговото прво дело “Што е имот?” (1840) кога алудирал на сопствениците на капитал.Бенџамин Дизраели го употребил поимот капиталист во неговото дело “Сибил” во 1845 година. Карл Маркс и Фридрих Енгелс , го употребиле терминот капиталист(Kapitalist) во Комунистичкиот Манифест (1848), за да алудираат на приватен сопственик на капитал.Според англискиот речник Оксфорд (Oxford English Dictionary), терминот капиталист за првпат бил употребен од страна на романописецот Вилијам Мекпис Текереј во1845 година во делото “Newcomes “, каде тој значел сопственост на капитал. Исто така,според овој речник, Карл Адолф Дуаи, гермнаско-американски социјалист и аболиционист, го употребил терминот приватен капитализам во 1863 година.
Првичната употреба на терминот капитализам во својата модерна смисла, се припишува на Луј Блан во 1850 година и Пјер Жозеф Прудон во 1861 година. Карл Маркс и Фридрих Енгелс се осврнале на капиталистичкиот систем и капиталистичкиот начин на производство во делото “Капитал” (Das Kapital) во 1867 година.
Употребата на терминот капитализам во однос на економски систем, се јавува двапати во Том I од делото “Капитал” (германско издание), и во “Теориите на вишокот вредност”, Том II, стр.493 (германско издание). Маркс не ја користел опширно формата капитализам, а наместо тоа зборовите капиталист и капиталистички начин на производство се јавуваат повеќе од 2.600 пати во трилогијата “Капитал”. Претставата на Маркс за капиталистичкиот начин на производство се одликува со систем на примарна, приватна сопственост на средствата за производство.во пазарната економија, со правна рамка за трговија и физичка инфраструктура, обезбедени од државата. Тој сметал дека никаква правна рамка не можела да ги заштите работниците и поради тоа беше распространета експлоатацијата од страна на компаниите. Енгелс почесто го употребувал терминот капитализам, четири и трипати, соодветно во Том II и Том III од делото Капитал, и двата тома изменети од Енгелс по смртта на Маркс. Трите тома од делото Капитал (1867, 1885, 1894) заедно, го содржат зборот капитал повеќе од 2.600 пати. Во 1877 година делото со наслов “Подобри времиња” од Хју Габут и статијата од 1884 година во официјалниот весник “Pall Mall”, исто така го употребиле поимот капитализам. Подоцна употреба на терминот капитализам е спомената во описот на производствениот систем од страна на германскиот економист Вернер Зомбарт, во неговата книга “Евреите и модерниот капитализам” (Die Juden und das Wirtschaftsleben) од 1902 година. Блискиот пријател и колега на Зомбарт, Макс Вебер, исто така го употребил поимот капитализам во 1904 година во неговата книга “Протестанстката етика и духот на капитализмот” (Die protestantische Ethik und der Geist des Kapitalismus).
Главна статија: Историја на капитализамот
Економската размена на профит постоела уште од вториот милениум п.н.е. Но, капитализамот во својата модерна форма се појаува во времето на меркантализмот од 16-от до18-от век.
Главна статија: Меркантализам
Периодот помеѓу шеснаесеттиот и осумнаесеттиот век често се опишува како меркантализам. Оваа истражувачката доба, била поврзувана со географските истражувања на прекуокеанските трговци на добра, посебно од Англија и Ниските земји, европската солонизација на Северна и Јужна Америка, и брзиот пораст на прекуокеанската размена. Меркантализамот бил систем на размена на профит, иако производите сè уште масовно се произведувале со не-капиталистички методи.
Додека некои мислители гледаат на меркантализмот како на најраната фаза на капитализмот, други сметаат дека капитализмот се појавува многу подоцна. На пример, Карл Полањи, изјавил дека "меркантализмот, со неговата тенденцја кон комерцијализација,никогаш не ги напаѓа чуварите кои ги штитат основните елементи на производството – трудот и земјата – од тоа тие да постанат елементи на трговијата"; додека мерканталистичките ставовои за економската регулација биле поблизу до феудалистичките. " тие не се согласуваат само во методите на регулација."
Згора на тоа Полани кажува дека белегот на капитализмот е воспоставувањето на денерализирани пазари за како што тој ги нарекува "фиктивни производи": земја, труд, и пари. Според него, "се до 1834 не бил воспоставен конкурентен пазар на трудот во Англија,заради тоа може да се каже дека пред тој датум индустрискиот капитализам како социјален систем не постоел."
Постојат докази за трговија мотивирана од профит на големи растојанија уште од вториот милениум п.н.е, со старите Асирски трговци. Најраните форми на меркантализам датираат уште од Римското Царство и Стара Кина. Кога се ширела Римското Царство ,мерканталистичката економија се ширела по цела Европа. По капитулацијата на Римското Царство, најголем дел од европската економија е конторолирана од локалните феудални моќници,и меркантализмот овде колабира, но сепак продолжува да функционира во Арабија,каде продолжува трговијата со свила, и меркантализмот опстојува проследен со издугнување на династии и нивни пропаѓање во источна Азија. Заради близината на соседните земји ,арапите воспоставуваат трговски врски со Египет, Персија и Византија. Како што се ширел Исламот во 7-от век, меркантализмот се шири брзо во Шпанија, Португалија, Серверна Африка и Азија. Во Европа меркантализмот заживува во 14-от преку Португалија и Шпанија.
Помеѓу главните принципи на меркантализмот бил булионизмот, доктрина која јас истакнува важноста на акумулирање на ценети метали. Мерканталистите пропагирале дека државата треба да извезува повеќе добра отколку што увезува за странците да ја платат разликата во ценети метали. Мерканталистите пропагирале дека треба да се увезуваат само сурови метеријали кој не може да се пронајдат во матичната земја. И промовирале владини субвенции, како подарување на монополи и заштитнички тарифи, за кои сметале дека се неопходни за стимулација на домашното производство на производни добра.
Роберт Клив по битката во Пласеј “Battle of Plassey”. Битката го започнува правилото во компанијата во источна Индија. Европските трговци, поддржани од државните контроли, субвенционери и монополи,најмногу заработувале со купување и продавање на добра. Френсис Бејкон опишува дека улогата на меркантализмот е отворањето и балансирањето на трговијата, наградувањето на производителите, созбивањето на невработеноста, регулацијата на цените, справувањето со отпадот, облагородувањето на почвата итн...”
Слични форми на економски режими се појавуваат и во средновековните градови. Но за време на меркантализмот, истовремено се зајакнува и апсолутизмот, државата ги потиска локалните здруженија како регулатор на економијата. Во тоа време здруженијата обично функциноирале како картели кои монополистички го контролираат профитот остварен над месечните плати на пазарот...
Во периодот од 18-от век, комерцијалната етапа на капитализмот започнува со британско - источно индиската компанијата и германско – источно индиската компанија . Овие компании се одликувани со колонијална и експанзиона сила дадена од нивните матични држави. Во овие времиња ,трговците, кои тргувале во претходните етапи на меркатализмот, инвестирале капитал во компании во Источна Индија и други колонии,во потрага по повраток на инвестициите. Во своето дело "Историја на Економски анализи“- “History of Economic Analysis," Јозеф Шумпетер ги ограничува задачите на мерканталистите на три главни грижи: контрола на размената, извозен монополизам и баланс на трговијата.
Мотор на пареа на Џејмс Ват. Моторот на пареа кој користи јаглен како гориво ја придвижува индустриската револуција во Велика Британија Нова група на економски теоретичари предводени од Дејвид Хјум и Адам Смит, во средината на 18-от век,ја предизвикуваат основната мерканталистичка доктирина со верувањето дека количината на светското богатство останува иста и дека една држава може да го зголеми своето богатство само за сметка на намалувањето на друга држава. За време на Индустриската револуција, индустријалците го заменуваат трговецот како доминантен фактор во капиталистичкиот систем и влијаат на опаѓањето на традиционалните влијанија на занаетчиите, здруженијата и трговските патници.
Во овој период, вишокот создаден од комерцијализацијата на земјоделството , доведува до засилена механизација на агрикултирата. Индустрискиот капитализам го обележува развојот на фабричкиот систем за производство, карактеризиран со комплексна поделба на трудот помеѓу и во производниот процес, рутина од работни задачии конечно, вопоставување на капиталистички модел на производство.
Велика Британија исто така ја напушта заштитиничката политика, искористена од трговците. Во 19-от век Ричард Кобден и Џон Брајт чии верувања се засноваат врз школата од Манчестер, започнуваат движење за пониски тарифи. Во 1840-те, Британија присвојува помеки заштитници потикнукинувајќи ги законите за пченка и законите за навигација. Британија ги намалува тарифите и квотите за слободна трговија во согласност со советите на Адам Смит и Давид Рикардо.
Карл Поланји тврди дека капитализмот не се појаува сè до прогресивното вреднување на земјата, парите и трудот , кулуминирајќи со воспоставување на пазар на трудот во Британија во 1830-те. За Поланји, "проширувањето на пазарот во елементите на индустријата –земја , труд, и пари – е неизбежната последица во претставувањето на производниот систем во трговското општество. "Други извори тврдат дека меркантализмот паѓа по повлекувањето на навигационите одредби во 1849 година .
Главни наслови: Кејнезијанизам и неолиберализам
Во периодот на глобалната депресија во 1930-те, државата игра значителна важна улога во капиталистичкиот систем во целиот свет. По Втората светска војна, се развиваат голем број на аналитички инструменти во социјалните науки за да се објаснат економските трендови на периодот, вклучувајќи го концептот на постиндустриско општество и социјална држава. Во оваа ера големо влијание имаат економско стабилизационите политики на Кејнзијанизмот. Поствоениот период завршува во 1960-те и раните 1970-ти и ситуацијата се влошува со настапувањето на стагфлацијата.
Екстремно висока инфлација комбинирана со забавен развој , зголемена невработеност, и евентуална економска криза доведува до губење на кредибилитетот на кејнезијанскиот социјален модел на регулација. Под влијание на Фридрих Хајек и Милтон Фридман, западните држави присвјуваат политика инспирирана од лезеферистичкиот капитализам и класичниот либерализам.
Особено, монетаризамот, како теоретска алтернатива на Кејенизанизмот е покомпатибилен со лезеферот, тој добива поголема важност во капиталистичкот свет, особено под водство на Роналд Реган во Америка и Маргарет Тачер во Британија во 1980-те. Јавниот и политичкиот интерес се поместува од таканаречените колективистички грижи на Кејнс, менаџираниот капитализам кон поединечен избор наречен "репромовирање на капитализмот." [59] Во очите на многу економски и политички коментатори, колапсот на Советскиот Сојуз донесува понатамошни докази за супериорноста на пазарниот капитализам над планираната економија.
Главна статија: Глобализација
Иако меѓународната трговија повеќе од петстотини години се поврзува со развојот на капитализмот, некои мислители од последната четвртина на 20 век тврдат дека голем број на трендови поврзани со глобализацијата, реагирале за зголемување ма подвижноста на луѓето и капиталот, комбинирајќи до ограничување на просторот за маневрирање на државите во одбирањето на некапиталистички модели на развој. Денес, овие трендови го поттикнуваат ставот дека капитализмот треба да се гледа како целосно светски систем. Меѓутоа, други мислители тврдат дека глобализацијата, дури и во нејзиниот квантитативен степен, не е поголема сега во споредва со пораните периоди на капиталистичка трговија.
Главни статии: Класична економија и класичен либерализам
Класичното училиште за економска мисла се појавило во Велика Британија во доцниот 18 век. Класичните политички економисти Адам Смит, Дејвид Рикардо, Жан-Батист Сеј и Џон Стјуарт Мил, објавиле анализи на производството,пренос и размена на стоки,на пазар, кој оттогаш ја формирал основата за учењето на повеќето современи економисти.
Во Франција, Физиократите ('Physiocrats') како Франсоа Квенсеј промовирале слободна трговија, која се заснова на концепцијата дека богатството потекнува од земјата. Економската тебела на Квенсеј (1759 година), ја опишува економијата аналитички и ја поставила основата за Физиократската економска теорија, која била следена од Ан Роберт Жак Тургот,кој, бил против тарифите и царинските давачки и се залагал за слободна трговија. Ричард Кантилон ја дефинирал долгорочната рамнотежа,како баланс за протокот на приход и тврдел дека механизмот на понудата и побарувачката, влијајаат врз краткорочните цени.
Нападот на Смит врз меркантилизмот и неговото расудување за “систем на природна слобода” “Богатството на народите” (1776 година) обично се земаат како почетокот на класичната политичка економија. Смит осмислил сет на концепит кои остануваат силно поврзани со капитализмот денес. Неговите теории, вклучувајќи ја и “невидилива рака”, најчесто се толкувани со значење на поединечно, лично интересирање ненамерно производство на колективно добро за општеството. Беше неопходно за Смит да биде силен во неговиот аргумент, во прилог на слободните пазари ,поради тоа што тој мораше да ги надмине популарните меркантилистички чувства, во тој период.
Тој ги критикувал монополите, царините,даноците и други државни спроведени ограничувања,во неговото време и исто така сметал дека пазарот е најправичен и најефикасен арбитар на ресурси. Ова мислење го делеше и Дејвид Рикарди,втор најважен класичен политички економист и еден од највлијателните економисти на модерните времиња. Во делото “ Принципите на политичка економија и оданочување” (1817), тој го развил законот на компаративна предност, кој објаснува зошто е профитабилно двете страни да тргуваат, дури и доколку еден од трговските партнери е поефикасен во секој вид на економско производство. Овој принцип го поддржува економскиот начин на слободна трговија. Рикардо бил поддржувач на законот на Сеј и сметал дека целосната вработеност е нормалната рамнотежа за конкурентна економија. Тој исто така тврдел дека инфлацијата е блиско поврзана со промените во количината на пари и кредити и бил поборник за законот за намалување на заработувачката, кој вели дека секоја дополнителна единица за помало вложување профит резултира со помало дополнително производство.
Вредностите на класичната политичка економија се строго поврзани со класичната либерална доктрина на минимална владина интервенција во економија, иако тие не мора да се спротивставуваатна државната одредба за неколку јавни основни добра. Класичната либерална мисла, воглавно прави јасна поделба помеѓу економијата и други сфери на општествена активност, како што е државата. Додека економскиот либерализам ги фаворизира пазарите неограничени од владата, останува на ставот дека државата или легитимна улога во обезбедувањето на јавни добра. На пример, Адам Смит тврдел дека државата има улога во обезбедувањето на патишта, канали, училишта и мостови, кои не можат ефикасно да се имплементираат од страна приватните субјекти.
Меѓутоа, тој смета дека овие стоки треба да бидат платени пропорционално на нивната потрошувачка (на пример ставање на патарина). Покрај тоа,за слободната трговија, тој се залагаше за одмазднички царини,како и авторски права и патенти за поттикнување на иновациите.
Главна статија: Марксистичка економија
Карл Маркс сметал дека капитализмот е историски посебен начин на производство (начинот каде што продуктивниот имот е во сопственост и управуван, во комбинација со соодветните општествени односи помеѓу поединците, засновано на нивната врска во процесот на производство) во кој капитализмот станува доминантен начин на производство. Капиталистичката фаза на развој или “буржоаското општество”, за Маркс ја претставуваат најнапредната форма на општествена организација, до тоа време, но тој исто така, сметал дека работните класи ќе дојдат на власт во светски социјалистичка или комунистичка трансформација на општеството, крајот на серијата би бил, најпрво аристократ, потоа капиталист и на крај ќе завладее работничката класа.
По Адам Смит, Маркс ја издвоил употребната вредност на стоката, од нивната вредност на размена на пазарот. Капиталот, според Маркс се создава со купување на стоки, со цел да се создадат нови стоки со прометна вредност, повисока од сумата на оригиналното купување. За Маркс, самата употреба на работната сила, станува стока под капитализмот; прометната вредност на работната сила, како што се гледа во платата, е помала од вредноста што ја произведува капиталистот.
Оваа разлика во вредности, тврди тој, претставува вишок на вредност, која капиталистите ја извлечиле и акумулирале. Во неговата книга “Капитал”, Маркс трвди дека капиталистичкиот начин на производство се разликува во зависност од тоа како сопствениците на капиталот, го вадат овој вишок од работниците- сите претходни класни општества извлекувале вишок на работна сила, но капитализмот вовел нешто ново, преку вредноста на продажба на продадената стока. Тој смета дека основната потреба на капиталистичкото општество е тоа што голем дел од популацијата не смее да поседува извори за самоиздржување,кои ќе му дозволат да бидат независни, а наместо тоа мора да бидат принудени да прежиевеат, да го продаваат својот труд за минимална плата.
Во врска со неговиот критика на капитализмот бил ставот на Маркс дека еплоатираната работна сила би била водечката сила за револуцијата на економијата со општествен стил. За Маркс овој циклус на екстракција на вишокот на вредност од страна на сопствениците на капиталот или буржоазијата, станува основа на класната борба. Овој аргумент е поврзан со верзијата на Маркс за теоријата за вредноста на работната сила, која тврди дека работната сила е изворот на сите вредности, како и на профитот.
Владимир Ленин, во “Имеријализмот,највисоката етапа на капитализмот” (1916) ја изменил класичната марксистичка теорија и тврди дека капитализмот, неопходно предизвикува капиталистики монопол – кој тој исто така го нарекува “империјализам” – за да открие нови пазари и ресурси, кои го претставуваат последното и највисокото ниво на капитализмот. Некои марксистички економисти на 20 век, го сметаат капитализмот за општествено формирање, каде капиталистичката класа е доминантна, но не и единствена.
Според овие мислители, процесите на капиталистичката класа, се едноставно оние во кои вишокот на работна сила доаѓа во форма на вишок на вредност, употребливи како капитал; други тенденции за искористување на трудот сепак постојат истовремено во постоечки општества, каде капиталистичките процеси се повеќе од доминантни.Сепак, други подоцнежни марксистички мислители, твдат дека социјалното формирање како целина, може да биде класифицирано како капиталист, доколку капитализмот е начин со кој се извлекува вишокот, дури и ако овој вишок не е произведен од страна на капиталистичката активност, како кога апсолутното мнозинство на населението е ангажирано од некапиталистичка економска активност.
Во делото ”Граници на капитал” (1982 година), Дејвид Харви го исткакнува утврдениот “просторно немирен” капитализам, заедно со спацијалноста на создавање кризи и резолуција. Харви ја користел теоријата за кризи на Маркс, за да го поптпомогне својот аргумент дека капитализмот мора да има свои поправки, но ние не можеме да предодредиме кои поправки треба да се спроведат, ниту во која форма ќе бидат тие.Влијателна е неговата работа за собирање на акумулираниот капитал ,меѓународните движења на капиталистичките начини на производство и проток на пари. Според Харви, капитализмот создава услови за непостојан и географски нееднаков развој.
Во општествените науки, разбрирањето на дефинирачките карактеристсики на капитализмот, беше по строго влијание на германскиот социолог Маркс Вебер. Како дефинирачки одлики на капитализмот, Вебер ги смета пазарната размена, доброволната понуда на работна сила и планирана поделба на работната рака во рамките на претпријатијата. Капиталистичките претпријатија, за разлика од нивните колеги од претходните режими на економска активност, биле насочени кон рационализацијата на производството, зголемување до максимум на ефикасноста и продуктивноста- тенденција вградена во социолошкиот процес на опколување на рационализацијата, која ја формирале модерните правни, бирократии и во јавните и приватните сфери.
Според Вебер, работниците во пред-капиталистичките економии, ја разбирале работата во смисла на лична врска меѓу господарот и калфата во еснафот, или помеѓу господарот и селанецот во замокот. За да се појави овој развој на капитализмот, Вебер твдел дека било неоходен развојот на “капиталистички дух; тоа се идеи и навики кои се залагаат за рационално тежнеење кон економска добивка. Овие идеи со цел да пропагираат одреден начин на живот и да можат да домиринаат со другите, “мораа да потекнуваат некаде…како начин на живот,заеднички за целосните грпи на мажи”. Во неговата книга “Протестанстка етика и дхот на капитализмот” ( 1904-1905), Вебер се обидел да пронајде како одредена форма на верски дух, внесен во традиционалните начини на економска активност, беше услов за можен модерен, западен капитализам. За Вебер, “духот на капитализмот”, генерално беше, оној на протестантството; оваа идеологија беше во можност да го мотивира екстремното равионализирање на секојдневниот живот, склоноста да се акумулира капитал со религиозна етика до економско унапредување преку напорна и посветена работа и на тој начин,исто така тенденцијата да се реинвестира капиталот. Како што беше убеден Маркс, ова беше доволно за тогаш да се создата “самопосредувачки капитал”.
Ова е насликано во протестанското разбирање на професијата- чие значење во исто време ги опфати професијата,струката и повикувајќи – како што е примерот во Изреки 22:29, “Гледаш ли човек, вреден во својата професија? Тој треба да стои пред кралеви.” Во “Протестанската етика”, Вебер ги опишува развојите на оваа идеја на јаување на своите религиозни корени, преку разбирање на нечиј економски успех, како знак за спас , сè додека во модерниот економски ред постои концептот на правење пари, резултатот и изразувањето на трудољубивоста во нечија професија.
Конечно, како општествените норми на однесување за негов развој,не беа повеќе неопходни за негово одржување, современиот, западен капитализам, дојде да го претставува редот “сега врзани за техничките и економските услови на машинсно производство, кое денес ги утврдува животите на сите поедници, кои се родени во овој механизам, не само они кои се директно засегнати со економско стекнување, со неодолива сила. Можеби толку ќе ги утврди, сè додека не изгори последниот тон на фосилизиран јаглен.”( стр. 123). Ова дополнително се гледа во критиката на “специјалисти без дух , хедонисти без срце”, кои беа во развој, според него со избледувањето на оригиналниот пуритански “дух”, поврзани со капитализмот.
Главна статија: Институционална економија
Откако институционалната економија почна да се учи во главното економско училиште во САД, се смета деа капитализмот не може да се оддели од политичкиот и општествениот систем, во кој тој е вграден. Институционалата економија ги нагласува правните основи на капитализмот (погледнете Џон Р. Комонс) како и еволутивните, вообичаените и оптативните процеси со кои институциите се подигнати и потоа променети. Една клучна фигура во институционалната економија беше Торстен Веблен, кој во својата книга “Теоријата на слободната класа” (1899), ги анализирал мотивациите на богатите луѓе во капитализмот, кои забележливо ги употребувале нивните богатства, како начин на покажување успех. Овој концепт на видлива потрошувачка беше во директна противречност со неокласицистичиот став дека капитализмот беше ефикасен,
Во делото “Историјата на бизнис претрпијатието” (1904), Веблен ги препознава мотивациите на индустриското производство ,каде луѓето ги употребуваат работите од бизнис мотивациите кои употребуваат или злоупотребуваат индустриска инфраструктура за профит, тврдејќи дека првиот е често спречен поради бизнисите кои ги извршува вториот. Производството и технолошкиот напредок се ограничени со практиките на бизнисите и создавањето на монополи. Бизнисите си ги штитат своите капитални инвестиции и употребуваат прекумерен кредит, кои преку бизнис контролата на политичката моќ, доведуваат до економска криза и зголемување на воените трошоци и војна.
Главни статии: Историска школа за економија и австриска школа
Од гледната точка на германското историско училиште, капитализмот првенствено се дефинира во поглед на организацијата на производство за пазарите. Иако ова гледиште ги дели сличните теоретски корени со оние на Вебер во врска со нагласувањето на пазарите и позајмувањето н парите,овие две гледишта имаат различен фокус. За следбениците на германското историско училиште, клучната промена од традиционални начини на економска активност до капитализам, ја вклучува промената од средновековно ограничување на кредитот и парите, до современата монетарна економија, во комбинација со акценти на мотивот – профит.
Во доцниот 19 век, се одвојува германскто историско училиште за економија, со појавата на австриското училиште за економија, во овој период на чело со Карл Менгер.Подоцнежните генерации на следбеници на асвстриското училиште, продолжиле да бидат под влијание на западната економска мисла во почетокот на 20 век. Австрискиот економистот Јозеф Шумпетер, кој понекогаш е поврзан со училиштето, го нагласува “креативното уништување” на капитализмот- фактот дека пазарните економии подлежат на постојани промени.
Шумпетер тврдел дека во било кој момент, постојат индустрии во подем и опаѓачки индустрии.Шумпетер и многу други современи економисти, под влијание на неговата работа, твделе дека за пораст на економија ресурсите треба да течат од индустриите во опаѓање кон проширените индустрии, но тие признаваат дека понекогаш е бавно да се повлечат ресурсите од индустриите во опаѓање, поради разните форми за промена на институционалниот отпор.
Австриските еконмисти Лудвиг фон Мизес и Фридрих Хајек, биле меѓу водечките бранители на пазарната економија, против поборниците за социјалистички планирани економии на 20 век.Мизес и Хајек сметале дека само пазарниот капитализам може да ја управува сложената, современа економија.
Бидејќи современата економија произведува голем спектар на различни стоки и услуги и се состои од толку голем спектар на потрошувачи и прептријатија,податочните проблеми со кои се соочува секоја друга форма на економска организација, освен пазарниот капитализам, ќе го надмине својот капацитет за да се справи со податоците,тврдат Мизес и Хајек. Мислителите во рамките на делото “Понудата како една страна на економијата”, создадено по делото на австрската школа, особено го нагласува законот: “понудата ја создава својата побарувачка”. Во оваа школа капитализмот се дефинира како недостаток на државна воздржаност врз одлуките на производителите.
Австриските економисти како што се Мареј Ротбард, тврделе дека Маркс не успеал да направи разлика помеѓу капитализамот и меркантилизмот. Тие сметале дека Маркс го спојувал имеријалистичкиот,колонијалистичкиот протекционизам и интервенционистичката доктрина на меркантилизмот со капитализмот. Австриската економија има големо влијание врз некои форми на слободоумноста, каде капитализмот лезефер се смета за идеален економски систем.
Маркс отворено го препознава државниот интервенционизам и причините за неговата појава – заради спас на капитализмот од самиот него, односно од противречноста која се појавува внатре меѓу физичкото ширење на производството и оплодувањето на вредноста. За Маркс мешањето на државата во економијата
„е укинување на капиталистичкиот начин на производство во рамките на самиот капиталистички начин на производство, а оттука е противречноста која сама себеси се укинува, која пред сè се претставува само како преодна точка во една нова форма на производство. Тогаш како таква противречност таа се претставува и во појавата. Во извесни сфери тоа води кон воспоставување монопол и предизвикува поради тоа и мешање на државата. Оваа противречност препроизведува една нова финансиска аристокрација, една нова сорта паразити во ликот на проектанти, основачи и само номинални директори; еден цел систем од никаквилаци и измами во поглед на основање, издавањето акции и трговија со акции. Тоа е приватно производство без контрола на приватната сопственост.“
Маркс ги препознал и вулгарните економисти во неговите Теории на вишокот на вредност и Критиката на Готската програма, а кои денес се претставуваат како либертаријанци, затоа што дистрибуцијата ја разгледуваат независно од начинот на производство:
„Вулгарниот социјализам има наследено од буржоаските економисти дистрибуцијата да ја разгледува како независна од начинот на производство и поради тоа социјализмот да го претставува како тој главно да се врти околу дистрибуцијата. Откако вистинскиот однос е одамна разјаснет, зошто враќање назад?“
Каталактиката или „науката на купување и продавање“ е посебно критикувана во Третиот дел од Теориите на вишокот на вредноста, во прилогот Доходот и неговите извори и Вулгарна економија, стр. 349-414, a стопанствениците и радикални класични либералисти Џејмс Вилсон (1805 – 1860) и Ричард Кобден (1804 – 1865) се критикувани во познатите статии на Маркс и Енгелс за слободната трговија (За прашањето на слободната трговија (1847), Заштитни тарифи или слободно трговски систем (1847), Протекционисти, слободнотрговисти и работничката класа (1847), Слободнотрговскиот конгрес во Брисел (1847), За прашањето на слободната трговија (1848), Слободната трговија и чартистите (1852) и др.) и воопшто слободната трговија во 1 глава, оддел први Стока и пари, 4. Целина на простиот облик на вредноста, во 8 глава, оддел трети Производство на апсолутниот вишок на вредност (МЕД, том 21, стр. 253) и 13 глава, оддел четири Производство на релативниот вишок на вредност (МЕД, том 21, стр. 425). А основачот на класичната економија и застапник на laissez-faire Џејмс Мил (1773-1836) е критикуван од Маркс во неговите Коментари на Éléments d’économie politique (1844). И на крајот тука е Кел Кели, исто така либертаријанец, кој тврди дека
„всушност не постои капиталистичка земја во светот. Ниту една. Оние што постојат се само повеќе или помалку капиталистички. Секоја земја има одреден степен на владина интервенција во стопанството. Секоја земја, до одреден степен, печати пари, конфискува приходи, ја регулира индустријата, финансиски ги помага претпријатијата, спречува конкуренција или наметнува контроли врз цените, тарифи или квоти. Повеќето држави, вклучувајќи ги САД, ги прават сите овие работи до одреден степен.“
Според тоа, аргументот на Мареј Ротбард дека Маркс не успеал да направи разлика помеѓу капитализмот и меркантилизмот не е валиден. Како што вели неговиот колега Кели, „оние што постојат се само повеќе или помалку капиталистички.“ Да биде иронијата уште поголема, Маркс во својот говор За слободната трговија даден пред Демократското здружение во Брисел, 9 јануари 1848, откако ги изложил сите свои критички забелешки за експлоатацијата на работниците од индустриските капиталисти, се изјаснил дека целосно ја поддржува слободната трговија, сметајќи ја како најдобриот систем што „ја забрзува општествената револуција“.
Главна статија: Кејнезијанска економија
Во негово дело “Основата теорија на вработеноста, каматата и парите”1937 година, британскиот економист Џон Мејнард Кејнз тврдел дека капитализмот го претрпел основниот проблем, во својата способност да закрепнува во периоди на намалување на инвестициите. Кејнз тврдел дека капиталистичка економија може да остане во неопределена рамнотежа, и покрај високата невработеност.
Во суштина, одбивајќи го законот на Сеј, тој сметал дека некои луѓе можат да имаат предност на ликвидност,според која тие радо би ги задржале парите, отколку да купат нови средства и услуги, кои како резултат на тоа се зголемува можноста големата рецесија да не заврши без она што тој во неговата” Генерална теорија” го нарекува “сеопфатна социјализација на инвестициите”.
Кејнезијанската економија го предизвикува тврдењето дека лезеферната капиталистичка економија би можела самата да работи добро,без државна интервенција,која се користи за промовирање на вкупната побарувачка, борбата против високата невработеност и дефлацијата од типот на онаа во 1930-тите. Тој и неговите следбеници, преопорачуваат “државно инвестирање”во економија, за да се избегне рецесијата: намалување на даноците, зголемување на владиното задолжување и трошење за време на економското опаѓање. Ова требаше да биде придружено со обидот да се контролираат платите,делумно национално преку употребата на инфлацијата да се намалат реалните платите и да ги разубедат луѓето да не ги задржуваат парите.
Џон Мејнард Кејнез се обидел да пронајде решенија за неколкуте проблеми на Маркс без целосно да го напушти класичното разбирање на капитализмот. Неговото дело се обиде да покаже дека прописите можат да бидат ефективн и дека економските стабилизатори, можат да ги контролираат агресивните проширувања и рецесии,кои Маркс не ги сакал.
Овие промени се обиделе да создадат поголема стабилност во деловниот циклус и да ја намалат злоупотребата на работниците. Кејнезијанските економисти се залагале дека Кејнезијанските политики биле едни од основите причини, капитализмот да закрепне од големата рецесија. Меѓутоа,хипотезите за работата на Кејнез, беа оспорувани од неокласичната економија,како и економијата од страна на понудата и австриската школа. Друго оспорување на Кејнезијанското размислување, имаше од страна на неговиот колега Пјеро Срафа и последнователно од Нео-Рикардианското училиште кое го следело Срафа. Во високите технички анализи на Срафа, капитализмот се дефинира како целосен систем на општествени односи помеѓу производителите и потрошувачите, но со основен акцент на побарувањата на производството. Според Рафа, тенденцијата на капиталот да ја бара својата највисока стапка на профит, предизвикува динамична нестабилност во општествено-економските односи. Неокласичната економија и училиштето во Чикаго.
Главна статија: Неокласична економија
Денес, поголемиот дел на академско истражување на капитализмот во англиското говорно подрачје се заснова на неокласичната економска мисла. Тоа ја фаворизира координацијата на широкиот пазар и релативно неутралните модели на владини пазарни регулирања, со цел одржување на правата за сопственост; либерализација на пазарите на трудот; корпоративно управувње,со доминација на финансиските сопственици на фирми; и финансиски системи кои главно зависат од финансирањето на капиталните пазари,а не од државното финансирање.
Милтон Фридман преземал многу основни принципи утврдени од Адам Смит и класичните економсти и им даде нов пресврт. Еден пример за ова е неговата статија во магазинот “The New York Times” во септември 1970 година,каде тој тврди дека општествената одговорност на бизнисите е да ‘ги употребуваат своите ресурсите и да ги ангажираат во активности, со цел да се зголеми нивниот профит...( преку) отворена и слободна конкуренција, без трикови и измами”. Ова е слично со аргументот на Смит, дека целото општество ги добива придобивките од личниот интерес. Ваквата работа, помогнала да се постават темелите за маркетизација или приватизација на државните претпријатија и економијата на понудата на Роналд Реган и Маргарет Тачер.
Училиштето за економија во Чикаго, е најпознато по неговата поддршка на слободниот пазар и монерарните идеи. Според Фридман и другите монетаристи, пазарните економии доколку се оставени сами на себе,се стабилни по природа и рецесијата може да се случи само поради интервенција на владата.
На пример, Фридман тврдел дека Големата рецесија била резултат на контракцијата на понудата на пари, контролирана од страна на банката на Федерални резерви, а не од недостатокот на инвестиции како што тврдел Џон Мејнард Кејнз. Бен Бернанк, актуелен претседавач на Федералните Резерви, е меѓу првите економисти денес, кој генерално ги прифаќа анализте на Фридман за причините за Големата рецесија. Неокласичните економисти денес, односно мнозинството од економисти, ја сметаат вредноста за субјективна, варирајќи од лице до лице и за исто лице во различни времиња, и на тој начин се одбива трудовата теорија на вредноста. Маргинализмот е теоријата каде економската вредност резултира од маргиналната корист и маргиналниот трошок (маргиналните концепти). Овие економисти ги гледаат капиталистите како заработување на профит со одрекување од потрошувачката, со преземање на ризици и со организирање на производството.
Неокласична економска теорија
Неокласичната економија објаснува дека капитализмот е составен од поединци, претпријатија, пазари и влада. Според нивните теории, индивидуалците се вклучуваат во капиталистичката економија како потрошувачи, работна сила и инвеститори.Како работна сила, поединците можат да одлучат за кои работни места да се подготват и на кои пазари да бараат работа. Како инвеститори тие одлучуваат колку од нивниот приход да го заштедат и како да ја инвестираат својата заштеда. Нивните заштеди, кои стануваат инвестиции, обезбедуваат голем дел од парите кои се потребни за бизнисите да се развиваат.
Деловните фирми одлучуваат што да произведуваат и каде ова производство треба да се случи. Тие исто така вложуваат во ( материјали, работна сила и капитал). Бизнисите се обидуваат да влијаат врз одлуките на купувањето на потрошувачите,преку маркетинг и реклама, како и со создавање на нови и подобрени производи. Водењето на капиталистичката економија е потрагата за профит (приходите минус трошоците). Ова е познато како мотивот за профит и тоа помага да се осгигураат компаниите дека компаниите произведуваат стоки и услуги коишто ги потрошувачите ги сакаат и можат да си ги дозволат. За да бидат профитабилни , фирмите мораат да го продаваат количеството на нивниот производ по одредена цена за носи приход. Бизнисот може да изгуби пари доколку продажбата падне премногу ниско, или доколку неговите трошоци станат премногу високи. Мотивот за профит ги потикнува фирмите да работа поефикасно. Со користење на помалку материјали, работна сила или капитал, една фирма може да ги намали своите трошоци за производство, кои може да доведат до зголемување на профитот. Економијата се зголемува кога целосната вредност на произведените стоки и услуги расте.
Овој раст бара инвестиции во инфраструктура, капитал и други ресурси кои се неопходни во производството. Во капиталистичкиот систем, бизнисте одлучуваат кога и колку тие сакаат да инвестираат.Приходот во капиталистичката економија примарно зависи од тоа кои вештини се бараат и кои вештини веќе ги има. Вештините кои се дефицитарни вредат повеќе на пазарот и можат да привлечат повисоки приходи. Натпреварот помеѓу работниците за работа – и помеѓу работодавците за стручни работници- помага да се одредат стапките плата. Фирмите мораат да платат плати кои се доволно високи за да привлечат соодветни работници;кога професиите се дефицитарни, работниците може да прифатат пониски плати, од тоа што би прифатиле, доколку професиите ги има во изобилство. Синдикатите и владите во капиталистичките системи ,влијаат врз платите. Синдикатите дејствуваат за да ги претставуваат своите членови во преговарањата со работодавците за работи како што се плати и прифатливите услови за работа.
Цената на производот (П) се одредува со рамнотежа помеѓу производството на секоја цена ( понуда, П) и желбите на оние со куповна моќ за секоја цена ( побарувачка). Ова резултира со пазарна рамнотежа, со одредена продадена количина на производот. Зголемувањето на побарувачката ќе резултира со зголемување на цената и зголемување на производството. Понудата е количината на стоки или услуги произведени од страна на фирмата и кои се достапни за продажба. Побарувачката е количината кој луѓето саакат да ја купат за одредена цена. Цените се покачуваат кога побарувачката ја надминува понудата и паѓаат кога понудата ја надминува побарувачката.
Во теорија,кога е достигната нова рамнотежна цена и количина пазарот е способен самиот да се координира. Конкуренцијата се јавува кога повеќе од еден производител се обидува да продаде исти или слични производи на исти купувачи. Во капиталистичката теорија, конкуренцијата води кон иновација и по пристапни цени. Без конкуренција, може да се развие монопол или картел. Монопол настанува кога едно претпријатие го снабдува целото производство на пазарот; затоа претпријатието поради тоа што нема страв од конкуренција,може да го ограничи производството и да ги покачи цените. Картел е група на претпријатија кои дејствуваат заедно на монополистички начин, за да го контролираат производството и да ги покачат цените.
Дополнителни информации: Регулатор на конкуренција, Заштита на потрошувачите и Законот за конкуренција
Во капиталистичкиот систем, владата не ја забранува приватната сопственост, ниту ги спречува поедниците да работат каде што тие сакаат. Владата не ги попречува фирмите во одредувањето на платите кои тие ќе ги исплатат цените кои тие ќе ги наплатат за нивните производи. Меѓутоа многу држави имаат минимални закони за плати и минимални безбедносни норми.
Според некои верзии на капитализмот, владата спроведува голем број на економски функции, како што се издавање пари, надгледување на јавните услуги и наметнување на приватни договори. Многу држави имаат закони за конкуренција кои забрануваат формирање на монополи и картели. И покрај законите против монополот, големите корпорации во некои индрустрии,можат да формираат делумни монополи. Таквите претпријатија можат привремено да ги намалат цените и да ги прифатат загубите, за да ја спречат конкуренцијата да влезе на пазарот, а потоа повторно да ги покачи кога заканата за влез е намалена.
Во многу држави, јавните услуги (на пр.електричната енергија, горивото за греење, комуникацијата) поради високата економија на обем можат да функционираат како монопол под владина регулација. Владините агенции ги регулираат стандардите на услуги во многу индустрии, како што се авиокомпаниите и емитувањето, како и финансирањето на широк спектар на програми. Покрај тоа владата го контролира и протокот на капитал и употребува финансиски инструменти, како што е камата, за да ги контролира факторите како што се инфлација и невработеност.
Главна статија: Историја на капиталистичката теорија
Врската помеѓу државата, нејзините формални механисми и капиталистичките општества се предмет на дебата на многу полиња на социјалната и политичка теорија, со активни дискусии од 19 век. Ернандо де Сото е современ економист кој сметал дека важна одлика на капитализмот е функционирањето на правата на државна заштита на имотната сопственоста во формален систем на сопственост, каде што сопственоста и трансакциите се јасно евидентирани.
Според Сото, ова е процесот со кој физичките средства се трансформираат во капирал, кои за возврат, во пазарната економија можат да се користат поефикасно и на многу повеќе начини.
Голем број на марксистички економисти сметале дека законите за заградување во Англија, и слично законодавство на други места, биле неопходен дел на капиталистичката примитивна акумулација и дека одредени правни рамки на приватна сопственост на земјиште, се неопходни за развојот на капитализмот.
Новата институционална економија, за првпат воведена од Даглас Норт, ја нагласува потребата за правна основа, со цел капитализмот да функционира оптимално и се фокусира на врската помеѓу историскиот развој на капитализмо и создавањето и одржувањето на политички и економски институции. Во новата институционална економија и други полиња, кои се фокусираат на јавната политика, економистите бараат да се суди кога и дали е владината интервенција ( како што се даноци, социјална помош и владина регулатива) може да резултира со можни придобивки во ефикасноста. Според Грегори Манкив, нов кејнезијански економист,владината интервенција може да ги подобри резултатите на пазарот, во услови на “пропаѓање на пазарот”, или во ситуации во кој пазарот самиот не ги распределува средствата ефикасно.
Пропаѓање на пазарот се случува кога е присутна маргиналноста и пазарот или ќе има недоволно производство на еден производ со позитивно маргинализирање, или ќе има хиперпродукција на еден производ, кој ќе создаде негативно маргинализирање. Загадувањето на воздухот, на пример е негативно изразување, кое не може да биде приклучено во пазарите, бидејќи воздухот во светот не е сопственост и потоа продаден за употреба на загадувачите. Па премногу загадување може да испушти и луѓето кои не се вклучени во производството ја плаќаат цената за загадувањето, наместо претпријатието кое првично го предизвикува загадувањето на воздухот. Критичарите на теоријата за неуспехот на пазаро, како што се Роналд Коаз, Харолд Демзец и Џејмс М. Буханан, тврделе дека на владините програми и политики исто така им недостасува целосно совршенство. Неуспесите на пазарите се често мали,додека владините неуспеси понекогаш се огромни. Затоа е случајот дека несовршените пазари се често подобри од совршените владини алтернативи.Иако сите држави во моментво имаат некој вид на пазарни прописи, посакуваниот степен на регулирање е спорен.
Врската помеѓу демократијата и капитализмот е спорно подрачје, во теоријата и популарните политички движења. Продолжувањето на правото на глас на универзалниот возрасен маж во 19 век во Британија, се случи заедно со развојот на индустрискиот капитализам и демократијата стана широко распространета во исто време како и капитализмот, што доведе до тоа многу теоретичари да воспостават причинска врска помеѓу нив, или дека си влијаат еден на друг. Меѓутоа во 20 век, според некои автори, капитализмот исто така придружувач и различни политички формации, сосема различни од либералните демократии, вклучувајќи фашистички режими, апсолутни монархи и држави со еднопартиски ситем.
Додека некои мислители тврделе дека капиталистичкиот развој повеќе или помалку, неизбежно води до појава на демократија, други го негирале ова тврдење. Истражувањето на теоријата за демократски мир, покажува дека капиталистичките демократии ретко водат војна меѓусебно и имаат низок степен на внатрешно насилство. Меѓутоа критичарите на теоријата за демократски мир, забележуваат дека демократските капиталистички држави може да се борат со други капиталистички држави, ретко или никогаш, поради политичката сличност или стабилноста, а не затоа што тие се демократски или капиталистички.
Некои коментатори тврдат дека економскиот раст во капитализмот, довел до демократизација во минатото, не може да го направи истото и во иднина затоа што авторитарните режими, се способни да го управуваат економскиот раст без да се прават отстапки за поголема политичка слобода. Државите кои имаат високи капиталистички,економски системи, се развиле под авторитарни или обесправувачки политички системи. Сингапур, кој одржува висока, отворена, пазарна економија и привлекува многу странски инвестиции, не ги штити граѓанските слободи, како што се слободата на говорот и изразувањето.
Приватниот (капиталистички) сектор во Народна Република Кина, прогресивно порасна и се разви од своето основање, и покрај тоа што имаше проблеми со авторитарната власт. Владеењето на Августо Пиноче во Чиле, доведе до економски раст со употреба на авторитарни средства, за да се создаде средина која е безбедна за инвестиции и капитализам.
Како одговор на критиките на системот, некои поборници за капитализмот, тврделе дека неговите предности се поддржани од емириско истражување. Индекси на екомомската слобода покажуваат корелација помеѓу државите со поголема економска слобода ( како што е дефинирана од страна на индексите) и повисоки резултати на променливите вредности, како што се приходот и животниот век, вклучувајќи ги сиромашните во овие држави.
БДП во светот по глава на жител покажува прогресивен раст од почетокот на Индустриската револуција.
Многу теоретичари и творци на политиката во претежно капиталистичките земји, ја нагласуваат капиталистичката можност за промовирање на економски раст, што се мери со бруто-домашниот производ (БДП), капацитет на користење или начин на живеење. Овој аргумент беше централен, на пример за застапувањето на Адам Смит за најмување на слободено пазарно контролирање на производството и цените, како и распределбата на средствата. Многу теоретичари, забележал дека ова зголемување на глобалниот БДП, со текот на времето се совпаѓа со појавата на современиот, светски, капиталистички систем. Во годините 1000 – 1820 светската економија порасна шесткратно, 50% по лице. Откако капитализмот почна да се шири пошироко, во годините 1820 – 1998, светската економија порасна педесет пати, односно 9 - пати по лице. Во повеќето капиталистички економски региони како што се Европа, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, економијата порасна 19-пати по лице, иако овие земји веќе имаа високо почетно ниво, а во Јапонија, која беше сиромашна во 1820 година порасна до 31-пат, додека во остатокот од светот растот беше само 5-пати по лице.
Поборниците тврдат дека зголемувањето на БДП (по жител) е емпириски покажано, за да донесе подобрени услови за живот, како што се подобра достапност на храна, сместување, облека и здравствена грижа. Намалувањето на бројот на работни часови неделно и намалувањето на учеството на деца и постари лица во работата, се препишуваат на капитализмот.
Поборниците исто така веруваат дека капиталистичката економија нуди далеку поголеми можности за поедниците да го зголемат својот приход, преку нови професии или бизнис потфати, од било кои други економски форми. Според нивното размислување, овој потенцијал е многу поголе, отколку во традиционалите феудални или племенски општества, или пак во социјалистичките општества.
Политичка слобода
Во неговата книга” Патот до чифлигарство”, Фридрих Хајек смета дека економската слобода на капитализмот е неопходна за полтичка слобода. Аргументот што тој го наведува напред е дека пазарниот механизам е единствениот начин за донесување на одлука што да се произведе и начинот на распределба на предметите, без користење на принуда. Милтон Фридман понатаму ја повторува изјавата која постојано одекнуваше од другите,како што се Ендру Бренан и Роналд Реган. Фридман изјавил дека централизираните операции на економска активност, секогаш се придружени со политичка репресија. Според неговото гледиште, трансакциите во пазарната економија се доброволни и широката разновидност која дозволува волонтерска актвиност е основна закана за репресивните политички водачи и во голема мера ја намлува моќта за штета. Гледиштето на Фридман, исто така го делел Џон Мејнард Кејнз, кој верувал дека капитализмот е од витално значење за слободата да се преживее и напредува.
Економистите од австриската школа, се согласиле дека капитализмот самиот може да се организира во сложен систем, без надворешно управување или механизам на централни планирање. Фридрих Хајек феноменот на самоорганизирање го сметал како поддршка на капитализмот. Цените служат како сигнал за итни и неисполнети желби на луѓето и можноста да се заработи профит, во зависност од успехот, или да се ублажат загубите , ако средствата се употребуваат лошо, или се останати неискористени, им даваат претприемачки поттик, за да го користат своето знаење и ресурси, за да ги задоволат тие потреби. Така се координирани активностите на милиони луѓе, секој барајќи го својот интерес.
Критиките на капитализмот го поврзуваат со општествената нееднаквотст и неправедната распределба на богатство и моќ; тенденција кој пазарот монопол, или олигопол (и влада на олигарси); империјализам, контра-револуционерни војни и различни форми на економска и културна експлоатација; материјализам, репресија на работници и синдикалци; социјални оттуѓувања; економска нееднаквост; невработеност; и економска нестабилност. Правата за имотите на поединците, исто така беше поврзан со трагедијата против обичните луѓе.
Значајни критичари на капитализмот ги вклучиле: социјалистите, анархистите, комунистите, државните социјалисти, општествените демократи, технократи, некои видови на конзервативци, лудити,народници, сникерси и некои видови на националисти.
Марксистите ја застапуваа идејата дека, револуционереното отфрлање на капитализмот пред конечно да се трансформира во комунизам, ќе доведе до социјализам. Неколку социјалисти го сметаат капитализмот за ирационален, во кој производството и насоките на економијата се непланирани, создавајќи многу недоследности и внатрешни противречности. Историчарите на работната сила и стручњакот Имануел Валерштајн, тврделе дека неслободната работна сила- како робови, слуги, затвореници и други лица принудени на работа – е компатибилна со капиталистичките односи.
Многу капиталистички гледишта беа нападнати од анти-глобалистичкото движење, кое првенствено се спротивставувало на корпоративниот капитализам. Еколозите тврдат дека капитализмот има потреба од континуиран економски раст и дека е неизбежно тоа тој да ги осиромаши ограничените, природни ресурси на Земјата. Многу религии ги критикувале или се спротивставувале на одредените елементи на капитализмот. Традиционалните форми на јудаизам, христијанство и ислам го забрануваат позајмувањето на пари со камата, иако се имаат развиено други алтернативни методи на банкарство. Некои христијани го критикувале капитализмот за неговите материјални аспекти и неговата неспособност да води сметка за благосостојбата на луѓето. Многу од алегориите на Исус се однесуваат на економските работи: земјоделството, овчарство, задолжувањето, работењето тешка работа, да се биде исклучен од банкетите и од куќите на богатите луѓе и да имаат импликации за богатство и дистрибуција на електричната енергија.
Исто како и марксистите, германскиот социолог и психолог Ерих Фром ја критикува претераната концентрација и централизација на капиталот во современиот капитализам. Како последица на тоа што сопственоста е одделена од раководењето, менаџерската бирократија повеќе се грижи да ја прошири моќта на претпријатието, наместо да го зголеми профитот. Паралелно со тоа, бирократијата завладеала и во работничките синдикати. Како последица на тоа, луѓето ја губат независноста и стануваат зависни од менаџерите на големите економски империи. Втората важна одлика на капитализмот, како последица на концентрацијата на капиталот, е специфичниот начин на организацијата на работата во која поединецот ја губи поединечноста и станува само запченик во машината. Оттука според Фром, во современиот капитализам се случува дезинтеграција на љубовта, те.е бројните облици на љубовта (мајчинската љубов, братската љубов, еротската љубов) се релативно ретка појава и дека се заменети со разни облици на псевдољубов.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.