Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Људевит Гај (хрватски: Ljudevit Gaj; 8 август 1809 - 20 април 1872 ) — хрватски лингвист,[1] политичар, новинар и писател. Бил една од главните личности на хрватската национална преродба позната како „Илирско движење“.
Људевит Гај | |
---|---|
Роден(а) | Лудвиг Гај 8 август 1809 Крапина, Кралство Хрватска, Австриско Царство |
Починал(а) | 20 април 1872 62) Загреб, Кралство Хрватска и Славонија, Австроунгарија | (возр.
Почивалиште | Мирогој, Загреб, Хрватска |
Занимање | Лингвист, политичар, новинар, писател |
Познат(а) по | Гајица |
Движење | Илирско движење |
Сопружник | Паулина Кризманиќ (в. 1842) |
Деца | 5 |
Људевит Гај е роден во Крапина во тогашна Австроунгарија. Неговото родено име било Лудвиг Гај или на германски Ludwig Gay[1] и ова име го користел само во неговото радо детство.[2] Неговото семејство било со германско-словачко потекло и живеело во Хрватска со генерации[3]
Гај започнал да овјавува дела уште на рана младост, кога во 1826 година објавил книшка на германски јазик со име „Замоците во Крапина“ или на германски Die Schlösser bei Krapina.[4][5]
Во Буда во 1830 година била објавена латиницата на Гај[6] во книшка именувана како „Кратка основа на хрватско-словенскиот правопис“. Оваа книга била објавена на два јазика, на хрватски и германски јазик. Со оваа книшка се основала стандардната хрватска азбука, но и латинската верзија на српската, босанската, црногорската, словенечката и српскохрватската азбука.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.