From Wikipedia, the free encyclopedia
Себастијан Фетел (германски: Sebastian Vettel; 3 јули 1987, Хепенхајм) е германски возач, четирикратен и светски првак во Формула 1 , кој моментално се натпреварува за Scuderia Ferrari.
Фетел за време на Големата награда на Бахреин во 2012 година | |
Земја: Германија | |
Кариера во Формула 1 | |
---|---|
Трки | 151 (151 стартови) |
Освоени првенства | 4 (2010, 2011, 2012, 2013) |
Победи | 41 |
Подиуми | 74 |
Вкупно освоено поени | 1,796 |
Пол позиции | 45 |
Најбрз круг | 24 |
Прва трка | Голема награда на САД 2007 |
Прва победа | Голема награда на Италија 2008 |
Последна победа | Голема награда на Бразил 2013 |
Последна трка | Голема награда на Абу Даби 2014 |
Пласман во 2014 | 5. (167 бода) |
Фетел е роден на 3 јули 1987 година во Хепенхајм, Германија. Во 2007 година ја започнал својата кариера во Формула 1 како тест возач на БМВ Заубер. Свое деби имал на трката за Големата награда на САД, кога настапил на местото на Роберт Кубица, кој пак бил повреден.
Во следната сезона, Фетел бил ангажиран како постојан возач за тимот на Скудерија Торо Росо. Својата прва пол позиција ја постигнал во 2008 година како најмлад возач во историјата на Формула 1[1], за Големата награда на Италија во Монца, а по ова ја забележил и првата победа, воедно и прва за својот тим Торо Росо.
Во 2009 година, Фетел својата кариера ја продолжил во тимот на Ред Бул Рејсинг, а сезоната ја завршил на второто место во вкупниот поредок. Веќе следната 2010, тој станал станал најмладиот светски првак со 23 години и 134 дена.[2] Титулата успеал успешно да ја одбрани во следните три натпреварувачки сезони (2011, 2012 и 2013), притоа своевремено соборувајќи го рекордот на најмлад двократен, трикратен и четирикратен светски првак.
Во ноември 2014 година, тимот на „Ферари“ соопштил дека потпишал договор со Фетел, со важност до 2017 година.[3]
Во својата прва сезона со Ферари, Фетел победил на три трки и бил најголем конкурент на возачите на Мерцедес.[4]„2015 • STATS F1“. www.statsf1.com. Посетено на 8 February 2019.</ref> Следната година, тој завршил на четврто место во 2016 сезоната во уште една сезона без победа.[5] Фетел и Ферари повторно се вратиле во форма во 2017 и 2018 година, победувајќи повеќе трки и искачувајќи се на врвот на распоредот неколкупати во тесна борба во Светското првенство со Луис Хамилтон.[4]„2017 • STATS F1“. www.statsf1.com. Посетено на 8 February 2019.</ref> Сепак, двете овие сезони неговата надеж за триумф завршила во Мексико со освојување на второто место.[4][6] Фетел имал потешка сезона во 2019 година, завршувајќи со контроверзната временска казна која го чинела победа во Канада[7], иако тој успеал да победи во Сингапур.
фетел е роден во Хепенхајм, во поранешна Западна Германија,[8] Фетел во интервју изјавил дека бил лош уеник, но ја завршил матурата ("Abitur") во Штаркенбург-Гимназијата во Хепенхајм [9] со значаен успех.[10] Тој рекол дека негови херои од детството биле "Трите Михаели" – Михаел Шумахер, Мајкл Џордан, и Мајкл Џексон и споменал дека сакал да биде пејач како Мајкл Џексон, но заклучил дека не може бидејќи нема добар глас.[11] Фетел исто така е обожавател на Битлси, со собрани неколку плочи, вклучувајќи Abbey Road и негова омилена песна била "Drive My Car". Во интервју на Top Gear, Фетел подвлекол дека бил обожавател на Британските комедии како што се Мала Британија и Монти Пајтон - животот на Брајан. Фетел живее во Турговија, Швајцарија меѓу другите автомобилски возачи и е обожавател на Германскиот фудбалски клуб Ајнтрахт франкфурт.[12] Фетел се опишал себеси како натпреварувачки настроен, самостоен, и нетрпелив. Фетел исто така се појавил во реклами за Head & Shoulders. Фетел го позајмил гласот на ликот Себастијан Шнел во верзијата на филмот Автомобили 2 во синхронизацијата за германската публика.
Фетел вил во врска со, и денес е во брак со, Хана Пратер, пријателка од деството.[13][14] Во јануари 2014 година, Фетел станал татко за првпат со раѓањето на својата ќерка, Емили.[15][16] Во септември 2015 година, Фетел станал татко по вторпат со ражањето на неговата втора ќерка, Матилда. Во 2015 година, Форбс проценил дека годишната заработувачка на Фетел била $44 милиони.[17] На патеката од Формула Еден, Кими Раиконенn, неговиот колега од Ферари во сезоните од 2015 до 2018 година, е негов близок пријател.[18][19][20][21] Помладиот брат на Себастијан, Фабијан исто така е автомобилски возач. Тој се натпреварувал во 2017 година во Ауди Спорт TT Куп, и завршпил како деветти, и во моментот се натпреварува во ADAC GT Мастерс серијата како возач на Мерцедес.[22][23] In 2019, he was ranked 86th in Forbes' World's Highest-Paid Celebrities list.[24] Покрај мајчиниот германски и вообичаениот Формула Еден јазик англиски, Фетел исто така зборува малку италијански бидејќи неколку години возел за Торо Росо и Ферари.[25]
Фетел почнал аматерски да вози картинг на мала возраст од околу 3 и пол години и почнал да се натпреварува во картинг серијата во 1995 година, на возраст од осум години. Бидејќи рано покажал дека има талент, бил примен во Ред Бул Јуниор Екипата на возраст од 11 години во 1998 година,[26] и продолжил да освојува различни титули, како на пример Јуниор Монако Картинг Куп во 2001 година. Во 2003 година, бил промовиран во натпревари со автомобили со отворени тркала и во 2004 година го освоил германското Формула БМВ првенство со вкупно 18 победи од 20 натпревари. Импресионирајќи во својата прва сезона на автомобилски трки во 2003 година, на Фетел му била дадена можност од Дерек Вокер да тестира Reynard Motorsport Champ Car во дводневен приватен тест на Хомстед патеката.[27][28][се бара извор] Во 2005 година тој возел за ASL Mucke Motorsport во Формула 3 Евро серијата. Тој завршил на петто место на крајот со освоени 63 бодови, и ја освоил наградата за најдобар дебитант возач за таа година. Тој го тестирал Вилијамс FW27 Формула Еден автомобилот на 27 септември како награда за овој Формула БМВ успех. Потоа тој заминал на тестирање за БМВ Заубер клубот.[29][30] Возел за Рејсинг Инженеринг во една трка од шпанска Ф3 во Албасете.
2006 година станала работна година за 18 годишниот возач во која тој бил промовиран за тест возач за БМВ Заубер во Формула Еден. И покрај натпреварувачката сезона со неколку победи, не освоил некое првенство.[31] Фетел завршил на второто место во својата втора сезона во Ф3 Евросеријата, позади победникот и клупски колега Пол ди Реста. Исто така дебитирал во Формула Рено 3.5 серија во Мисано, каде што бил промовиран во втор,[32] откога вистинскиот победник Пастор Малдонадо бил дисквалификуван.[33] Следната трка на Спа-Франкошамп, неговиот прст бил речиси откорнат од летечко парче од болид во судир, и се очекувало да биде надвор од трките во тек на неколку седмици.[34] Без разлика, тој успеал да се натпреварува во Мастерсот на Ф3 во Зандворт следниот викенд, каде што завршил на шесто место. Исто така тој поставил трет најбрз круг во трката, изненадувајќи го клупскиот шеф Фредерик Васер.[35]
Фетел се натпреварувал во Формула Рено 3.5 серијата во 2007 година, и ја освоил првата победа на Нирбургринг. Тој бил во водство во првенството кога бил повикан за постојано во Формула Еден серијата.[36] Неговото место било заземено од Михаел Амермулер.[37]
Фетел станал трет возач на БМВ Заубер на Гран При на Турција во 2006 година, кога поранешниот нивни возач Роберт Кубица бил повикан да го замени Жак Вилнев за Гран При на Унгарија во 2006 година.[38] На дебито како тест возач, Фетел поставил најбрзо време во вториот слободен тренинг во петокот пред трката.[39] Со тоа, Фетел станал најмлад Формула Еден возач кој учествувал на Гран При викенд на свои 19 години и 53 дена, иако овој рекорд бил надминат од Макс Ферстапен. Тој исто така поставил неславен рекорд на добивање прва казна помалку од десет секунди од почетокот на својата кариера за надминување на брзината во пит-просторот на пат кон патеката првиот пат.[40] На втората тренинг сесија на Гран При на Италија во 2006 година, тој поставил најбрзо време во двете сесии во петокот,[41] тркачки викенд во кој сите БМВ возила биле брзи, со Роберт Кубица кој завршил на подиумот на трката.[42] Фетел бил потврден како тест возач на БМВ Заубер за 2007 година.[43] По тешкиот судир на редовниот БМВ возач Кубица на Предлошка:F1 GP Гран При на Канада, Фетел го заменил него на трката во САД Предлошка:F1 GP.[44] Тој почнал на седмото место на стартот, завршил на осмо место во неделата и станал најмлад возач кој освоил бодови во Формула Еден, рекорд кој претходно го држел Џенсон Батон.[45]
На 31 јули 2007 година, БМВ го ослободил Фетел да се приклучи на Ред Бул Скудерија Торо Росо екипата, заменувајќи го Скот Спид како возач од трката во Унгарија Предлошка:F1 GP натаму (бидејќи тој веќе бил со договор со Ред Бул).[46] Тој заработил околу US$165,000 долари за да ја заврши сезоната со Торо Росо.[47] Пред трката, исто така било објавено дека Фетел ќе вози за Торо Росо во 2008 година,[48] заедно со Себастиен Бурде[49]
во 2007 година
Во трката на дожд во Јапонија Предлошка:F1 GP возена на Фуџи патеката, Фетел стигнал до трето место, позади Луис Хамилтон и возачот на Ред Бул Рејсинг Марк Вебер, и се чинело дека е на пат да обезбеди подиум за себе и за тимот. Сепак, Фетел се судрил со Вебер пред себе за време на сигурносното возило, со што двајцата возачи се откажале. Вебер рекол во интервју по трката, "Детска работа. Деца со малку искуство – ќе направиш добра работа и тогаш тие ќе ја расипат целата работа", и исто така го критикувал Луис Хамилтон дека придонел кон судирот, опишувајќи го неговото вртење лево десно зад безбедносното возило како "гомненици".[50][51] Фетел бил казнет со назадување од десет места на следната трка, но таа била отстранета по објавеното видео од гледач на YouTube кое покажало дека инцидентот можеби бил предивикан од однесувањето на Хамилтон зад безбедносното возило.[52]
Фетел завршил на најдобро четврто место во кариерата на трката во Предлошка:F1 GP, иако на почетокот бил 17-ти во мешани услови. Тој освоил пет бода, што било и најдобар резултат за себе и за Торо Росо.[53] Сопственикот на Ред Бул Дитрих Матешиц го изнел своето уверување дека Фетел ќе биде еден од најголемите ѕвезди на Формула Еден во иднина. "Фетел е еден од младите момци со исклучителен потенцијал [...] Тој е брз, интелигентен, и многу се интересира за техничката страна на спортот."[54]
По четири трки од сезоната во 2008 година, Фетел бил единствен возач кој не успеал да заврши ниту една трка, откажувајќи се во првиот круг на три од нив. Во секој од овие три случаи, тој бил вклучен во судири предизвикани од други возачи, а четвртиот бил проблем со моторот. Сепак, во петтата трка во Турција Предлошка:F1 GP, конечно го здогледал црно-белото знаме, иако завршил како 17-ти по квалификување како 14-ти и доживеана пукната гума во првиот круг. Во следната трка во Монако Предлошка:F1 GP, Фетел ги освоил првите бодови во сезоната со завршување на петтото место, по квалификување на 17-то место. Повторно освоил бодови во Канада Предлошка:F1 GP поминувајќи го Хаики Ковалаинен во последните неколку кругови за последниот бод, иако стартувал од боксот. Фетел завршил како 12-ти во Франција France, пред да се откаже во првиот круг на влажната патека во Британиија Предлошка:F1 GP откога бил избуткан од Дејвид Култард и заедно завршиле во мокриот песок. Освоил уште еден бод во Германија Предлошка:F1 GP, поминувајќи го Фернандо Алонсо и осигурајжи осмо место кога Јарно Трули поминал многу широко. Фетел се откажал на трката во Унгарија кога неговиот мотор се прегреал за време на првиот пит-стоп. Тој импресионирал многумина на Европското Гран При Предлошка:F1 GP со поставување на најбрзи времиња во првиот тренинг и вторите квалификации, пред да заврши како шести. Фетел ја завршил трката на шесто место, две секунди зад Јарно Трули. Техничкиот директор на Торо Росо Џорџо Асканели објаснил дека нешто се сменило на Европското Гран При во Валенсија: "Одеднаш Фетел разбра нешто околу тоа што треба да направи за да го вози Ф1 болидот побрзо. Тоа направи голема разлика – не само во однос на брзината која може да ја постигне, туку исто така во однос на неговата способност тоа да го прави постојано."[55]
На Гран При на Италија во 2008 година, Фетел станал најмлад возач во историјата кој победил на Формула Еден Гран При трка.[56] На возраст од 21 година и 74 дена, Фетел го надминал рекордот поставен од Фернандо Алонсо на Гран При на Унгарија во 2003 година за 317 дена кога тој победил на влажни услови во Монца.[57] Фетел бил водечки во најголем дел од трката и ја поминал целта 12.5 секунди пред возачот на Мекларен Хеики Ковалаинен. Тоа биле прв подиум и победа за неговиот тим Торо Росо.[58] Порано тој викенд, тој веќе станал најмлад освојувач на пол позиција, по поставување на најбрзи времиња во двете квалификациски сесии, втората и третата,[59] и оваа победа исто така му го донела рекордот на најмлад возач на подиумот. Тимскиот шеф на Торо Росо Герхард Бергер рекол, "Како што докажа денеска, тој може да победува трки, но ќе го освои и светското првенство. Тој е кул момче".[60] Хамилтон го пофали германецот, наведувајќи дека оваа негова победа покажа "колку тој е добар".[60] Природата на победата и приказната на брзата кариера на 21 годишниот доведе германските медиуми да го наречат "малиот Шуми", иако Фетел бил брз да ги намали очекувањата кои ги донел резултатот, особено споредбата со седумкратниот светски првак: "Да ме споредувате со Михаел Шумахер е помалку смешно... Ќе биде тешко во нормални услови за нас да го повториме неговиот успех".[61] Потоа тој завршил како петти на Сингапур. Во Јапонија,тој завршил на шестото место откога бил прогласен за седми кога неговиот клупски
возач Бурде бил казнет за контактот со Фелипе Маса.
Во Бразил Предлошка:F1 GP, по возењето за второ место во трка во стратегија на 3 застанувања во боксот, Фетел го преминал Луис Хамилтон на дождот за петто место во претпоследниот круг за придонес кон возбудливиот крај на сезоната. Тој речиси го довел на раб на разочарување возачот на Мекларен пред Тимо Глок драматично да забави во последниот круг (тој се мачеше со гуми за сува патека на се посилниот дожд) овозможувајќи Фетел и Хамилтон да го поминат, и Хамилтон да ја освои титулата, и Фетел четвртото место.[62]
На крајот од сезоната Фетел беше прогласен за дебитант на сезоната од страна на Наградите на Аутоспорт.[63]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.