Антон Југов
бугарски политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
бугарски политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Антон Југов (бугарски: Антон Югов) бил политичар од Бугарија со потекло од Македонија, комунист, член и еден од раководителите на ВМРО (обединета) и Бугарската комунистичка партија (БКП), премиер на Бугарија во периодот 1956-1962.[1]
По Првата светска војна семејството му се иселило во бугарскиот град Пловдив. Завршил гимназија таму и како работник во тутунската индустрија во 1921 се зачленил во младинските комунистички структури, а од 1928 и во самата БКП. Во истото време се приклучил и кон ВМРО (обединета) и во 1933-1934 бил секретар на неjзиниот Централен комитет. Од 1934 до 1936 студирал во СССР, а по враќането си во Бугарија бил избран за член на Централниот комитет на БКП. Во 1941 бил уапсен и пратен во логорот "Гонда вода", откаде што успеал да избега и да се приклучи кон партизанското движење, за кое во 1942 добил смртна казна. Во септемеври 1944 имал значаjна улога во комунистичкиот државен удар, кој му ја донел фотељата на министер на внатрешните работи 1944-1949. Учествал во сталинистичките репресии врз опозицијата. По Априлскиот пленум во 1956 ја добил позицијата премиер, но во 1962 по внатрешни конфликти во БКП бил отстранет и репресиран, а во 1972 дури исклучен од редовите на БКП. Во 1980-те бил целосно рехабилитиран и во 1989 прогласен за Хероj на Народна Република Бугарија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.