спречување на несакана бременост From Wikipedia, the free encyclopedia
Според Светската здравствена организација, поимот контрацепција значи спречување на несакана бременост и прекинување на природните процеси на репродукција.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
За таа цел се користат контрацептивни средства и методи кои можат да се поделат според начинот на употреба, ефикасноста, според траењето на употреба итн. Прифатена е следната класификација:
Во природни методи на контрацепција спаѓаат: календарски метод, постпартална неплодност, прекинат однос, апстиненција.
Календарскиот метод претставува предвидување на настапот на овулација. Кај девојки со менструален циклус кој трае 28 дена овулацијата настанува околу четиринаесеттиот ден. Ова значи дека 3-4 дена пред и 2-3 дена после овој ден не се препорачливи сексуални односи поради можноста од забременување.
Шематски тоа би изгледало вака:
Постпарталниот метод, како што и самото име кажува-после пораѓањето. Тој се заснова на тоа што жените што дојат до четвртиот месец, неможат да останат бремени.
Прекинатиот однос е традиционален метод кој на латински се нарекува coitus interruptus. Тој се состои во прекинување на односот пред ејакулацијата, т.е. спречување на внесување на спермата во вагината. Овој метод не е безбеден и се смета за примитивен бидејќи извесен број на сперматозоиди стигнуваат во вагината и пред ејакулацијата. Процентот на веројатност од забременување е 18%.
Во механички методи спаѓаат: презервативот (кондом), женскиот презерватив (фемидом), дијафрагмата, цервикалната капа.
Во хемиски методи спаѓаат: спермициди, вагинална пена, крем, филм и супозитории, кои се користат комбинирано со кондом и дијафрагма. се внесуваат пред половиот однос, но можат да предизвикаат иритација поради што е потребна консултација со гинеколог.
Хормонската контрацепција се остварува преку земање на хормонална терапија (таблети). Тие се земаат континуирано 21 ден и не смее да се пропушти ниту еден ден. Се пијат на 24 часа и ја одложуваат менструацијата, која настапува после 21 ден откако ќе се престане со земањето на таблетите. Се смета дека ова е најдобар метод за контрацепција за младите генерации кои планираат понатаму да се репродуцираат. За тие 21 ден додека се пијат таблетите, бременост не може да настане. Исто така во групата на хормонска контрацепција спаѓа и ургентната контрацепција. Таа претставува контрацепција по избор и се зема само во ургентни итни ситуации (кинење на кондомот или пак секс без кондом). Ваквата контрацепција се зема најдоцна 24 часа по односот, но колку тоа се стори порано толку таа ќе биде поефикасна. Ваквиот вид на контрацепција се состои исто така од женски хормони, но во многу поголемо количество. Се земаат три таблети, а со нив се зема исто така и апчиња против повраќање, како не би се повратиле контрацептивните апчињата.
Позитивни страни
Многу се ефикасни ако се земаат таблетите правилно.
Нема потреба од прекинување на половиот однос.
Можна е долга употреба без штетни последици.
Помага во спречување на некои болести како вонматерична бременост и други.
Може да се прекине со земање во секое време
Негативни страни
Не штитат од полово преносливи болести
Ако се земаат неправилно, те нередовно можат да бидат неефикасни
Можат да предизвикаат несакани ефекти како гадење, повраќање...
Интраутеринската контрацепција е многу попозната како спирала. Таа е наменета за жени кои не планираат да се репродуцираат и кои не сакаат понатаму да имаат деца. Обично ја употребуваат жени кои се во брак и не сакаат да имаат многу деца. Спиралата ја поставува гинеколог, таа се поставува во матката и не смее да стои повеќе од 6 години. Од неа се ослободуваат хемиски материи кои предизвикуваат стерилност.
Стерилизација е метод при кој со оперативен зафат се врши прекин во преносот на гаметите кај мажите, т.е. се врши прекинување на семеводот. Процесот се изведува амбулантно и трае 20 минути со локална анестезија. Кај жените се врши сечење и прекинување на јајцеводите. Оваа операција е многу покомплицирана, а се изведува со целосна анестезија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.