From Wikipedia, the free encyclopedia
Овулација е процесот во менструалниот циклус со кој зрелата фоликула пука и исфрла јајце-клетка во јајцеводот. Овулацијата настанува кај сите женки на животните, но може да има многу фундаментални разлики од онаа кај човекот.
Кај жените, процесот на овулација е контролиран од хипоталамусот на мозокот преку ослободувањето на хормоните кои се лачат во предниот резен на питуитарната жлезда, познат како лутеинизирачки хормон (ЛХ) и фоликулно-стимулирачки хормон (ФСХ). Во фоликуларната пред-овулациона фаза на менструалниот циклус, фоликулата во јајникот претрпува низа трансформации предизвикани од ФСХ, од кои главно е зголемувањето. После тоа, се формира отвор во фоликулата и јајце-клетката излегува низ тој отвор. Овулацијата е предизвикана од скок на количините на ФСХ и ЛХ кои се ослободуваат од питуитарната жлезда. Во текот на пост-овулаторната фаза, јајце-клетката патува низ јајцеводите кон матката. Ако јајце-клетката се оплоди од сперматозоиди, таа може да се всади во ѕидот од матката во текот на следните 6-12 дена.
Кај жените, плодните денови се неколку дена пред овулацијата. Просечно, овулацијата настанува на 14 дена од просечниот 28-дневен менструален циклус. Но, нормално е денот на овулацијата да варира од просекот, со можност таа да се случи помеѓу десеттиот и деветнаесеттиот ден од циклусот. Самата должина на циклусот не е прецизна мерка за денот на овулацијата. Иако по правило побрза овулација би требало да резултира со пократок циклус, варијациите помеѓу жените може да бидат и по цела седмица.
Почетокот на овулацијата може да се детектира по разни знаци, но тие најдобро ги распознава самата жена. Тие се промени во грлото на матката, во слузницата, во базалната температура, болка во јајниците и засилен осет за мирис.[1] Многу жени имаат засилена желба за секс неколку дена пред овулацијата.[2] Една студија заклучува дека привлечноста на жените се зголемува пред овулацијата.[3]
На 11 јуни 2008, белгискиот доктор Жак Донез, случајно, за првпат, направил снимки на процесот на ослободување на јајце-клетката од фоликулата.[4][5][6]
Во средината на 2008, американскиот журнал „Гени и развој“ објавил дека е откриено дека генот Lrh1 е многу важен во регулирањето на овулацијата.[7]
Овулацијата се стимулира како метод за помош за забременување. Се користат неколку видови вештачки добиени хормони, и тоа ФСХ, ГнРХ (гонадотропински хормон) и естрадиол. ГнРХ ја индуцира и продукцијата и лачењето на хормоните ФСХ и ЛХ.
Општо гледано, примената на ФСХ или ГнРХ може да ја поттикне овулацијата со забрзувањето на создавањето на фоликули. Истовремено, ова може да предизвика и создавање на повеќе јајце-клетки истовремено, што е карактеристично за овој вид на третман.
Лековите кои вообичаено се користат за поттикнување на овулацијата се : Clomid, Gonal-F/Follistim AQ, Metformin, Bravelle, Menopur и Repronex.
Сите лекови за поттикнување на овулацијата имаат потенцијални несакани ефекти.[8]
Контрацепцијата може да се постигне преку оневозможување на овулацијата. Најголемиот дел од хормонални контрацептиви се фокусираат токму на спречување на овулацијата кај жената со што целосно се избегнува зачнувањето.
Додека нормалниот менструален циклус кај жената обично трае 28 дена и се состои од фоликуларна, овулаторна и лутеинска фаза, по што следи менструација или бременост, ановулаторниот циклус настанува кога не дошло до овулација. При ановулаторен циклус, можно е да се продожи менструалниот циклус, и над 35 дена.
Кај жените кои редовно не овулираат мора да се проверат причините за тоа преку медицински прегледи. Често се даваат лекови за да се поттикне овулацијата.
Механизмите на овулацијата се различни кај разни видови на животни. На пример:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.