Хипофиза (питуитарна жлезда или подмозочна жлезда) — релативно мала жлезда со маса од околу 0,5 g. Сместена е во вдлабнатинката наречена турско седло (Sella turcica) во основата на черепот. Преку хипофизарната дршка - инфундибулум таа е поврзана со хипоталамусот, во кој се сместени повисоките (виши) центри на вегетативниот нервен систем. Токму од хипоталамусот хипофизата ги добива потребните ,,инструкции" за нејзината активност, и тоа преку ослободувачките (releasing) хормони. Хипофизата е обвиена со капсула од сврзно ткиво.

Thumb
Положба на хипофизата (питуитарна жлезда)

Хипофизата се состои од три различни делови, како по функција, така и по градба:

  • Преден резен (pars anterior)
  • Среден резен (pars intermedia)
  • Заден резен (pars posterior)

Предниот дел од хипофизата се означува и како аденохипофиза, додека задниот како неврохипофиза. Средниот дел од хипофизата (парс интермедиа) понекогаш се смета за дел од аденохипофизата. Тој кај луѓето е многу мал. Меѓутоа, кај некои животни тој е многу поголем и има многу поголема функција.

Хистологија на хипофизата

Од хистолошка перспектива, се забележува дека само аденохипофизата се состои од жлездени клетки, додека неврохипофизата е составена од нервно ткиво. Всушност, неврохипофизата е дел од хипоталамусот. Меѓутоа, во неа нема целосни неврони, туку само нивните нервни влакна и завршетоци. Невроцитите се наоѓаат во хипоталамусот.

Физиологија на хипофизата

Хормони од аденохипофизата

Аденохипофизата лачи стимулирачки хормони (тропни хормони). Освен хормонот за раст, тие имаат стимулирачко дејство врз функцијата на другите ендокрини жлезди (целни жлезди) во организмот. На тој начин, директно или индиректно, тие учествуваат во контролата на метаболизмот и на многубројни други функции во организмот. Ова е главната причина што хипофизата се смета за еден вид ,,диригент" во ендокриниот систем.

Во аденохипофизата се синтетизираат многу важните стимулирачки хормони:

Секрецијата на хормоните од аденохипофизата скоро целосно е контролирана од хипоталамусот. Во хипоталамусот се лачат специјални хормони, наречени ослободувачки. Тие, преку посебен хипофизарен портален систем од крвни садови се пренесуваат до аденохипофизата. Овде тие делуваат на посебни жлездени клетки и ја стимулираат секрецијата на одделни стимулирачки хормони.

Информациите кои хипоталамусот ги прима од нервниот систем (како промената на концентрацијата на некои хранливи материи, електролити, вода итн.), влијаат преку ослободувачките хормони на секрецијата на хормоните од аденохипофизата

Хормон на средниот резен

Средниот резен на хипофизата го излачува меланотропинот, хормон кој поттикнува секреција на меланин во меланоцитите.

Хормони од неврохипофизата

Хормоните од неврохипофизата се синтетизираат во хипоталамусот, а се излачуваат на нервните завршетоци во самата неврохипофиза. Таа е еден вид ,,резервоар" за овие хормони. Овие хормони се излачуваат од неврохипофизата под влијание на нервни импулси од хипоталамусот.

Од неврохипофизата се излачуваат два хормона:

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.