Remove ads

Сувереност или суверенитет (од фр. souveraineté, од лат. superanus - „врховенство, господарство“) — исклучиво право на врховна политичка (на пр. законодавна, судска, и/или извршна) власт над извесен географски регион, група на луѓе или себеси. Суверен претставува врховната законодавна власт, која не е подредена никому.

Поим

Изворот на или оправданоста за сувереноста („од Бога“ или „од народот“) треба да се различи од неговата примена од страна на владините сектори. Кај демократските држави, сувереноста го има народот. Ова се нарекува народна сувереност; може да се применува непосредно, како кај народно собрание, или почесто, посредно, по пат на избори за претставници на народот. Ова се нарекува претставничка демократија - систем на управување кој денес најчесто се среќава. Народната сувереност ја среќаваме и во други облици, како уставни монархии, по политичка реалност обично идентични на Комонвелтот. Системите на претставничка демократија исто така може да се мешаат со други облици на управување, како на пример референдумите во многу земји.

Според овој модел, националната сувереност е со вечно и исконско потекло, како природата или Бог, легитимирајќи го Божјето право на кралевите кај апсолутните монархии и теократиите.

Поформална разлика се прави по тоа дали законот е тој што е суверен, кое сочинува вистинска правна држава: пишаниот закон (ако е уставно коректен) важи и е применлив, дури и против политичката волја на народот, сѐ додека не биде формално променет по процедура на уставни промени. Во потесна смисла на зборот, секоја отстапка од овој принцип значи револуција или пуч, без оглед на намерите.

Кај уставното и меѓународното право, концептот на сувереноста се однесува и на правото на полна власт на владата врз сопствените работи во рамките на дадена географска територија, и во извесен контекст, правото на разни органи (како судови) на правна јурисдикција, а не по мандат или под надзор. Одредувањето на тоа дали некој ентритет е суверен или не не е егзактна наука, туку работа на дипломатски договор.

Remove ads

Кратка историја на концептот за сувереноста

Всилевс е старогрчкиот концепт за „суверен“, кој одредува кој има авкторитас, кој се разликува од прост империум, кој им припаѓа на архони (или „магистрати“).

Жан Боден (1530-1596) се смета за современиот иницијатор на концептот на сувереноста, со неговите Шест книги за државата (1576) кој го претставува суверениот како владетел над секој човечки закон, кој одговара само пред Божјето и природното право. Така тој го предефинира Божјето право на кралевите, велејќи дека: „Сувереноста е апсолутната и вечна власт на една држава“. Сувереноста е апсолутно, па така неделиво, но не и без граници: важи само за јавната сфера, а не и за приватната. Сувереноста е вечна, бидејќи не истекува со нејзиниот имател (како авкторитас). Со други зборови, сувереноста не е ничија сопственост: во суштина, таа е неотуѓива.

Овие одлики подоцна решително го обликувале концептот на сувереноста. Истите ги наоѓаме и кај теориите на општествен договор, како на пример онаа на Русо (1712-1778) со неговата дфиниција за народна сувереност, која се разликува само по тоа што тој го смета народот за суверен. Исто така сувереноста е неотуѓива - Русо ја отрфла разликата помеѓу потеклото и примената на сувереноста, разлика на која се засноваат уставната монархија или претставничката демократија. Макијавели, Хобс, Лок и Монтескје исто така играле клучни улоги во формирањето на концептот на сувереноста.

Карл Шмит (1888-1985) ја дефинира сувереноста како моќта на „одредување на вонредна состојба“, во обид, според Џорџо Агамбен, да се спротивстави на мислењето на теоријата на Валтер Бенјамин според која насилството е сосема туѓо на законот. Хетердоксниот концепт на сувереноста на Жорж Батај, кој може да се нарече „противсувереност“ (антисуверенитет), исто така инспирирал мислители како Жак Дерида, Агамбен и Жан-Лук Нанси.

Remove ads

Разни гледишта за сувереноста

Постојат разни гледишта за сувереноста кои се во огромна мера различни, и се засноваат на моралната основа на сувереност. Овие можат да се искажат преку разните основи за правни системи:

  • Симпатизерите на Божјето кралско право велат дека монархот е суверен по Божје право, а не по народна согласност. Ова мое да се разбере како систем на апсолутна монархија.
  • Во втората книга на „Општествениот договор“ од Русо (1762) се работи за сувереноста и нејзините права. Сувереноста, или општата волја, е неотуѓив и не може да се пренесе; невидлив е, бидејќи по својата суштина е општ; непогрешлив е и секогаш во право, неговата моќ е одредена и ограничена од општиот интерес; дејствува по пат на законот. Законот е одлуката по општа волја по некое прашање кое го засега општиот интерес, но иако општата волја е секогаш во право и сака само добро, нејзиното расудување не е секогаш просветено, па така не секогаш може да увиди каде лежи општото добро; затоа потребен е законодавец. Но законодавецот сам по себе нема авторитет; тој е само водич по предлог закони, додека само народот (т.е. суверениот или општата волја) го има правото да ги донесе и наметне тие закони.
  • Демократијата се заснова на концептот на народна сувереност. Претставничките демократии дозволуваат (наспроти ставот на Русо) пренос на сувереноста од народот во парламентот или владата. Парламентарна сувереност се однесува на претставничка демократија каде парламентот е врховниот извор на сувереност, а не извршната власт.
  • Анархистите и некои либертаријанци го отфрлаат сувереноста на државите и владите. Тие велат дека сувереноста се содржи во поединецот, како Анарх како суверен поединец.
  • Некои симпатизери на демократската глобализација сметаат дека националните држави треба да ја предадат дел од својата моќ на светска влада управувана од светски граѓани кои засега се огранизирани на меѓувладина база.

Клучниот елемент на сувереноста во законодавна смисла е исклучивоста на јурисдикција.

Особено кога одлуката е донесена од еден суверен ентитет, и никој нема право да ја поништи. Друг правен елемент на сувереноста е тоа што та не треба да стои само по законот, туку дека и мора да се применува. („Нема де јуре сувереност без де факто сувереност“.) Со други зборови, не е доволно да се биде прогласен за суверен, ниту само применување на суверена моќ; sovereignty за вистинска сувереност се потребни обата елементи.

Remove ads

Територијална сувереност

Триесетгодишната војна, верскиот конфликт кој го зафатил најголемиот дел од Европа, се завршила со т.н. Вестфалски мир во 1648 каде се воспоставил принципот на територијална сувереност како доктрина на немешање во работите на други држави. Во 1789 Француската револуција ја пренела сувереноста од рацете на суверениот владетел во рацете на нацијата (народот).

Сувереноста во меѓународното право

Во меѓународното право, сувереност е легитимната примена на власт од страна на една држава. Де јуре сувереноста е законското право на тоа; де факто сувереноста е способноста за фактичка примена на моќта Странските влади можат, но не мора да го признаат сувереноста на еден ентитет.

На пример, во теорија и Народна Република Кина и Република Кина се сметале себеси за суверени влади над сета копнена Кина и Тајван. Аико некои странски влади ја признаваат Република Кина за суверена, највеќето ја признаваат НР Кина. Меѓутоа де факто, НР Кина ја применува својата суверена власт над копнена Кина, а не Тајван, додека Република Кина има фактичка власт само над Тајван и некои околни острови, но не и копнена Кина. Бидејќи амбасадорствата постојат само меѓи суверени државни странки, земјите кои ја признаваат НР Кина имаад де факто, но не и де јуре дипломатски односи со Тајван по пат на 'претставништва', како Американскиот институт во Тајван наместо амбасада.

Автономната покраина Косово во Србија е сличен пример, каде српската влада е де јуре суверена сила, но Обединетите Нации имаат де факто власт уште од 1999. Покраината сѐ уште се смета за дел од Србија, иако српската влада нема практична контрола врз регионот.

Сувереноста може да важи дури и кога сувереното тело не поседува територија или неговата територија е под делумна или целосна окупација од странски сили. Светиот Синод се нашол во оваа ситуација помеѓу припојувањето на Папската Држава кон Италија (1870) и потпишувањето на Латеранските договори (1929), кога бил признаен за суверен од страна на многу (главно Римокатолички) држави, иако немал територија — ситуација која се решила со тоа што со Латеренските договори на Светиот Синод му се дал суверенос над Ватикан. Суверениот воен ред на Малта е исто така бестериторијално тело кое себеси се смета за суверен ентитет, иако не е универзално признаен за таков.

Така, прогонетите влади наа многу европски држави (како да речеме Норвешка и Холандија) за време на Втората светска војна се сметале за суверени, и покрај странската окупираност на нивите територии; нивната фактичка власт продолжила по ослободувањето на териториите. Владата на Кувајт била во слична ситуација виз-а-ви ирачката окупација од 1990 до 1991 год.

Remove ads

Суверен како титула

Во ретки случаи титулата „суверен“ не е само генерички поим, туку фактички (дел од) формалното звање на шефот на државата.

Така, од 22 јуни 1934 до 29 мај 1953 (титулата „Цар на Индија“ била укината на 15 август 1947, по ретроактивен проглас од 22 јуни 1948), Кралот на Јужна Африка во доминионот Јужна Африка имал звање: „по милост Божја“, на Велика Британија, Ирска и Британските Доминиони преку Морињата Крал, Заштитник на Верата, Цар на Индија и Суверен во и над Јужноафриканската Унија“. Со крунисувањето на Елизабета II на престолот на Јужна Африка во 1952, титулата се променила во „Кралица на Јужна Африка и Нејзините други Кралства и Територии, Глава на Комонвелтот“, паралелно на звањето кое го користи во речиси сите други земји членки на Комонвелтот.

Remove ads

Поврзано

  • Кметство
  • Базилевс — древен концепт за сувереност
  • Колонизација
  • Диктатура
  • Божје право (Боден, Хобс и др.)
  • Водство
  • Неинтервенција
  • Пленарна власт
  • Самоодредба
  • Самосопствеништво
  • Теории на општествен договор (Хобс, Лок, Русо)
  • Држава
  • Сузеренство
  • Парламентарна сувереност
  • Народна сувереност
  • Суверенист
  • Вестфалска сувереност
  • Jus Cogens право

Извори и надворешни врски

  • Променливиот карактер на сувереноста во меѓународното право и меѓународните односи Архивирано на 15 јуни 2007 г. од Винстон П. Неган и Крег Хамер од Левинскиот правен колеџ, Флоридски универзитет (англиски)
  • Етимологија он-лајн (англиски)
  •  Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственост: Herbermann, Charles, уред. (1913). Catholic Encyclopedia. Robert Appleton Company. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Сувереност во Стенфордската филозофска енциклопедија (англиски)
  • Изумирањето на националните држави (англиски)
  • Заштитата на националните суверени права по меѓународните закони Архивирано на 29 јуни 2006 г. - од Д-р Фејсал Ел-Рфоу, доцент на политички науки, Јордански универзитет, Претседател на Гандиевиот центар за стратешки науки (англиски)
  • СветскиДржавници (англиски)
  • Каталонскиот обид за 'сувереност', БиБиСи вести (англиски)
  • Игор Јанев, Legal Aspects of the use of a provisional name for Macedonia in the United Nations System, American Journal of International Law, Vol.93, no. 1, January 1999 Архивирано на 21 септември 2013 г.

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads