Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жорж Батаj (француски: Georges Bataille; Бијом, 10 септември 1897 — Париз, 9 јули 1962 ) — француски писател, филозоф, антрополог и литературен критичар.
Жорж Батаj е роден на 10 септември 1897 во Бијом, во провинцијата Оверн, Франција, во семејството на Жозеф Аристид Бата, даночник (подоцна ослепил и се парализирал поради невросифилис) и Антоанета Агле Турнар. Неговото семејство се преселило во Ремс во 1898 година, каде што тој бил крстен.
Своето образование го завршил во Ремс, а подоцна и во Еперне. Во 1914 година станал католик и како голем приврзаник на католицизмот останал девет години. Во еден момент дури и размислувал да стане свештеник и ја посетувал за кратко католичката богословија. Сепак истата ја напуштил, за да може да помага на својата мајка. На крајот се откажал од христијанството во почетокот на 20-тите години.
Во 1924 година завршил Екол де Шарт. Тогаш започнал да соработува со националната библиотека. Меѓу 1929 и 1930 година бил уредник на списанието „Documentes“. Жорж Батаj ја развива идејата за основниот материјализам (основното значење според Ауди) на крајот на 20-тите и почетокот на 30-тите години, за да раскине со главниот тек на тогашниот материјализам. Тој тврди дека концептот на активна главна материја ја уништува опозицијата но ги дестабилизира и сите основи. Во извесна смисла овој концепт е сличен на неутралниот монизам на Спиноза, каде постои супстанција која го вклучува во себе и умот и материјата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.