Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кувајт или официјално Држава Кувајт (арапски: دولة الكويت, dawlat al-kuwayt) — независна држава со емиратско општествено уредување во Југозападна Азија, поточно на Арапскиот Полуостров. Кувајт се граничи со Саудиска Арабија на југ, со Ирак на север и источно излегува на Персискиот Залив. Кувајт има вкупна површина од 20.000 км2 со население од околу три милиони жители. Главен и најголем град е градот Кувајт, додека пак службен јазик во емиратот е арапскиот јазик.
Држава Кувајт دولة الكويت Dawlat al-Kuwait |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Ел-Нашид ел-Ватани |
||||||
Главен град | Кувајт 29°22′N 47°58′E | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | арапски | |||||
Демоним | Кувајќанец | |||||
Уредување | емират | |||||
• | Емир | Мишал ел-Ахмед ел-Џебир ел-Сабах | ||||
• | Премиер | Ахмед Наваф ел-Ахман ел-Сабах | ||||
Основање | ||||||
• | прво населување | 1613 | ||||
• | Бани Утбах | 1705 | ||||
• | Анго-отоманска конвценција | 1913 | ||||
• | Независност од Обвединетото Кралство | 19 јуни 1961 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 20,000 км2 (157th) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | проценка за г. | 3.000.000[1] (137-ма) | ||||
• | Густина | 167.5 жит/км2 (68-ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупен | $137.450 милијарди[2] (56-та) | ||||
• | По жител | $38,875[2] (11-та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупно | $114.878 милијарди [2] (51-ва) | ||||
• | По жител | $32,491[2] (17-та) | ||||
ИЧР (2013) | ▼ 0.814[3] многу висок · 46та |
|||||
Валута | кувајтски динар (KWD ) |
|||||
Часовен појас | AST (UTC+3) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+3) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .kw | |||||
Повик. бр. | +965 |
Историски, регионот бил дел од старата населба Харакена, главно партско пристаниште за трговија помеѓу Индија и Месопотамија. Племето Бани Утбах биле првите доминантни арапски доселеници во регионот и го основале денешниот емират. До 19 век, Кувајт бил под отоманско влијание и по Првата светска војна Кувајт бил под раководство на Британската Империја. Големите кувајтски нафтени полиња биле откриени во 1930-те години. По стекнувањето на својата независност во 1961 година, нафтената индустрија забележала голем развој. Во 1990 година, Кувајт бил окупиран и нападнат од Ирак. Окупацијата на Ирак траела седум месеци и завршила со почетокот на Заливската војна и интервенцијата на САД.[4]
Кувајт е уставна монархија со парламентарен систем на владеење каде градот Кувајт е главен политички и економски центар. Државата е петта држава во светот според нафтени резерви,[5] а петролејот зазема околу 95% од извозот или 80% од приходите на владата.[6] Покрај тоа, Кувајт е единаесетта најбогата држава во светот и според индексот за човеков развој е најразвиена арапска држава.[7] Кувајт е окаракетризирана како високоприходна економија од страна на Светската Банка и еден од главните партнери на НАТО и САД надвор од сојузите.[8]
Името Кувајт е добиено од арапскиот збор „akwat“ што во множина е „kout“ и значи изградена тврдина во близина на вода.[9]
Кувајт се наоѓа во севроисточниот дел од Арапскиот Полуостров и спаѓа во групата на мали држави и е за 5.000 км2 помала од Македонија. Повеќето од територијата на Кувајт е покриена со рамната Арабиска Пустина. Државата има слаба разлика во поглед на надморската височина и највисоката точка изнесува околу 306 метри надморска височина.[6] Кувајт има девет острови кои скоро сите се ненаселени, освен островите Фаилака.[10] Најголем остров во државата е Бубија со површина од 860 км2 и е поврзан со копнен Кувајт преку долг мост.[11] Главниот град Кувајт се наоѓа на крајбрежјето. Кувајт е доста богата со нафтени резерви.
Кувајт е уставна монархија и има најстар редовно избран парламент во арапскиот свет. На чело на државата се наоѓа емирот и наречен и шеик. Советот на министри е управуван од премиерот кој е и шеф на владата. Владата мора да има најмалку еден избран член од кувајтскиот парламент. Националното собрание има право на распуштање на премиерот или било кој друг член на кабинетот. Сите членови на кабинетот одговараат пред собранието.[12] Собранието се состои од педесет члена кои се избрани за мандат од четири години.
Кувајт е поделен на шест области („мухафази“), и тоа:
Областите се поделени на окрузи.
БНП по глава на жител во Кувајт изнесува 60.800 американски долари што ја прави петта најбогата држава во светот. Индексот на човеков развој на Кувајт е 0.912 што е втор најголем во Среден Исток веднаш зад Израел, но највисок во арапскиот свет. Со среден годишен раст од 5.7%, Кувајт е една од најбрзорастечките економии во регионот. Според Индексот на економска слобода од 2008 година, Кувајт е втора најслободна економија во Средниот Исток.[13]
Верници во Кувајт | ||||
---|---|---|---|---|
Муслимани | 69,9 % | |||
Католици | 8,7 % | |||
Православни | 8 % | |||
Хиндуисти | 6 % | |||
Будисти | 7,4 % |
Во 2007 година, се проценило дека Кувајт имал население од околу 3 милиони жители, каде се вброени околу 2 милиони странски државјани.[14] Поради тоа, Кувајќаните се всушност малцинство во споредба со странските државјани кои престојуваат во Кувајт и владата ова го стимулира со доделување на државјанства.[15]
Околу 57% од Кувајќаните се Арапи, 39% се со останато азиско потекло и само 4% се припадници на Бидон. Во 2009, повеќе од 580.000 индиски државјани жители живееле во Кувајт.[16][17] Покрај нив, во Кувајт живееле и 260.000 Египќани, 100.000 Сиријци и 80.000 Иранци.[18] Пред Заливската војна, во Кувајт живееле околу 400.000 Палестинци, но после војната сите биле истерани бидејќи отворено ги поддржувале ирачките окупациско операции.[19]
Службен јазик во Кувајт е арапскиот јазик. Покрај тој, се зборува и персиски јазик,[20] хинди, малајалски, телушки, тамилски, урду, бенгалски и тагалски.
Голем број од жителите на Кувајт се изјасниле како муслимани. Бројот на муслимани во Кувајт варира од 85%[21] до 95%[22]. Иако исламот е официјална религија во Кувајт, во државата има и голема христијанска заедница со околу 300.000 до 400.000 припадници, хиндуси со околу 300.000 припадници, будисти до околу 100.000 припадници и околу 10.000 сики.[23]
Во општеството на Кувајт силно влијание има исламската и арапската култура, најмногу изразена во музиката, кујната и начинот на живот.[24] Најкарактеристична одлика на месното население е деванија што всушност е голема просторија за дружба и собир на мажи и членови на семејство и пријатели.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.