Емир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Емир (арапски: امير = „владетел, водач“) — титула што ја носи владетелот, принцот, во некои муслимански земји од Блискиот Исток и Африка.[1] Пред појавата на исламот, емири биле полководците, а потоа муслиманските владетели што вршеле државна и духовна власт (емир на Бухара, емир на Авганистан итн.).[2] Емирите обично се сметаат за високопоставени шеици, но во монархиските држави изразот се користи и за принцови; така, „емират“ значи горе-долу исто како кнежевство во овој контекст.

Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.