Бруто-општествен производ или БОП (наречен и „бруто-национален производ“, од англиски: Gross national product, GNP) — пазарната вредност на сите стоки и услуги во дадена година произведени (или пружени) со трудот и средствата на државјаните на една земја. За разлика од бруто-домашниот производ (БДП), што го опишува производството според тоа каде географски се одвива, БОП ја изразува произведената вредност според сопственоста.

БОП не прави разлика помеѓу квалитетивното подобрување во техниката (на пр. побрза обработка кај сметачи) и квантитативните зголемувања во производството (на пр. повеќе произведени сметачи). Обете ги става под рубриката „економски раст“.[1]

Во основа, БОП претставува вкупната вредност на сите конечни произведени стоки и пружени услуги во дадена година, заедно со заработениот доход на нејзините државјани (вклучувајќи ги оние сместени во странство), а без доходот на оние без државјанство или постојан престој во земјата. Како таква, ова е мерка за вредноста на производите и услугите на државјаните на земјата, без оглед на тоа каде се наоѓаат. Ова е еден од показателите за економската благосостојба на земјата, под претпоставката дека поголем БОП дава повисок квалитет на живот.

БОП наспроти БДП

Бруто-општествениот производ (БОП) честопати се поставува наспроти бруто-домашниот производ (БДП). Додека БОП го изразува производството во претпријатијата на една земја (било да работат дома или во странство), БДП е мерка за произведеното во границите на земјата (било од домашни или странски претпријатија). Овие два показтела највеќе се разликуваат кога земјата има средства во странство (погони, фабрики, претпријатија) во облик на инвестиции, учество и др.

Список на десет најсилни земји по БОП (БНД)

Ова е список на десет земји со највисок бруто-општествен производ, т.е. општествен доход во 2012 г., изразено номинално, со методот „Атлас“ во милиони долари[2]

Повеќе информации Место ...
Место 2011 2010 2009
1  САД15.097.089
2 Народна Република Кина НР Кина6.628.086 Народна Република Кина НР Кина5.717.592 Народна Република Кина НР Кина4.822.913
3 Јапонија5.774.376 Јапонија5.359.236 Јапонија4.793.538
4  Германија3.594.303  Германија3.513.807  Германија3.472.823
5  Франција2.775.664  Франција2.745.670  Франција2.742.735
6  Обединето Кралство2.366.544  Обединето Кралство2.373.636  Обединето Кралство2.532.124
7  Италија2.246.998  Италија2.149.222  Италија2.141.109
8  Бразил2.107.628  Бразил1.859.414  Бразил1.575.897
9 Индија Индија1.746.481 Индија Индија1.539.419  Шпанија1.469.901
10  Канада1.570.886  Канада1.475.865  Канада1.412.899
Затвори

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.