Југозападна Азија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Западна Азија, Северозападна Азија, или Југозападна Азија се термини коишто го опишуваат најзападниот дел од Азија. Овој термин е сличен со Блискиот Исток којшто ја опишува географската локација во однос на Западна Европа наместо со вистинската локација во Азија. Заради овој Евроцентризам, меѓународните организации како Обединетите нации, го заменија терминот Близок Исток со Западна Азија. Во Светската географска шема за евиденција на дистрибуција на растенија (WGSRPD), Западна Азија го исклучува Арапскиот Полуостров и го вклучува Авганистан[1]. Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) го исклучува Египет и го вклучува Авганистан.[2] Програмата на Обединетите нации за животна средина ги исклучува Кипар, Израел, Турција и Иран од Западна Азија.[3]
Географија
Западна Азија е сместена јужно од Источна Европа.
Клима

Климата во Западна Азија е пустинска и полупустинска,и сушите се многу застапени; но сепак, постојат и шуми и плодни долини. Регионот се состои од прерија, пустини, и планини. Рестрикциите за вода се основен проблем во Западна Азија, со брзо растење на популацијата се зголемува потребата за вода, кога салинитетот и и загадувањето ги става во опасност водните акумулации[4]. Големите реки, вклучувајќи ги Тигар и Еуфрат, се користени за наводнување а и воедно и за земјоделство.
Има два вида на ветрови: шарки и шамал. Шарки е ветер којшто доаѓа од Југ и Југоисток. Сезонски е, и трае од април до почетните денови на јуни, и доаѓа повторно во септември сè до ноември. Сезонски се, траат од април до почетокот на јуни и повторно доаѓа помеѓу крајот на септември и ноември. Ветровите се суви и правливи, со повремени налети до 80 километри на час и често предизвикуваат бури од песок и прашина што можат да носат песок висок неколку илјади метри и можат да ги затворат аеродромите на кратки периоди време со тоа. Овие ветрови можат да траат цел ден на почетокот и крајот на сезоната и неколку дена во средината на сезоната. Шамал е летен северозападен ветер што дува над Ирак и земјите од Персискиот Залив (вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Кувајт), често силен во текот на денот, но се намалува ноќе. Овој временски ефект се јавува некаде од еднаш до неколку пати годишно.[5]
Топографија
Додека Западна Азија се состои од ниски предели, Tурција, Иран и Јемен имаат планински релјеф. Анадолското плато е сместено помеѓу планината Понт и венецот Таур во Турција. Највисокиот врв, Арарат е висок 5.165 метри. Планината Загрос се наоѓа во Иран, на самата граница со Ирак. Раседна зона постои и долж Црвеното Море, со континентално рифтинг создавајќи топографија слична на корита со области лоцирани далеку под нивото на морето[6]. Мртвото Море, кое се наоѓа на границата помеѓу Западниот Брег, Израел и Јордан, се наоѓа на 418 м под нивото на морето, што го прави најниската точка на површината на Земјата[7].
Држави во Западна Азија

Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.