Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Триесетгодишната војна претставува еден од најголемите воени конфликти од европската историја. Триесетгодишната војна била војна која траела од 1618 до 1648 година. Поголемиот тек од војната се водела на територијата на денешните држави Германија и Чешка. Во војната биле вклучени односно учествувале најголемите европски континентални сили.[9][10] Иако во почетокот војната имала верски и религиозен карактер помеѓу Протестантите и Католиците, сепак соперништвото помеѓу хабсбуршката династија и останатите сили имала централна улога, кое се гледа по влегувањето на Франција во војната и тоа на страната на Протестантите.[11]
Триесетгодишна војна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
„Страдањата и несреќите на војната“ од Жак Кало, 1632 |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Обединетите провинции Шведска Чешка (кралство) | Свето Римско Царство[5]
Шпанија и нејзините колонии |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Морис Орански Пит Питерзон Хајн | Јохан Церклаес † Алберт фон Валенштајн |
||||||
Сила | |||||||
495.000 men:
| 450.000 луѓе:
|
Војната, која траела триесет години придонела до создавање на голем глад и болести помеѓу населението и намалување на населението на Германија, Ниските Земји и Италија. Оваа војна завршила со потпишувањето на Вестфалскиот договор,[12] од кој Германија можеби најмногу пострадала, Шпанија ослабнала а Франција станала доминантна сила во Европа. По крајот на војната било ставено крај на подемот на хабсбуршката династија, зголемување на силата на Бурбонската династија и Шведската империја.
Аугсбуршкиот мир од 1555 година кој бил потпишан во градот Аугсбург го дал почетокот на соживотството помеѓу лутеранските и католичките верници во Германија.[13] Како главен принцип на договорот била фразата: „Чија е империјата, негова е и верата“ (латински: cuius regio eius religio).
Едни од поважните одредби од тој мировен договор се:
Во текот на 17 век, политички и економски се зголемиле тензиите помеѓу најмоќните народи во Европа. Така:
Но, верската напнатост започнала да се зголемува сè повеќе. Ова најмногу се осетило кон втората половина на 16 век. Аугсбуршкиот мир од 1555 година не се почитувал во голема мера, бидејќи поединци-епископи кои ја промениле својата вера, не ја предавале својата епископија како што биле задолжени според договорот. Калвинизмот се ширил многу брзо низ Германија, на кој начин станала трета најголема религија во земјата. Некои католички владетели во Шпанија и дел од Источна Европа настојувале да ги повратат своите католички влијанија од протестантите.[14][15]
За разлика од шпанските Хабсбурзи, хабсбуршкиот владетел на германските земји Карло V станал доста потолерантен. Фердинанд I, Максимилијан II, Рудолф II и Матијас I ја продолжиле толерантноста кон верата, бидејќи во преден план биле свесни околу опасноста која може да и се случи на нивната империја, како и од помислата за тоа низ што сè поминала Кралство Англија кога кралот Хенри VIII во 1534 година ја започнал својата политичка и верска нетолеранција кон Римокатоличката црква. За миг, во внатрешноста на Светото Римско Царство бил избегнат верскиот конфликт, главно поради забраната за слободно ширење на верата. Од друга страна пак, ова многу ги вознемирило оние коу посакувале да постои само една вера и религија на стариот континент. Шведска и Данска, како лутерански кралства, постојано барале начин како да подпомогнат на протестантите кои живееле во внатрешноста на Светото Римско Царство.
Оваа напнатост помеѓу народите довела до избувнување на насилие во 1606 година во германскиот град Донауверт. До неред дошло откако лутеранската црква ги спречила католиците од швабскиот град да одржат процесија. По ова интервенирал Максимилијан I Баварски, кој застанал на страната на католиците. По крајот на нередите, калвинистите во Германија се чувствувале како најзагрозени, па затоа во 1608 година основиле протестантска унија на чие чело застанал Фридрих IV Палатински, чијшто син пак ќе има голема улога во т.н. Триесетгодишна војна. Фридрих IV Палатински ја зел под контрола Рајнската област, една од државите на Рајна, која ја посакувале шпанските Хабсбурзи. Како одговор од основувањето на Протестантската унија,[16] католиците одговориле во 1609 кои пак основале Католичка унија, на чие чело застанал Максимилијан I Баварски.
Матијас, кој бил цар на Светото Римско Царство и крал на Чешка, починал во 1619 година и не оставил свој директен наследник. Негов наследник бил Фердинанд II, кој бил заколнат католик.[17] Самиот император посакувал да ја обнови католичката вера на ниво на целата земја. Поради ова, тој бил сосема непопуларен во хуситичка Чешка. Побуната на нејзините жители против одлуките и намерите на Фердинанд биле повод за започнување на Триесетгодишната војна.
Триесетгодишната војна би можела да биде поделена во четири фази:
По смртта на императорот Матијас и неоставањето на машки наследник, Матијас уште пред својата смрт настојувал Фердинанд II да го зазеде неговиот престол по неговата смрт, како крал на Чешка и Унгарија. Протестантските водачи на Чешка најмногу се плашале од фактот да не ги изгубат своите верски права кои претходно ги добиле во времето на Рудолф II. Поради ова, тие главно барале на престолот да застане Фридрих V Палатински како крал на Чешка. Сепак, некои други протестантски унии зазеле сличен став како и католиците, па така Фердинанд II бил избран во 1617 година за престолонаследник, а по смртта на Матијас станал и крал на Чешка.
Новиот император бил голем застапник на католизмот. Главно поради ова се довело до нарушување на верските слободи и права за оние кои не ја прифаќале католичката вера. Освен тоа, новиот император бил и голем апсолутист и честопати ги нарушувал секуларните права на своите поданици. Бидејќи помеѓу кралскиот двор имало и такви кои го прифаќале протестантството, новиот крал многу бргу станал непопуларен помеѓу населението, проследено преку избувнување на побуна против него.
Чешките протестанти на 22 мај 1618 година заробиле најпрвин двајца императорски управители и еден писар и при тоа ги исфрлиле преку прозорецот на Прашката палата, без да ги ранат посебно. Овој настан е поснат како Прашка дефенестрација или втора прашка дефенестрација. И покрај тоа што императорските службеници не биле тешко повреденим сепак таа акција претставувала повреда на достоинството на Фердинанд. По оваа акција започнала побуна која довела до започнување на Триесегодишната војна.
Побуната се проширила низ цела Чешка. Таа ги опфаќала териториите на Чешка, Полска, Лужица и Моравија. За многу краток период, движењето се префрлило и во соседна Германија. Така, Фердинанд II бил принуден да побара помош од својот роднина, кралот на Шпанија, Филип IV од Шпанија. Од друга страна, чешките протестанти упорно барале сојузници кои би застанале на страната против императорот. Тие побарале да бидат примени во Протестантската унија која била водена од страна на Фридрих V Палатински, еден од кандидатите за крал на Чешка. Чесите лажно му обеќале на Фридрих дека доколку ги прими во Протестантската унија и ако унијата им пружи заштита, тој ќе биде идниот крал на земјата. Истото му го обеќале и на војводата од Савоја, кнезот на Саксонија и кнезот на Трансилванија.
Кон чешките протестанти се придружиле и дел од населението на Горна Австрија каде живееле доста лутеранци и калвинисти. По ова, движењето ја зафатило и Долна Австрија по кое протестантската армија на чело со грфот од Турн во 1619 година го опседнале градот Виена. Во Трансилванија, кнезот Габриел Бетлен повел поход против Унгарија.
Така императорот не му останало ништо друго освен да ја реформира својата армија. Припадниците на Протестантската унија на чело со грофот Манфред доживеале пораз на 10 јуни 1619 година во Битката кај Саблата. Овој пораз на протестантите ја оневозможил комуникацијата на грофот со Прага, по кое тој морал да ја прекине опсадата на Виена. По поразот кај Саблата, протестантите изгубиле и значајни свои поддржувачи и сојузници, војводата од Савоја, кој бил значаен противник на Хабсбуршката експанзија. Документацијата која била запленета по битката послужела да војводата се откаже од натамошно финансирање на протестантите.
Горна и Долна Австрија потпишале сојуз со Чешка на 22 август 1620 година, според кој Фердинанд II формално бил симнат од власт, а на негово место застанал Фридрих V Палатински. Шпанија во исто време ја испратила својата армија кон Брисел под раководство на Амброзио Спиноле. Шпанскиот амбасадор во Виена успеал да ја наговори протестантска Саксонија да интервенира против Чешка, а како противуслуга да го добие Лужица. Саксонците ја нападнале Чешка, а шпанската армија интервенирала на запад спречувајќи ги членовите на Протестантската унија да дојдат на помош во Чешка. Шпанскиот амбасадор на баварскиот војвода му понудил сојуз за заштита на Католичкиот сојуз.
Под раководство на Јохан Церклас Тили, силите на Католичката унија ја презела Горна Австрија, а царската војска извојувала победа во Долна Австрија. По ова следувало одединување на силите на царската војска и Католичкиот сојуз по кое тие тргнале на поход кон Чешка. Фердинанд II во Битката кај Била Гора, на 8 ноември 1620 година го победил Фридрих V Палатински. Територијата на Чешка била заземена, а протестантското население или било прогонето или му било наложено да ја прифати католичката вера. Чешка со овој чин станала католичка земја, а под власта на Хабсбуршката династија земјата останала во следните 300 години. Поразот придонел да Фридрих биде лишен од сите свои поседи и имоти, а неговите територии биле предадени на католичките аристократи и семејства. Неговата титула, кнез, била предадена на Максимилијан I од Баварија. И покрај тоа, Фридрих продолжил со своите активности кои биле насочени кон добивање на поддршка кај Холандија, Данска и Шведска.
Овој пораз нанел голем удар на Протестантството. По задушување на востанието целиот имот на пртестантите бил конфискуван, тие биле дискриминирани. Како основна и крајна цел на Католиците било прифаќање на Римокатолицизмот. Шпанија ја зазела Рајнската област-Пфалц. Сите се подготвувале за нова војна. Првата фаза на војната во Источна Германија завршила во корист на Габриел Бетлен од Трансилванија, кој со мирот од 1621 година тој добил територии од денешна Унгарија.
Некои историчари, периодт од 1621 до 1625 година го сметаат за посебна фаза од војната, и истите го нарекуваат Палатинска фаза. Поразот на протестантите кај Бела Гора го означил новиот период од историјата на Чешка. Голем број на протестанти побегнале во Холандија. Скандинавските земји се подготвувале за противнапад.
Кралот на Данска, Кристијан IV Дански (1577-1648) бил лутеран, а како војвода на Холштајн бил потомок од Светото Римско Царство. Тој ги помагал лутеранските влладетели во војната против Светото Римско Царство, плашејќи се дека е можно данскиот суверенитет како протестантска нација да биде загрозен. Во текот на првата фаза од војната остварил и територијални придобивки во Северна Германија. Хамбург во 1621 година го признал суверенитетот на Данска, а синот на Кристијан станал епископ на Бремен.
Како владетел, Кристијан IV Дански се покажал доста упорен и способен. Данска како земја станала стабилна и богата земја. Данска го наплаќала преминот преку Ересунд, а добила и големи воени репарации од Шведска. Во тоа време единствено Баварија била единствената земја како Данска во Европа која била толку стабилна и богата. Данска својата поддршка за влегување во војната ја добила од кардиналот Арман Жан ди Плеси де Ришелје, кој заедно со Холандија и Англија обеќал дека финансиски ќе ја помага војната против Светото Римско Царство.
За да се одбрани од данската интервенција, императорот Фердинанд II го повикал војсководецот Албрехт Валенштајн за противдејство, бидејќи бил еден од многуте кои се збогатиле на сметка на протестантските имоти. Албрехт Валенштајн барал единствено тој да има контрола врз благајната на армијата, армијата да има слободно право да располага со пленот освоен преку војна а со тоа и слободно ограбување на заземаните територии. На таков начин тој многу бргу создал армија од 30.000 војници, а подоцна оваа бројка достигнала до 100.000. Од друга страна данскиот крал немал никакви информации околу формирањето на оваа нова групација ниту пак имал среќа да создаде некаков сојуз.
Во исто време, Англија се соочувала со внатрешни проблеми, Франција била заземена од граѓанска војна, Шведска била во војна со Полска, додека пак Бранденбург и Саксонија не биле заинтересирани да го нарушат мирот во Источна Германија. Јохан Церклас Тили им нанел поораз на Данците во 1626 година во Битката кај Лутера, а Валенштајн му нанел пораз пак на Ернст фон Мансфелд во Битката кај мостот Десау. [Ернст фон Мансфелд] починал во Далмација неколку месеци по битката во која ја изгубил половината своја армија. По ова позициите на Валенштајн ги зазеле Мекленбург, Померанија и Јитланд. Сепак не можеле да ја заземат данската престолнина на островот Зеланд бидејќи за таков поход им била потребна голема флота, а од друга страна пак Полска не ги пропуштиле царските флоти низ Балтикот. По големите тензии, во 1629 година бил потпишан договор според кој данскиот крал Кристијан IV Дански сопрел со поддршката на протестантството, а сојузниците се повлекле од Данска.
Во тој момент, војната била завршена а како победник излегла католичката страна. Католичкиот сојуз му наредил на Фердинанд да ги одзеде сите имоти на лутеранците, кои ги добиле по Аугсбуршкиот мир а кои претходно припаѓале на Католичката црква. Царот донел Реституциски едикт во 1629 година, според кој католиците зазеле голем број на верски објекти.
Албрехт Валенштајн имал голема моќ во тоа време, голема армија, имот и финансии. Станал многу влијателен па честопати католичките сојузници го советувале императорот да го отргне додека не стане доцна. Ова се случило во 1630 година. Повторно го повикал во времето кога позициите на Светата империја била поразена од шведскиот крал Густав II Адолф. Густав II Адолф во војната, како и неговиот дански колега, влегол главно за да им помогне на германските лутеранци, да го спречи католичкото ширење и да добие економска стабилност и моќ над германските земји на Балтикот. Како протестант, шведскиот крал застанал против Фердинанд II, но добил подкрепа и од католичка Франција, која била раководена од страна на кардинал Арман Жан ди Плеси де Ришелје. Во периодот од 1630-1634 година тој успеал да ги врати многуројните одземени протестантски територии. Шведската армија ја нападнала Германија.
По отпуштањето на Валенштајн, Фердинанд бил во голема мера зависен единствено и само од Католичкиот сојуз. Во Битката кај Брајтенфелд од 1631 година, Густав Адолф ги поразил позициите на Католичкиот сојуз под команда на генералот Тили. По една година, двете страни повторно се сретнале кај Лех, во која битка Фон Тили бил убиен. Северна Германија била поод контрола на протестантите, а во периодот следувал шведската доминација над териториите. Кога започнала војната, Шведска имала 42.000 војници, а веќе во 1632 година поседувала 150.000 војници. Армијата во поголемиот дел била финансирана од страна на Франција. Голем број на затвореници биле регрутирани во шведската армија.
Бидејќи генералот тили бил мртов, императорот Фердинанд морал повторно помош да побара од Валенштајн, кој претходно го сменил. Тој го прифатил позивот и со голема армија започнал постепено да ги напаѓа позициите на шведските позиции. Густав Адолф знаел дека католиците се припремаат за нова војна. Така таа се одвила на 16 ноември 1632 година во Битката кај Лицен. Во таа битка како победници излегле Швеѓаните но царот Густав бил убиен. Без водич, протестантските позиции биле поразени во Битката кај Нердлинген. Императорот Фердинанд започнал да се сомнева во Валенштајн, главно поради неговите обиди за соработка со протестантите. Валенштајн бил лут најмногу поради фактот што Фердинанд не сакал да го повлече едиктот кој го издал неколку години претходно. Во 1634 година Валенштајн бил убиен во битка.
По ова започнале преговори, а шведската фаза од војната завршила со мирот од Прага од 1635 година, според кој:
Франција во целина била католичка земја, и како таква била голем конкурент на Светото Римско Царство и Шпанија. Во војната застанала на страната на протестантите. Кардиналот Арман Жан ди Плеси де Ришелје бил прв министер на Луј XIII. Тој сметал дека Хабсбуршката династија сѐ уште е премногу опасна за Франција бидејќи во нејзини раце биле голем број на територии меѓу кои и источната граница со Франција и големото влијание кон Холандија. Главно поради овие причини, Франција стапила во сојузот со Холандија и Шведска. Генералот Јохан фон Верт и шпанскиот кардинал Фердинанд Хабсбург започнале со тивкото управување со Шампањ и Бургундија, а со тоа ја загрозиле состојбата и на Париз во 1636 година. Австриската армија навлегла во Франција и постигнала привремен успешен резултат. Сепак следувал период во кој империјата на повеќепати била поразувана. Бернхард фон Вај и мар-Сакс шведскиот генерал Банер победиле во Германија. По ова следувале победата кај Витшок, преземање на тврдината Брајзах-ам-Реин, сметана за една од најнедостапните во Европа (1638). Во 1639 односно 1641 година Бернхард фон Вај и Банер починале. Фердинанд II бил наследен од Фердинанд III (1637). Во 1642 умира и францускиот кардинал Ришелје, а на негово место застанал Џулио Мазарини, кој ја продолжил истата политика како и својот претходник. Германија била истоштена од војната.
Мирните преговори започнале во 1640 година, но дипломатските работи оделе пребавно и несигурно. Во меѓувреме империјата била нападнета од страна на Шведска под контрола на генерал Ленарт Торшенсон и францускиот генерал Луј де Конде. Шведска повторно победила во Битката кај Брајтенфелд од 1642 година. Од таму се упатила кон Данска, која била сојузник на католиците. Следувала победата на Конде кај Рокроа (1643), кај Нердлинген (1645). Противниците на Австрија стигнале во близината на Виена. Нејзиниот насилен сојузник, Баварија, била окупирана. Шпанија доживеала пораз во 1648 година кај Ленс. Така, во 1648 година бил потпишан Вестфалски мировен договор.
По почестите порази на католичкиот сојуз, започнале преговорите за мир. На преговорите биле присутни односно учествувале Фердинанд III, Французи, Шпанци, Холанѓани, Швајцарци, Швеѓани, Португалци и папските претставници. Така, договорот бил потпишан на 24 октомври познат како Вестфалски мир, помеѓу Фердинанд, германските кнежевства, Холандија, Франција и Шведска.
По војната била признаена независноста на Холандија, како и била формирена Швајцарскиот Сојуз. Договорот содржи четири основни принципи:
Вестфалскиот мировен договор ставил крај на Триесетгопдишната војна. Германија станала религиозно слободна, но распарчена на повеќе суверени кнежевства. Најголеми придобивки имала Франција, која добила делови од Пиринеите. Шведска ја добила Западна Померанија, станувајќи единствен властник над Балтикот.
Се смета дека 15% до 20% од населението на Германија пострадало од војната, главно од смрт, болест или глад. Од 1618 до 1648 година се појавиле неколку видови на болести. Ширењето на новите болести се ширело многу брзо, главно поради преместувањето на армиите од едно на друго бојно поле. Болестите се пренесувале и од самите цивили кои биле преместувани односно прогонувани на различни места. По војната се појавила во Италија болеста куга. По опсадата на Ниренберг од 1632 година, цивилите и војниците заболиле од тифус. Кога императорската армија ги прогонила поразените Швеѓани во 1634 година имало голем број на мртви од епидемија во долината на Рајна. Во 1634 година, Дрезден, Минхен и други мали градови исто така биле зафатени од куга.
Како резултат на војната, Германија била поделена на голем број на територии, кои скоро сите имале свој суверенитет. Тоа бил период на голема слабост на Светото Римско Царство. Вијната покажала дека Шпанија повеќе не е најсилна европска сила, е дека пропаѓа воено и политички. Додека Шпанија била зафатена со војната со Франција, Португалија станала независна во 1640 година, по 60 години под власт на Шпанија. Шпанија конечно била присилена да ја признае независноста на Холандија во 1648 година, со кое завршила Осумдесетгодишната војна. На таков начин, Франција станала најмоќна и највлијателна сила во Европа.
Поразот на Шпанија исто така означувал и слабеење на Хабсбуршката династија, на сметка на Бурбонската династија. Шведска станала доминантна сила на Скандинавскиот Полуостров.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.