From Wikipedia, the free encyclopedia
Хелен Мирен (англиски: Helen Mirren; р. 26 јули 1945 во Лондон) — британска глумица.
Хелен Мирен РБИ | |
---|---|
Мирен во декември 2014 | |
Роден(а) | 26 јули 1945 Лондон, Англија |
Занимање | глумица |
Активен период | 1965–сè уште |
Сопружник | Тејлор Хекфорд (1997–) |
Страница helenmirrenofficial.com |
Хелен Мирен (родена како Иљена Лидија Миронов)[1] е родена на 26 јули 1945 година[2] во Хамерсмит, западен Лондон.[3][4] Таа има руско потекло.[5] Нејзината мајка се викала Кетлин Александрина Ева Матидла Роџерс (Kathleen Alexandrina Eva Matilda Rogers) и потекнувала од сиромашно работничко семејство,[5][6] додека нејзиниот татко, Василиј Петрович Миронов бил државен службеник, роден во Курјаново, Русија,[5] додека неговиот татко бил дипломат. Нејзиниот прекар е "Пуканка (Popper)".
Хелен Мирен го завршила средното женско училиште "Св. Бернард" (St. Bernards High School), по што ја започнала својата глумечка кариера, работејќи во повеќе театри. Во 1997 година се омажила за американскиот режисер Тејлор Хекфорд.[7] Хелен Мирен е висока 163 сантиметри.[8]
На осумнаесет години успеала да ја помине аудицијата во англискиот Национален младински театар (NYT); а на дваесет години, ја глумела Клеопатра во претставата Антониј и Клеопатра во продукција на NYT. Мирен рекла дека со оваа улога ја започнала нејзината кариера, а придонела да потпише со агентот Ал Паркер.[9] [10]
Како резултат на нејзината глума во Националниот младински театар, Мирен била поканета да се приклучи на Кралската Шекспирова компанија (RSC). Таму ја глумела Кастиза во Трагедијата на одмаздникот (1966), Дијана во „Секое зло за арно“ (1967), Кресида во „Троил и Кресида“ (1968), Розалинд[11] во „ Како ви е арно, така“ ( 1968), Јулија во „Двајцата велможи од Верона“ (1970), Татјана во „Непријатели“ на Горки (1971) и насловниот лик во „Госпоѓица Јулија (1971). Таа, исто така, се појавила во четири продукции, во режија на Брахам Мареј за Century Theatre при Универзитетскиот театар во Манчестер, во периодот од 1965 до 1967 година.[12]
Во 1970 година, режисерот Џон Голдшмит снимил документарен филм за Мирен под наслов Doing Her Own Thing. Во 1972 и 1973 година, Мирен работела во Меѓународниот центар за театарски истражувања од Питер Брук и се приклучила на нивната турнеја во Северна Африка и САД. Во 1974 година се вратила во Кралската Шекспирова компанија.
Во септември 1975 година, во Театарот на кралскиот двор во Вест Енд, играла улога на рок ѕвезда во претставата „Заби и насмевки“, музичка претстава од Дејвид Хер.
Од ноември 1975 година, како член на Lyric Theatre Company, Мирен редовно била на репертоарот на Вест Енд. Глумела во Галеб и во The Bed Before Yesterday. Во 1977 година ја глумела кралицата Маргарет во претставата Хенри VI, а во 1979 година била Изабела во Танте за кукуригу во студиото Риверсајд.
Хелен Мирен остварила богата телевизиска и филмска кариера. За своите улоги, таа добила повеќе престижни филмски награди:[13]
Во 2007 година ја добила наградата "Оскар" за главна женска улога во филмот "Кралица" од 2006 година.[14] За оваа награда била номинирана и во 2010 година, за улогата во филмот "Последната станица" (The Last Station).[15] Покрај тоа, двапати била номинирана за наградата "Оскар" во категоријата "споредна женска улога", и тоа: во 1995 година, за улогата во филмот "Лудилото на кралот Џорџ" (The Madness of King George)[16] и во 2002 година, за улогата во филмот "Паркот Госфорд" (Gosford Park).[17]
Исто така, Мирен е добитничка на четири награди на "БАФТА (BAFTA)": во 1992, 1993 и 1994 година ја добила телевизиската награда на БАФТА за најдобра глумица, за улогата во "Главниот осомничен" (Prime Suspect),[18] "Главниот осомничен 2" (Prime Suspect 2)[19] и "Главниот осомничен 3" (Prime Suspect 3),[20] додека во 2007 година ја добила филмската награда на БАФТА за најдобра глумица, за улогата во филмот "Кралицата".[21]
Мирен има добиено и три награди "Златен глобус (Golden Globe)", и тоа:
Мирен е добитничка на четири награди "Еми (Emmmy)":
На Канскиот фестивал, Мирен освоила две награди за најдобра глумица, и тоа: во 1984 година, за улогата во филмот "Кал" (Cal) и во 1995 година, за улогата во "Лудилото на кралот Џорџ".
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.