From Wikipedia, the free encyclopedia
Летните олимписки игри 2008, официјално познати како Игри на XXIX олимпијада се одржаа со почеток на 8 август 2008, до 24 август 2008, со церомонијата на свечено отворање којашто започна во 08:08:08 попладне (кинеско централно време) (12:08:08 UTC) на Националниот стадион во Пекинг, Народна Република Кина. Некои настани се одржаа надвор од Пекинг, меѓу кои се фудбалското натпреварување (во Чинхуангдао, Шангај, Шенјанг и Тиенџин), јавачкато натпреварување (во Хонгконг) и натпреварувањето во едрење (во Чингдао). Со ова, по третпат едни Олимписки игри се одржаа под јурисдикцијата на два различни олимписки комитета (Хонгконг и Кина се натпреваруваат одделно).
Игри на XXIX олимпијада | |
同一个世界同一个梦想 (Еден свет, Еден сон) Амблемот „разиграниот Пекинг“, | |
---|---|
Град домаќин | Пекинг, Кина |
Број на држави | 205 |
Број на спортисти | 11.028 |
Број на спортови | 28 |
Број на натпревари | 302 |
Отворање | 8 август 2008 |
Затворање | 24 август 2008 |
Стадион | Национален стадион - Пекинг 北京國家體育場 (трад.) 北京国家体育场 (упрост.) |
Организацијата на Олимписките игри беше доделена на градот Пекинг, Народна Република Кина по гласањето на Меѓународниот олимписки комитет на 13 јули 2001. Официјалното лого на игрите, со наслов „Разиграниот Пекинг“, прикажува стилизиран кинески калиграфски симбол, „џинг“(京, со значење главен град), што претставува референца на градот домаќин. Маскотите на Пекинг 2008 се пет „Фува“ (кинески:福娃, Fúwá); буквален превод „кукли за добра среќа“), секоја обоена во една од боите на Олимписките прстени. Олимпискиот слоган, Еден свет, Еден сон, го повикува светот да се обедини во олимпискиот дух. Атлетите ќе се натпреваруваат во 302 натпреварувања во 28 спортови, само еден натпревар повеќе од распоредот на игрите од Атина 2004. Неколку нови национални олимписки комитети се препознаени од МОК.
Кинеската влада ги промовираше игрите за да го истакне кинеското пробивање на светската сцена.[1][2] Постоеја големи грижи од евентуалното бојкотирање на Олимпијадата од страна на поголемите нации во протест на кинеските акции во Тибет.[3][4][5] Порано во 2007, поранешниот претседател на MOK, Хуан Антонио Самаранч, изјавил дека верува во игрите на 2008 Пекинг, кои можат да бидат, по негово мислење, „најдобри во олимписката историја.“ [6]
Пекинг беше избран за град-домаќин на 13 јули 2001 на 112-тата сесија на МОК во Москва, победувајќи ги Торонто, Париз, Истанбул и Осака. Пред одржувањето на сесијата, 5 града (Бангкок, Каиро, Хавана, Куала Лумпур и Севиља) кои беа кандидати беа елиминирани уште во 2000. По првиот круг од гласањето, Пекинг имаше големо водство пред останатите 4 кандидати. Осака доби само 6 гласови и беше елиминиран. Во вториот круг, Пекинг доби апсолутно мнозинство по што ги победи конкурентските градови без потребата од понатамошни кругови на гласање.[7]
По изборот, вицепремиерот на Кина Ли Ланчинг изјави „Победата на Олимпискиот избор за 2008 е пример за меѓународното признавање на кинеската социјална стабилност, економскиот развој и здравјето на кинеските луѓе“. Претходно, Пекинг беше кандидат за град-домаќин на Летните олимписки игри - 2000. Тогаш, во првите 3 круга Пекинг беше во водство, но во клучниот четврти и последен круг загуби од Сиднеј на изборот одржан во 1993.
До 27 мај 2007 изградбата на сите триесет и едно спортско борилиште за игрите во Пекинг беше започната.[8] Кинеската влада инвестираше во реновирањето и изградбата на 6 борилишта надвор од Пекинг како и на педесет и еден тренинг-центар. Најголеми архитектонски дела ќе бидат Националниот стадион, Националната затворен стадион, Националниот собирен центар, Олимписката младост и Културниот и спортски центар Вукесонг. Речиси 85% од буџетот за изградбата на шесте најголеми спортски зданија ($2.1 милијарда, 17.8 милијарди јуани) беа издвоени од корпорациски избори и тендери. Инвестиците беа очекувани од корпорациите по барањето за сопствеништво на правата по Летните олимписки игри - 2008. Некои од спортските борилишта ќе и бидат на располагање на Државната генерална спортска агенција којашто ќе ги користи како простор за одвивање на најзначајните идни национални тимски настани.
Некои настани ќе се прослават надвор од Пекинг, како натпреварите во фудбал (во Чинхуангдао, Шангај, Шенгјанг и Тиенџин), натпреварите во едрење (во Чингдао) и коњичките натпревари (во Хонгконг, поради „сомнението од очни болести на коњите и големите потешкотии за создавање на зона без таквите болести“).[9] Ова ќе биде по третпат во историјата на Олимписките игри, натпреварите да се одржат во две држави. (Кина и Хонгконг настапуваат одвоено на Олимписките игри).
Главно место на Летните олимписки игри - 2008 зазема Националниот стадион во Пекинг, наречен „Птичје гнездо“ поради неговата надворешна структура.[10] Изградбата на зданието започна на 24 декември 2003. Олимпискиот стадион Гуангдунг беше планиран и изграден за игрите, но сепак одлуката да се изгради нов стадион во Пекинг беше донесена.[11] Владата избрала архитекти од секаде на натпревар за дизајнери. Швајцарската архитектонска фирма Херцог и де Мојрон (Herzog & de Meuron) соработувала со кинеската Група за истражување и дизајн и победила на натпреварот. Стадионот ќе има решетки во форма на скелет кои формираат вдлабнатина, а капацитетот на стадионот изнесува 80.000 столчиња. Архитектите дизајнот на стадионот го опишале како птичје гнездо со огромен окуларен отвор со кров на повлекување. И покрај тоа, во 2004, идејата за кров на повлекување беше отстранета од економски и безбедносни причини. На Националниот стадион во Пекинг ќе се одржат церемониите на отворање и затворање на игрите, атлетските натпрревари и фудбалските финалиња. Дизајнерот на стадионот Аи Веивеи наскоро ја откажа поддршката за организација на кинеските Олимписки игри, велејќи дека „повеќе не сака ништо да соработува со нив“.[12][13]
Во подготовките во пресрет на големиот метеж, Пекиншката метро организација одлучи двојно да го зголеми капацитетот на линиите. Претходниот систем беше составен од 4 линии и 64 станици. Додатните 7 линии коишто беа додадени и повеќето од 80 нови станици вклучуваат и превоз директно од Пекиншкиот главен меѓународен аеродром. На аеродромот, 11 возови без екипаж со капацитет од по 83 луѓе ќе ги превезуваат луѓето до последната станица.[14] Голем број од нив се пуштени во употреба од 30 јуни 2008, два месеци пред почетокот на игрите. Во јануари 2007, Пекиншкиот оргазиционен комитет изјави дека возилата во подземната железница ќе бидат опремени со видео монитори на кои ќе може да се следат најновите вести и настани за време на игрите. Како додаток на ова, мобилните телефони ќе даваат посебни сигнали со што луѓето ќе можат да ги употребуваат своите комуникациски средства на станиците за метро и во подземната железница.[15]
Во основа, Пекинг е одреден да намени триесет и осум официјални јавни транзитни правци коишто ќе бидат поврзани со спортските борилишта. За време на игрите ќе бидат управувани 2.500 големи автобуси и 4.500 минибуси од 8.000 луѓе коишто ќе ги превезуваат луѓето до соодветното место на настанот. Пред игрите, јавниот транспорт ќе биде оптимизиран со тоа што 110 линии кои донекаде се поклопуваат ќе бидат намалени.[16]
Пекинг ќе имплементира рационализација на патните простори врз основа на големиот број поштенски пратки за време на игрите со намера значително да се унапреди авиотранспортот во градот.[17] Под сообраќакниот план на јавноста направен на 20 јуни 2008, рационализацијата ќе биде наметната 2 месеца, од 20 јули до 20 септември вклучувајќи го и периодот за одржување на Параолимписките игри од 6 до 17 септември.[18] Рестрикциите ќе бидат спроведувани во некои денови зависно од чудниот или сличен број на поштенски пратки. Оваа мера се очекува да опфати 45% од 3,3 милионите автомобили по улиците. Во прилог на ова, 300.000 тешкотоварни возила добија забрана од 1 јули, а планот се спроведува и на многу други возила коишто пристигнуваат надвор од Пекинг. Густата јавна транспортна мрежа се очекува да ги оправда овие потреби, проценувајќи дека по улиците на Пекинг ќе се превезуваат дополнителни 4 милиони патници.[19][20]
Логото за Летните олимписки игри - 2008 е со наслов „Разиграниот Пекинг“(舞动的北京). Логото е комбинација од традиционалната кинеска црвена душа и приказ на кинеската калиграфска буква jing(京, „национален главен град“) со атлетски елемент. Отворените раце на калиграфскиот збор ја симболизираат поканата на Кина до целиот свет да дојде ида ја сподели кинеската култура. Претседателот на МОК Жак Рог беше многу среќен поради логото, велејќи „Вашето ново лого веднаш ја пренесува импресивната убавина и сила на Кина којашто е воочлива во вашето наследство и во вашите луќе“.[21]
Слоганот за Летните олимписки игри - 2008 е „Еден свет, Еден сон“(упр. 同一个世界 同一个梦想; трад. 同一個世界 同一個夢想; пинјин: Tóng Yíge Shìjiè Tóng Yíge Mèngxiǎng.)[22] Слоганот го повикува целиот свет да му се придружи на Олимпискиот дух во изградбата на подобра иднина за човештвото. Слоганот беше избран во конкуренција на 210.000 испратени од целиот свет.[23]
Маскоти на игрите се 5 Фува („кукла за добра среќа“). Фува се сосотои од 5 члена коишто се споени: риба, џиновска панда, оган, тибетска антилопа и ластовичка. Тие приближно соодветствуваат со петте елементи: вода, метал, оган, дрво и земја. Секоја Фува си има посебна боја, како боите на Олимписките кругови коишто ги симболизираат петте континенти. Петте Фува се викаат Беибеи, Жингжинг, Хуанхуан, Јингјинг и Нини. Кога за првпат имињата беа кажани заедно се доби фразата 北京欢迎你 (Běijīng huānyíng nĭ) што значи „Пекинг ве пречекува“.[24]
Во април 2007, повеќе од 7 милиони [25] влезници за спортските настани и церемонии беа продадени. Околу 75% од влезниците беа продадени откако Пекиншкиот организационен комитет одлучи да одреди пониски цени за домашниот народ, со цел да ги охрабри Кинезите да присуствуваат на игрите. Влезниците наменети за продажба во странство се достапни во националните олимписки комитети.[26] Во јуни 2007, веќе беа продадени 2,2 милиони влезници.[27]
Од почетокот на 2007, продавниците со Олимписки сувенири започнаа да работат насекади во Кина. Повеќе од 800 официјални продавници беа отворени кон крајот на јули 2007. Од август 2007, Олимписката трговија стана достапна онлајн, со повеќе од 5000 производи достапни преку официјалното мрежно место во кои спаѓаат облека, маскотите, приврзоци и незаборавни стапчиња за јадење.[28] Во ноември 2007, прекуокеанската електронска трговија беше овозможена насекаде во светот, освен во Кина, Јапонија, Обединето кралство, Канада и САД.[29] Кинеската централна банка исто така издаде нови 10 банкноти јуани без сликата на Мао Це Тунг.[30]
Официјалната тема за пренесувањето на Олимпискиот факел беше „Запали ја страста, Сподели го сот“ [31] со препев на англиски јазик од 106 учеснички на Мис на светот 2007. [32] Официјалната песна на прославата на одбројувањето на една година од Олимписките игри носеше наслов „Подготвени сме“[33] напишана од Џеки Чен[34] „Běijīng huānyíng nĭ“ („Пекинг ве пречекува“) беше насловот на песната на прославата на одбројувањето на последните 100 дена од Олимписките игри.[35] „Јас сум ѕвезда“ и „Насмеаниот Пекинг“ беа избрани за песни на Пекиншкиот волонтерски олимписки комитет .[36]
Церемонијата на свечено отворање на Олимписките игри се одржа на Националниот стадион во Пекинг на 8 август 2008 и ќе започне во 08:08:08 попладне по (кинеско централно време) (12:08:08 UTC).
Програмата за Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг е слична со онаа на Летни олимписки игри - 2004 во Атина. На игрите, споретистите ќе се натпреваруваат на 302 натпревари (165 машки, 127 женски и 10 мешани натпревари) во 28 спортови. На игрите ќе се одржи само еден натпревар повеќе од игрите 4 години пред тоа одржани во Атина.
Сè на сè се одржale 9 нови натпревари, вклучувајќи два во новата BMX дисциплина во велосипедизам. Атлетичарките за првпат ќе трчаат во трката на 3000m со пречки. Во прилог на тоа, натпреварите во маратонско пливање за мажи и за жени на растојание подолго од 10 км ќе бидат префрлени во пливачка дисциплина. Тимските натпревари во пинг-понг (за мажи и за жени) ќе бидат префрлени во дисциплината во игра на двојки. Во мечување екипните натпревари во флорет и сабја за жени ќе бидат префрлени машкиот тимски натпревар во флорет и во женскиот екипен натпревар во меч.[b][37][38]
За повеќе за мечувањето на оваа олимпијада, видете Мечување на Летните олимписки игри 2008.
Пекиншкиот организационен комитет изработи пиктограми за 35 Олимписки дисциплини. Оваа збирка на спортски икони е наречена убавината на одликите на душата поради тоа што сите наликуваат на кинеските ракописи на душата.[39]
Наведените спортвои се спортовите во коишто ќе се одржат натпреварите на игрите. Бројот на натпртевари во секој спорт е даде во заграда.
Список на спортови предвидени во Олимписката програма за Летните олимписки игри - 2008 | |||
---|---|---|---|
|
|
|
На следниот расопоред на натпревари за Летните олимписки игри 2008, секое бело квадратче означува натпреварување во одреден спорт на одреден ден во фаза на квалификации. Секое жолто квадратче означува финално натпреварување во одреден спорт и на одреден ден. Бројот запишан во овие квадратчиња го означува бројот на финални натпревари во тој спорт и на тој ден.[40]
● | Церемонија на отворање | ● | Квалификациони натпревари | ● | Финални натпревари | ● | Церемонија на затворање |
Август | 6. | 7. | 8. | 9. | 10. | 11. | 12. | 13. | 14. | 15. | 16. | 17. | 18. | 19. | 20. | 21. | 22. | 23. | 24. | Медали | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Церемонии | ● | ● | |||||||||||||||||||
Веслање | 7 | 7 | 14 | ||||||||||||||||||
Бадминтон | 1 | 2 | 2 | 5 | |||||||||||||||||
Кошарка | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||
Безбол | 1 | 1 | |||||||||||||||||||
Бокс | 5 | 6 | 11 | ||||||||||||||||||
Борење | 2 | 2 | 3 | 2 | 2 | 2 | 2 | 3 | 18 | ||||||||||||
Велосипедизам | 1 | 1 | 2 | 1 | 3 | 1 | 2 | 3 | 2 | 1 | 1 | 18 | |||||||||
Ватерполо | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||
Одбојка | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | ||||||||||||||||
Ракомет | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||
Гимнастика | Спортска гимнастика | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | 3 | 3 | 14 | ||||||||||||
Ритмичка гимнастика | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||
Скокови на трамболина | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||
Кајакарство | 2 | 2 | 6 | 6 | 16 | ||||||||||||||||
Џудо | 2 | 2 | 2 | 2 | 2 | 2 | 2 | 14 | |||||||||||||
Коњички спортови | 2 | 1 | 1 | 1 | 1 | 6 | |||||||||||||||
Атлетика | 2 | 4 | 6 | 6 | 5 | 3 | 6 | 7 | 7 | 1 | 47 | ||||||||||
Пинг-понг | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | ||||||||||||||||
Едрење | 2 | 1 | 2 | 2 | 2 | 2 | 11 | ||||||||||||||
Пливање | 4 | 4 | 4 | 4 | 4 | 4 | 4 | 4 | 1 | 1 | 34 | ||||||||||
Скокови во вода | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 8 | ||||||||||||
Синхронизирано пливање | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||
Современ петобој | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||
Софтбол | 1 | 1 | |||||||||||||||||||
Стреличарство | 2 | 2 | 2 | 2 | 1 | 2 | 1 | 2 | 1 | 15 | |||||||||||
Стрелаштво | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | ||||||||||||||||
Тенис | 2 | 2 | 4 | ||||||||||||||||||
Триатлон | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||
Теквондо | 2 | 2 | 2 | 2 | 8 | ||||||||||||||||
Подигање тегови | 1 | 2 | 2 | 2 | 2 | 2 | 1 | 1 | 1 | 1 | 15 | ||||||||||
Мечување | 1 | 1 | 1 | 1 | 2 | 1 | 1 | 1 | 1 | 10 | |||||||||||
Фудбал | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||
Хокеј на трева | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||
Медали | 7 | 14 | 13 | 19 | 17 | 17 | 16 | 30 | 34 | 18 | 20 | 11 | 23 | 20 | 31 | 12 | 302 | ||||
Август | 6. | 7. | 8. | 9. | 10. | 11. | 12. | 13. | 14. | 15. | 16. | 17. | 18. | 19. | 20. | 21. | 22. | 23. | 24. |
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | НР Кина (домаќин) | 51 | 21 | 28 | 100 |
2 | САД | 36 | 38 | 36 | 110 |
3 | Русија | 23 | 21 | 28 | 72 |
4 | Обединето Кралство | 19 | 13 | 15 | 47 |
5 | Германија | 16 | 10 | 15 | 41 |
6 | Австралија | 14 | 15 | 17 | 46 |
7 | Република Кореја | 13 | 10 | 8 | 31 |
8 | Јапонија | 9 | 6 | 10 | 25 |
9 | Италија | 8 | 10 | 10 | 28 |
10 | Франција | 7 | 16 | 17 | 40 |
Дизајнот на Олимпискиот факел се заснова на традицоналните украси и употребата на традиционалниот кинески дизајн „Поволно облаци“(祥云). Факелот е дизајниран да овозможи огнот да гори и на брзина на ветрот од 65 км/ч и количество на врнежи од 50 мм/ч.
Патот на факелот, на тема Патување на хармонијата во последните 130 дена од одбројувањето за Олимписките игри во должина од 137.000 км - коешто е и најдолго од воведувањето на традицијата за организирање на патување на Олимпискиот факел низ многу земји во светот за Летните олимписки игри - 1936 во Берлин.[41][42] На далеку, патувањето на факелот беше наречено „јавна катастрофа“ од страна на реномираниот дневен лист The Times[43] за Кина, со протестите за човекови права во Тибет.
Патувањето започна на 24 март 2008 во Олимпија, Грција. Од таму допатува до стадионот Панатинаикон во Атина, а оттаму во Пекинг, пристигнувајќи на 31 март. Од Пекинг, факелот ја следеше рутата и помина по сите континенти освен Антарктик. Факелот помина низ неколку градови на патот на свилата, симболизирајќи ги античките врски помеѓу Кина и остатокот од светот. Вкупно 21.800 луѓе беа ангажирани од различни организации и личности насекаде во светот да го носат Олимпискиот факел. [44]
Меѓународната судбина на факелот беше проблематична, цел еден месец светот беше сведок на протестите за човекови права во Тибет. По неволјата во Лондон од неколку обиди да се изгаси факелот, истото мораше принудно да се стори во Париз.[45] На 9 април, америкаснките носачи во Сан Франциско беа жртви на силните демонстрации без да бидат предупредени за избегнување на немилите демонстрации на оригиналната рута,[46] но останатите носачи немаа големи проблеми со демонстрантите, но тогаш се појави нов проблем со кој се одложи патувањето на факелот. Тоа беше земјотресот во Сечуан којшто силно ја погоди западна Кина.
Олимпискиот оган беше искачен и на највисоката точка на светот, врвот Монт Еверест по 108 км долгиот „главен пат“ изграден од тибетска страна, посебно наменет за патувањето на факелот. Проектот од регионот Тингри од префектурата Ксигазе до кампот на врвот Монт Еверест чинеше $19,3 милиони.[47] Во март 2008 Кина им забрани на планинарите да се искачуваат на врвот од таа страна, а подоцна ја увери истото да го стори и непалската влада, официјално споменувајќи загриженост за околината.[48] Тоа исто се одрази и на загриженоста на кинеската комунистичка влада дека тибетски активисти е можно да го злоупотребат Олимпискиот факел на највисоката точка на светот.[49]
Оригиналната рута вклучуваше пауза во Тајпеј пред пристигнувањето во Хонгконг. И покрај ова, тајванската влада подоцна го одби ова, прокламирајќи дека Кина сака да го искористи патот на факелот низ Тајван како домашно патување, а не во рамките на меѓународната рута.[50] МОК го исфрли Тајпеј од рутата; и Кина и Тајван меѓусебно се обвинуваа поради мешањето на политиката во настанот.[51]
Иако квалификациите за пласман на Олимписките игри се со различна конкуренција по одделен спорт, не може во целост да се каже кои од 205. земји со свои Национален олимписки комитет) [52] ќе настап на игрите во Пекинг во 2008. Најголемиот број на земји учествуваат регуларно, иако под некои околности можно е да се случи ад бидат отсутни од игрите како што беше случајот со 6 земји на Зимските олимписки игри - 2006 во Торино. Сепак, квалификациските натпревари во различни спортови може да предвидат колку спортисти од секоја земја ќе настапат на Олимписките игри. Според Стивем Раш, шеф за спортски можности во Американскиот олимписки комитет САД на престојните игри во Пекинг ќе настапи со околу 600 спортисти што претставува рекорд во нивната историја.[53] Но, тоа не важи и за Авганистан кои ќе имаат само 4 спортисти на игрите.[54]
Јужноафриканската пливачка Натали ду Тоа, којашто освои 5 златни мдали на Параолимписките игри - 2004 успеа да обезбеди пласман на Олимписките игри со што стана првата жена која со ампутација успеала да обезбеди пласман на едни Олимписки игри, а прва личност по Оливер Халаси (Летни олимписки игри - 1936 во Берлин) којашто го сторила тоа.[55][56] Наталија Партика (којашто се родила без десната шака) ќе настапува во пинг - понг за Полска..[57]
Маршалските острови и Тували добија статус да имаат свој Национален олимписки комитет во 2006 и 2007 и се очекува да се најдат меѓу земјите-учеснички на игрите.[58][59][60] Со независноста на Црна Гора, повеќе не постои заедничката држава Србија и Црна Гора, па така Србија и Црна Гора ќе настапат посебно. Меѓународниот олимписки комитет го призна црногорскиот Национален олимписки комитет во 2007.[61][62] Северна Кореја и Јужна Кореја имаа средби за да се овозможи испраќање на обединет тим на игрите во Пекинг.[63][64] И покрај тоа ваквиот договор пропадна поради несогласувањата на Националните олимписки комитети по прашањето за големината на спортистите.[65]
На 24 јули, Неѓународниот олимписки комитет (МОК) му забрани на Ирак да учествува на Олимписките игри поради политичките влијанија на владата во спортот.
Список на меѓународни корисници на телевизиските права | ||
---|---|---|
Земја | Корисник на телевизиските права | Cite |
Австралија | Seven Network, SBS | [66] |
Белгија | VRT | [67] |
Бразил | Globo, Rede Bandeirantes, Sportv, ESPN Brasil and BandSports | [се бара извор] |
Бугарија | БНТВ | [се бара извор] |
Босна и Херцеговина | BHRT | [се бара извор] |
Канада | CBC, Radio-Canada, bold, TSN, RDS | [68] |
Чиле | TVN, Canal 13 | [се бара извор] |
Чешка | ČT1 | [се бара извор] |
Кина | CCTV; webcast on Sohu.com | [69] |
Колумбија | Caracol, RCN | [се бара извор] |
Хрватска | HRT | [се бара извор] |
Данска | DR, TV 2 | [се бара извор] |
Еритреја | Eri-TV | [се бара извор] |
Европска Унија | Eurosport | [се бара извор] |
Финска | YLE | [70] |
Франција | France 2 | [се бара извор] |
Германија | ARD, ZDF | [се бара извор] |
Грција | ERT | [се бара извор] |
Хонгконг | ATV, TVB | [71] |
Унгарија | Magyar Televízió | [се бара извор] |
Индија | Doordarshan | [72] |
Иран | IRIB Channel 3 | [се бара извор] |
Ирска | RTÉ | [73] |
Израел | Channel 1 Спортски канал | [се бара извор] |
Италија | RAI (Rai Due) | [74] |
Јапонија | NHK | [75] |
Латвија | LTV7 | [се бара извор] |
Литванија | LTV | [се бара извор] |
Македонија | МРТ | [се бара извор] |
Црна Гора | RTCG | [се бара извор] |
Мексико | Televisa ТВ Ацтека | [76] |
Малезија | Астро, РТМ | [77] |
Холандија | NPO/NOS | [78] |
Нов Зеланд | TV ONE | [79] |
Перу | ATV | [се бара извор] |
Филипини | Сончеви спортови | [80] |
Полска | TVP1, TVP2, TVP Sport | [81] |
Португалија | RTP | [82] |
Романија | Романска телевизија | [се бара извор] |
Русија | VGTRK, Канал еден | [83] |
Србија | РТС | [се бара извор] |
Сингапур | ТВ Стар Хуб кабел, ТВ медија Корп | [се бара извор] |
Словачка | СТВ | [се бара извор] |
Словенија | РТВ Словенија | [се бара извор] |
Јужна Кореја | КБС,БКМ,СБС(the Korean Pool, 2002~2008) | [84] |
Шпанија | TVE | [85] |
Тајланд | TVPOOL, NBT и ТВ САТ | [се бара извор] |
Турција | ТРТ | [се бара извор] |
Украина | Прв национален канал | [86] |
ОАР | Спортски канал Дубаи | [се бара извор] |
Обединето Кралство | BBC | [87] |
САД | NBC, CNBC, MSNBC, Oxygen, USA Network, Telemundo, Universal HD, NBC Soccer Channel, NBC Basketball Channel | [88][89] |
Венецуела | Venevision, Meridiano TV, TVES | [90] |
Виетнам | VTV | [91] |
Овие Олимписки игри ќе бидат првите кои ќе бидат емитувани со исклучително висока телевизиска точност и ќе бидат проследени од повеќе од 4 милијарди гледачи.[92] Уште на изборот за град-домаќин во 2001, Пекинг и потврди на Олимписката комисија за развој дека доколку ја добие организацијата на игрите „нема да има рестрикции за медиумските извештаи и движењето на новинарите, вклучувајќи ги и Олимписките игри“.[93]
Загриженоста за игрите го вклучува можниот бојкот на про-тибетските организации како Студентите за слободен Тибет како и организации како Амнест Интернешнел изненадени од вмешаноста на Кина во кризата во Дарфур.[94] Кина мака мачеше со проблемите во авиолиниите над Пекинг, но Пекиншкиот организационен комитет истакна дека сето тоа ќе биде решено пред почетокот на игрите. Управата на Интерпол предупреди дека постои „реална можност“ Олимписките игри во Пекинг да бидат цел на терористички групи.[95], како и множните немири од страна на протибетските протестирачи.[96]
|accessdate=, |date=
(help)</ref>Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.