датум From Wikipedia, the free encyclopedia
28 јуни — 179-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (180-ти во престапна година). Остануваат 186 дена до крајот на годината.
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 |
1098 | Во Првата крстоносна војна крстоносците ги поразиле Турците во Битката кај Антиохија. |
1389 | Се случила Косовската битка во која Србија била поразена од Османлиите. |
1914 | Австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата жена Софи се убиени од страна на Гаврило Принцип во Сараево, причината за почеток на Првата светска војна. |
1919 | Потпишан е мировен договор во Версај, Париз со што завршува Првата светска војна. |
1948 | Донесена е Резолуцијата „За состојбата во КПЈ“ попозната како Резолуцијата на Информбирото, со која се осудува раководството на КПЈ и се повикуваат сите здрави елементи во Југославија да му се вратат марксизмот и ленинизмот. |
1967 | Израел го анектира Источен Ерусалим. |
1989 | На Газиместан на Косово одбележан е јубилејот 600 години од Битката на Косово. Централен настан на прославата, на која присуствувале околу еден милион луѓе, бил говорот на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ со кој започнал неговиот подем како политичар. |
1993 | Република Македонија станува членка на УНЕСКО. |
2001 | Поранешниот српски и југословенски претседател Слободан Милошевиќ бил предаден на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, како прв шеф на држава кој бил предаден на Судот. |
1476 | Павле IV — римски папа. |
1491 | Хенри VIII — крал на Англија. |
1577 | Петер Паул Рубенс — фламански сликар. |
1712 | Жан Жак Русо — француски филозоф. |
1849 | Младен Дилевски — македонски поет. |
1867 | Лујџи Пирандело — италијански писател, добитник на Нобеловата награда. |
1880 | Никола Киров Мајски — македонски писател. |
1922 | Марио Болоњини — италијански режисер. |
1926 | Мел Брукс — американски режисер и глумец. |
1932 | Драгољуб Ставрев — македонски политичар. |
1952 | Пјетро Менеја — италијански атлетичар. |
1957 | Георги Прванов — претседател на Бугарија. |
1965 | Џон Медески — американски џез-музичар. |
1966 | Џон Кјузак — американски глумец. |
1979 | Тим Макорд — рок-музичар, член на групата „Evanescence“. |
1981 | Васил Кириенка — белоруски велосипедист. |
1982 | Томислав Пачовски — македонски фудбалер. |
1986 | Петар Ненадиќ — српски ракометар. |
1989 | Џо Ковач — американски атлетичар. |
1991 | Кевин Де Бројне — белгиски фудбалер. |
1996 | Дона Векиќ — хрватска тенисерка. |
1999 | Маркета Вондрушова — чешка тенисерка. |
767 | Павле I — римски папа. |
1183 | Хенри Младиот — крал на Англија. |
1586 | Примож Трубар — словенечки протестантски реформатор. |
1598 | Абрахам Ортелиј — фламански картограф, татко на современиот атлас. |
1836 | Џејмс Медисон — претседател на САД. |
1189 | Матилда — војвотка од Саксонија. |
1904 | Никола Каранџулов — македонски револуционер. |
1914 | Франц Фердинанд — австриски принц и престолонаследник. |
1921 | Ѓорче Петров — македонски револуционер. |
1922 | Велимир Хлебников — руски поет. |
1975 | Род Серлинг — американски сценарист, автор на серијата „Зона на самракот“. |
1992 | Михаил Таљ — советски шахист со потекло од Латвија. |
1993 | Борис Христов — бугарски оперски пејач. |
2008 | Рони Метјуз — американски џез-музичар. |
28 јуни (празници)
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.