хрватска тенисерка From Wikipedia, the free encyclopedia
Дона Векиќ (28 јуни 1996 во Осиек, Хрватска) е хрватска тенисерка.
Име | Дона Векиќ |
---|---|
Земја | Хрватска |
Место на живеење | Монте Карло, Монако |
Роден на | 28 јуни 1996 |
Роден во | Осиек, Хрватска |
Спорт | Тенис |
Висина | м | 1,79
Професионалец | септември 2012 |
Игра со | Десна рака (дворачен бекхенд) |
Заработка | $1,369,820 |
Победи-порази | 180–132 |
Титули | 2 ВТА, 5 ИТФ |
Највисок пласман | Бр. 51 (17 јули 2017) |
Сегашен пласман | Бр. 51 (17 јули 2017) |
Австралијан Опен | 2R (2013, 2017) |
Ролан Гарос | 3R (2015) |
Вимблдон | 2R (2014, 2017) |
УС Опен | 2R (2013) |
Победи-порази | 5–14 |
Титули | 0 ВТА, 1 ИТФ |
Највисок пласман | 310 (2 февруари 2015) |
Сегашен пласман | 1,066 (6 февруари 2017) |
Австралијан Опен | 2R (2015) |
Ролан Гарос | 1R (2014, 2017) |
Вимблдон | 1R (2014, 2016) |
УС Опен | 1R (2013, 2014) |
Австралијан Опен | 1R (2014) |
Вимблдон | 2R (2013) |
Ажурирано на: 12 јули 2017. |
Досега има освоено две ВТА и 5 ИТФ титули во сингл. Највисоко во својата кариера била позиционирана на 45-тото место на ВТА листата.
Својте први настапи на ИТФ турнирите Векиќ ги имала во 2010 година кога настапила на два турнири во Хрватска во нејзиниот роден град Осиек и нешто подоцна во Загреб, но и на двата испаднала веќе во првото коло.
Во следната натпреварувачка сезона Дона имала многу подобри резултати освојувајќи ја својата прва титула на ИТФ турнирите во Чизик, Велика Британија, во месец јули каде во финалето била подобра од втората носителка на турнирот австралијката Бојана Бобушиќ со 3-6 6-3 6-3. Покрај тоа таа играла во финалето на уште 3 други ИТФ турнири.
Во 2012 година Векиќ овоила уште два ИТФ турнира. Истата година го играла својот прв ВТА турнир во Куала Лумпур, но не успеала да се квалификува бидејќи била поразена уште во првото коло од квалификациите. Својот прв настап во главниот турнир на некој од ВТА турнирите го направила на турнирот во Ташкент во септември каде ги минала квалификациите со победи над Надја Киченок, Александра Артамонова и Моника Пуиг сите во два сета. Во главниот жреб на турнирот Векиќ остварила уште четири победи совладувајќи ги Магдалена Рибарикова, Лара Аруабарена, Бојана Јовановски и Ева Бирнерова на патот до нејзиното прво ВТА финале во кариерата во кое сепак била поразена од романката Ирина-Камелиа Бегу во два сета 6-4 6-4.
Векиќ ја започнала година влегувајќи во главниот ждреб за Австралија Опен 2013. Таа ја совладала Андреа Хлавачкова во првиот круг со 6-1, 6-2. Сепак, во второто коло била елиминирана од 10-тата носителка на турнирот и поранешниот светски број 1, Каролина Возњацки со 6-1, 6-4.[1]
Како 16-та носителка во квалификациите, Векиќ успеала да се квалификува за Премиер Мандатори турнирот во Мајами каде ја победила Јулија Путинцева од Казахстан во првото коло од главниот турнир, пред да биде елиминирана од 29-тата носителка русинката Елена Веснина во два сета. Подоцна истиот месец настапила и на турнирот во Монтереј каде ја совладала Јулија Коен во првото коло, а во второто била поразена од 7-мата носителка Урсула Радванска со 6-4 6-1.
Во мај дебитирала во главниот турнир на Ролан Гарос, но загубила уште на стартот од Малори Брдет од САД во два сета, а ништо поуспешно не било ни нејзиното деби на Вимблдон каде исто така испаднала уште во првото коло од квалификантката Петра Четковска. Меѓутоа, во периодот помеѓу овие два турнира Векиќ дошла до своето второ ВТА финале на турнирот во Бирмингем на трева. Таму таа ги победила Камила Џорџи, Урсула Радванска, Марија Санчес, Сорана Кирстеа и Магдалена Рибарикова, пред да биде поразена во финалето од поранешната топ 5 тенисерка Даниела Хантухова во два сета 7-6 6-4.
До крајот на сезоната за одбележување е нејзината прва победа на Отвореното првенство на САД каде во првото коло со убедливи 6-3 6-2 била подобра од украинката Људмила Киченок, но во второто коло загубила од Олга Говорцова од Белорусија во два сета.
Почетокот на сезоната 2014 за Дона бил катастрофален започнувајќи со пораз во првото коло на турнирите во Шенџен, Австралија опен, Патаја Опен и Флорианополис така што нејзината последна победа на ВТА турот останала уште на турнирот во Ташкент во септември 2013.
Во март Векиќ добила вајлдкард за турнирот во Индијан Велс каде и ја забележува првата победа за сезоната, совладувајќи ја австралиската квалификантка Оливија Роговска во два сета со 6-0 и 7-5. Сепак веќе во втрото коло дошол нов пораз, откако во два сета со 3-6 и 2-6 била елиминирана од 12-тата носителка Доминика Цибулкова. Набрзо потоа настапила и на Мастерсот во Мајами, каде успеала да се квалификува за главниот жреб со победи над Ала Кудријавцева и Јохана Ларсон во два сета. Во првото коло на турнирот Векиќ ја победила Кимико Дате Крум со 2-0 во сетови, а со истиот резултат успела да слави голема победа во второто коло изненадувајќи ја 28-мата носителка Светлана Кузнецова, пред да го заврши турнирот во третото коло со пораз од 8-мата носителка Петра Квитова. Една недела подоцна со нешто подобрена форма стигнала на турнирот во Монтереј, каде во првото коло ја поразила Гарбиње Мугуруса 5-тата носителка од Шпанија во два тајбрејк сета,[2] но во втората рунда загубила од Каролина Плишкова во три сета.
После серијата слаби и просечни резултати во средината на април Векиќ дошла во Куала Лумпур каде играјќи на Отвореното првенство на Малезија го остварува најголемиот успех во својата дотогашна кариера освојувајќи ја првата ВТА титула. Поставена како седма носителка на турнирот, Векиќ на патот до финалето успеала да ги совлада Јунг-Јан Чан, Кристина Плишкова, Патирција Мајр Ахлајтнер и Жанг Шуаи, а во самото финале ја победила првата носитека Доминика Цибулкова во три сета 5-7 7-5 7-6 реванширајќи и се за поразот во Мајами.[3] Исто така, таа добила 4 (освен против Мајр Ахлајнтер) од споменатите пет натпревари на турнирот губејќи го првиот сет односно враќајќи се по сет негатива.
Периодот за турнири на земја не бил многу успешен за Векиќ, но ниту на турнирите на трева немала повеќе успех освен нејзината прва победа во кариерата на Вимблдон, совладувајќи ја 21-вата носителка италијанката Роберта Винчи во три сета со 6-4 4-6 6-4, но веќе во следниот натпревар таа била поразена од Вера Звонарева. Завршницата од сезоната била исполнета со слаби резултати за Векиќ, откако таа загубила во првиот натпревар кој го играла на 9 од 12 турнири. Годината ја завршила на 84-тото место што бил нејзин највисок пласман на крајот на една тениска сезона.
За првпат две победи на еден турнир во 2015 година Векиќ врзала на Ролан Гарос победувајќи ги домашната тенисерка 31-вата носителка Каролина Гарсија во првото и Бојана Јовановски во второто коло, пред да загуби во два сета од Ана Ивановиќ. Тоа бил нејзиниот прв пласман во третото коло на некој Гренд Слем турнир во нејзината кариера. Во јули стигнала до четвртфиналето на турнирот во Баку, каде загубила од романската квалификантка Патриција Марија Тиг во два сета. Во септември стигнала до нејзиното четврто ВТА финале во кариерата, второ на турнирот во Ташкент (по она во 2012), но повторно била поразена овојпат во два сета од јапонката Нао Хибино со 6-2 6-2. Претходно Дона ги совладала Кики Бертенс, Карина Витхофт, Ана-Лена Фридсам и Евгенија Родина. Слабата сезона во која освен едно финале и едно четвртфинале Векиќ немала други добри резултати значително и го расипала пласманот на крајот на годината завршувајќи на 105-тото место. Така, за првпат по 2012 година завршила една сезона надвор од топ 100.
2016 година била најслаба за Векиќ во нејзината кариера. Само на 4 ВТА турнири успеала да мине по едно коло и ништо повеќе од тоа, а на сите останати на кој играла била елиминитана уште во првата рунда. Во втората половина на октомври ја освоила својата петта ИТФ титула на турнирот во Шарм ел Шеик во Египет со награден фонд од 100.000 долари, победувајќи ја во финалето шпанската тенисерка Сара Сорибес Тормо во три сета. Годината ја завршила на 101-вото место.
На Австралија Опен 2017 Векиќ по вторпат во својата кариера стигнала до второто коло, победувајќи ја Лизет Кабрера во првото со 7-5 6-2, но и во вториот обид да мине во третата рунда на турнирот повторно била спречена од Каролина Возњацки со 6-1 6-3 исто како и во 2013 година. Во јуни Векиќ ја освоила својата втора ВТА титула победувајќи на турнирот во Нотингем на трева.[4] Таму таа ги совладала Шелби Роџерс, Џулиа Бозеруп, Марија Сакари, Луција Шафарова и во финалето после повеќе од два и пол часа игра домашната тенисерка и првата носителка Јоана Конта во три сета со 2-6 7-6 7-5 што и донело и најдобар ренкинг во кариерата на 58-мото место на ВТА листата. Сепак, откако многу брзо тие двете повторно се сретнале во второто коло на Вимблдон, Конта ја искористила можноста да и се реваншира на Векиќ совледувајќи ја со 7-6 4-6 10-8 после повеќе од три часа игра на централниот терен.[5] Претходно Векиќ во првото коло ја совладала Наталија Вихлјантсева од Русија во три сета 6-7 6-4 6-1. На Отвореното тениско првенство на САД 2017, Векиќ го остварила својот најдобар пласман на овој турнир достигнувајќи за првпат во својата кариера до третата рунда, победувајќи ги Беатриз Хадад Маја со 6-2 6-1 во првото и Шуаи Пенг со 6-2 6-0 во второто коло пред да биде елиминирана од 16-тата носителка Анастасија Севастова со 6-2 6-3. На 25 септември го достигнала својот највисок пласман во сингл во својата кариера, кога била рангирана на 45-тото место на ВТА листата. Сезоната ја завршила на 47-мото место.
Својата прва победа во 2018 ја остварила на турнирот во Хобарт совладувајќи ја Татјана Марија со 6-4 6-2. Во второто коло Векиќ ја совладала и Маркета Вондрушова од Чешка со 6-4 6-4, пред да биде елиминирана од Хедер Вотсон во четвртфиналето со 6-0 6-4.
|
|
|
|
Исход | Бр. | Дата | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Вицешампион | 1. | 18 април 2011 | Хвар, Хрватска | Земја | Ема Бургиќ | 5–7, 6–7(2–7) |
Победник | 1. | 25 јули 2011 | Чизик, Велика Британија | Тврда подлога | Бојана Бобушиќ | 3–6, 6–3, 6–3 |
Вицешампион | 2. | 15 август 2011 | Вестенде, Белгија | Тврда подлога | Лу Џијаџинг | 4–6, 6–7(4–7) |
Вицешампион | 3. | 17 октомври 2011 | Лагос, Нигерија | Тврда подлога | Елина Свитолина | 4–6, 3–6 |
Вицешампион | 4. | 24 октомври 2011 | Лагос, Нигерија | Тврда подлога | Тамарин Хендлер | 4–6, 5–7 |
Победник | 2. | 19 март 2012 | Бангалоре, Индија | Тврда подлога | Андреа Кох Бенвенуто | 6–2, 6–4 |
Вицешампион | 5. | 16 април 2012 | Наманган, Узбекистан | Тврда подлога | Олга Пучкова | 6–3, 3–6, 2–6 |
Победник | 3. | 14 мај 2012 | Фергана, Узбекистан | Тврда подлога | Надја Киченок | 6–2, 6–2 |
Вицешампион | 6. | 16 јули 2012 | Кампос до Жордао, Бразил | Тврда подлога | Марија Иригојен | 5–7, 0–6 |
Вицешампион | 7. | 23 јули 2012 | Рексам, Велика Британија | Тврда подлога | Карина Витхофт | 2–6, 7–6(7–4), 2–6 |
Победник | 4. | 22 April 2013 | Истанбул, Турција | Тврда подлога | Елизавета Куличкова | 6–4, 7–6(7–4) |
Вицешампион | 8. | 24 септември 2016 | Санкт Петербург, Русија | Тврда подлога (i) | Наталија Вихлјантсева | 1–6, 2–6 |
Победник | 5. | 23 октомври 2016 | Шарм ел Шеик, Египет | Тврда подлога | Сара Сорибес Тормо | 6–2, 6–7(7–9), 6–3. |
|
|
Турнир | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | W–L |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Австралија Опен | A | 2R | 1R | 1R | 1R | 2R | 2–5 |
Ролан Гарос | A | 1R | 1R | 3R | 1R | 1R | 2–5 |
Вимблдон | A | 1R | 2R | Q2 | 1R | 2R | 2–4 |
УС Опен | Q3 | 2R | 1R | Q2 | Q3 | 1–2 | |
Победи–Порази | 0–0 | 2–4 | 1–4 | 2–2 | 0–3 | 2–3 | 7–16 |
Турнир | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | W–L |
---|---|---|---|---|---|
Австралија Опен | A | 1R | 2R | A | 1–2 |
Ролан Гарос | A | 1R | A | A | 0–1 |
Вимблдон | A | 1R | A | 1R | 0–1 |
УС Опен | 1R | 1R | A | Н/П | 0–2 |
Победи–Порази | 0–1 | 0–4 | 1–1 | 0–0 | 1–6 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.