островска држава во западна Африка From Wikipedia, the free encyclopedia
Саун Томе и Принсип португалски: São Tomé e Príncipe, службено Демократска Република Саун Томе и Принсип (República Democrática de São Tomé e Príncipe) — островска држава во Африка, во центарот на Гвинејскиот Залив. Државата се состои од два острови: Принсип и Саун Томе, разделени меѓу себе 140 км, а додека од брегот на Африка се оддалечени 250 односно 225 км. Двата острови се состојат од венец на изумрени вулкански острови. Саун Томе, поголемиот остров, се наоѓа северно од екваторот и го добил името по Свети Тома, поради тоа што Португалците пристигнале за првпат на островот на самиот ден Св. Тома. Саун Томе и Принсип е втората најмала земја во Африка, во поглед на населението. Исто така, таа е најмалата земја каде се зборува португалски јазик.
Демократска Република Саун Томе и Принсип República Democrática de São Tomé e Príncipe (португалски) |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Unidade, Disciplina, Trabalho (португалски) „Единство, дисциплина, труд“ |
||||||
Химна: Independência total Целосна независност |
||||||
Местоположбата на Саун Томе и Принсип (темносина) – во Африка (светлосина и темносива) |
||||||
Главен град | Саун Томе | |||||
Најголем град | гл. град | |||||
Службен јазик | португалски | |||||
Признаени регионални јазици |
|
|||||
Демоним | Саунтомејци | |||||
Уредување | Унитарна полупретседателска република[1] | |||||
• | Претседател | Еваристо Карвалјо | ||||
• | Премиер | Жорге Бом Жезус | ||||
Законодавство | Национално собрание | |||||
Независност | ||||||
• | од Португалија | 12 јули 1975 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 1.001 км2[2] (171-ва) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2016 г. | 199.910[3] (186-та) | ||||
• | Попис 2012 | 178,739 | ||||
• | Густина | 199.7 жит/км2 (69-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупен | $685 милиони[4] | ||||
• | По жител | $3,220[4] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупно | $355 милиони[4] | ||||
• | По жител | $1,668[4] | ||||
Џиниев коеф. (2010) | 33.9[5] среден |
|||||
ИЧР (2018) | ▲ 0.609[6] среден · 137-ма |
|||||
Валута | Добра (STN ) |
|||||
Часовен појас | GMT (UTC ) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .st | |||||
Повик. бр. | +239 |
Името на државата потекнува од имињата на двата главни острови. Саун Томе (на португалски São Tomé) е португалско име за Свети Тома. Се верува дека островите биле откриени од Европејците на 21 декември 1471, денот на Свети Тома, и по тоа се именувал островот. Другиот остров, Принсип (на португалски Príncipe) е исто така португалски збор и значи „принц“. Принсип бил откриен на 17 јануари 1472 година, ден на Свети Антониј Велики. Така, првото име на островот бил Санто Антао (Свети Антониј), но името било променето во 1502 година во „Принцов Остров“ (Ilha do Príncipe), во чест на принцот на Португалија.
Островите Саун Томе и Принсип биле ненаселени пред доаѓањето на португалците во околу 1470 година. Островите биле откриени од Жоао де Сантарем и Педро Ескобар. Цели три години португалските морепловци го истражувале островот пред да донесат одлука каде да биле изградена почетната база. Португалските морепловци го истражиле островот и одлучиле да останат таму бидејќи биле на добра местоположба. Се смета дека островот Саун Томе бил откриен на 21 декември 1471 година, денот на Свети Тома или на 17 јануари 1472 година, денот на Антониј Велики.[7] Во 1493 година било создадено првото населено место од страна на Алваро Камиња по заповед на кралот Жоау II од Португалија. Во 1500 година на истиот начин било основано и првото населено место на Принсип. Земјата била експлоатирана, а како главни робови служеле донесените евреи, осуденици и робови.[8] Многу бргу островот станал најголемиот производител на шеќер во Африка. Но по развојот на шеќерната трска во Западна Африка, значењето на островот во тој поглед се намалило. Во околу 1800 година започнало да се произведува кафе и какао. Од тој период до денес, Саун Томе и Принсип е најголемиот производител на какао во светот. Во 1875 година било укинето ропството, а во периодот помеѓу 1951—1972, островите станале провинција на Португалија.
во 1953 година избувнало востание на работниците против португалската власт кое востание завршило по колежот на 1.000 востаници. По ова започнало да се шири националистичката свест и движење чија главна цел било ослободувањето на островите. На 12 јули 1975 година била прогласена независност. За прв претседател бил избран Мануел Пинто де Коста. Саун Томе и Принсип била меѓу првите африкански земји кои во 1990-тите донела демократски реформи и легализација на опозициските партии, така што изборите во 1991 година биле слободни. Мигел Тровада бил избран за претседател на двапати. Во текот на 2009 година во земјата имало обид за државен удар врз Фрадик де Менезес, кој истиот не бил успешен.[9]
Островите Саун Томе и Принсип се наоѓаат во Алтантскиот Океан на околу 300 и 250 километри оддалеченост од Габон и воедно е втора најмала држава во Африка. Двата острова се дел од камерунската вулканска линија.
Саун Томе е 50 километри долг и 32 километри широк и повеќе е планински одошто Принсип. Највисокиот врв во Саун Томе е 2.024 метри. Принсип е долг 30 километри и 6 километри широк.
Климата во Саун Томе и Принсип е тропска и топла со просечна годишна темепература од 27 °C. Температурата ретко се подига над 32 степен. Ноќите се поладни. Дождната сезона во Саун Томе и Принсип е од октомври до мај.
Саун Томе и Принсип е повеќепартиско општество од 1990 година. Претседателот на Саун Томе и Принсип се избира за мандат од пет години. Еден претседател може да се кандидира за два мандата. Премиерот се избора од страна на претседателот, а додека четиринаесетчлениот кабинет се избира од страна на премиерот.
Националното собрание е составено од 55 членови, кои се избрани за четиригодишен мандат. Судската власт во Саун Томе и Принсип е независна.
Саун Томе и Принсип е поделен на две покраини: Принсип и Саун Томе.
Покраините понатака се поделени на седум области, од кои шест се на островот Саун Томе и една на островот Принсип. Принсип има самоуправувачка влада од 29 април 1995.
Од 1800-тите, економијата на Саун Томе и Принсип била заснована на земјоделието. Кога државата се обидувала да стекне независност, португалските поседи на плантажите заземале околу 90% од обработливата земја. После независноста, контролата над поседите потпаднала во рацете на повеќе земјоделски компании. Главна суровина за извоз на Саун Томе и Принсип е какаото и зазема околу 95% од вкупниот извоз.
Вкупното население на Саун Томе и Принсип е 138.500, од кои 137.500 живеат на Саун Томе, а додека 6.000 жители има на Принсип. Сите се потомци на различни етнички групи, па така досега се забележани:
Иако Саун Томе и Принсип е мала држава таа има четири национални јазици: португалски јазик (официјален), португалски креолски јазик, фороански јазик, анголски јазик и принсипски јазик.
Скоро цело население на Саун Томе и Принсип се христијани, поточно католици и протестанти.
Верници во Саун Томе и Принсип | ||||
---|---|---|---|---|
Христијани | 82,20 % | |||
Без Религија | 12,60 % | |||
Народна Религија | 2,90 % | |||
Други | 2,40 % |
Културата во Саун Томе и Принсип е мешавина на африкански и европски елементи.
Саун Томе е познат по усуата, додека Принсип по деша ритамот. Чилоли е музички танц кој изразува праматична приказна.
Саун Томе и Принсип е една од првите африкански држави кои ја прифатиле демократијата. Оваа држава тоа го направила уште во 1990 година. На претседателските избори одржани во јули 2001 година, кандидатот поддржан од Независната демократска партија Фрадик де Менезес бил избран во првиот круг.
На 16 јули 2003 година мајорот Фернандо Переира ја презел власта во Саун Томе и Принсип со воен удар. Се смета дека воениот удар е последица на работата на владата со нафтените корпорации. По само седум дена преговори бил склучен договор и Переира се повлекол од власт, а Менезес пак ја водел државата.
Саун Томе и Принсип генерално е во добри односи со повеќето држави. Државата има амбасади во Ангола,Белгија,Габон,Португалија и Соединетите Американски Држави. Член е на сојузот на држави во кои службен јазик е португалскиот јазик.
Оваа држава има прилично мала војска и таа е поделена на четири делови: армија (Exército), морнарица (Guarda Costeira), претседателска гарда (Guarda Presidencial) и државна гарда.
Саун Томе и Принсип е првата држава која ја повлекла одлуката за признавање на Косово. Повлекувањето се случило во 2013 година.
Спортот е популарен во оваа држава. Фудбалот се истакнува како најпопуларен спорт.Фудбалската репрезентација на Саун Томе и Принсип е под раководство на фудбалската федерацијата на државата. Фудбалската репрезентација е член на Африканската Фудбалска Конфедерација и ФИФА.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.