From Wikipedia, the free encyclopedia
Упростени кинески знаци (кин. упр. 简体字 трад. 簡體字; пинјин: Jiǎntǐzì) се стандардизирани кинески знаци пропишани во „Список на општоприсутни знаци во современиот кинески јазик“ во Кина. Заедно со традиционалните знаци, ова е стандардниот збир знаци на пишаниот кинески јазик. Владата НР Кина го вовела системот уште во 1950-тите години како мерка описменување на населението.[1] Упростеното писмо е службено во НР Кина и Сингапур.
Упростено кинеско писмо | |
---|---|
Тип | логографско
|
Период | од 1956 |
Правец на пишување | од лево кон десно |
Јазици | кинески |
Сродни писма | |
Матични системи | коскено писмо
|
Сродни системи | канџи, ќи ном, ханча, киданско, џујин |
ISO 15924 | |
ISO 15924 | Hans, 501 , Han (Simplified variant) |
Уникод | |
Традиционалните знаци се користат во Хонгконг, Макао и Тајван, како и добар дел од кинеската дијаспора.
Упростените знаци службено се нарекуваат 简化字 (Т: 簡化字, џиенхуаце),[2] а разговорно се наречени 简体字 (Т: 簡體字, џиентице).[3] На самиот почеток на големиот потфат за упростување во 1952 г. Мао Цетунг изјавил дека упростувањето ќе се состои од измена на структурата на знаците, и значително намалкување на нивниот број.[4]
Упростените облици на знаците се создадени со намалување на бројот на потези и поедноставување на општиот облик на голем дел од традиционалните знаци. Некои од упростувањата се водат според народните раскописни облици, кои самите претставуваат поедноставувања на графичките и фонетските елементи на традиционалните облици. Некои знаци се упростени со примена на еднообразни правила, како на пр. заменувајќи ги сите јавувања на извесен дел со негова упростена верзија. Онаму каде што има повеќе знаци со ист изговор и значење (хомоними) се сведени на само еден, обично најпростиот. Сепак, треба да се напомене дека постојат многу знаци што остануваат неизменети и изгледаат исто како во традиционалниот стандард.
Некои упростени знаци изгледаат мошне различно од традиционалните облици, особено кај оние каде извесен дел е заменет со со произволен прост симбол.[5] Со ова, противниците на упростување што не се упатени во методите да речат дека целото упростување е произволно.[6][7] При упростувањето се применуваат впрочем малку правила и сите се доследни.[8] Од друга страна, поборниците за упростување честопати посочуваат неколку посебно избрани знаци како генијални изуми, но тие се впрочем варијанти што постоеле стотици години.[9] Расправата за упростувањето на знаците продолжува и денес.
Во 1977 е воведено второ коло на упростувања, но истото е повлечено од повеќе причини. Иако веќе долго време нема значајни промени во писмото, владата никогаш се нема официјално изјаснето дека се откажува од понатамошно упростување. Во август 2009 г, надлежните почнале да го испитуваат јавното мислење по предложен список на изменети знаци.[10][11][12][13]
Упростувањето на знаците е извршено и во Сингапур и Малезија, кои имаат бројно кинеско население.
Иако највеќето упростени знаци од денешното писмо се плод на напорите на владата и државните установи на НР Кина во 1950-тите и 60-тите, упростувањето на знаците е покренато пред создавањето на денешна Кина (1949). Упростените облици во ракописното писмо и во печатот постојат од многу дамнешни времиња, барем од периодот на династијата Ќин (III век п.н.е.).
Еден од првите поборници за упростување на писмото бил просветниот деец Луфеј Куј, кој во 1909 г. предложил во образованието да се користат упростени знаци. Во периодот веднаш по Четворомајското движење (1919), многу од интелектуалците што се бореле против царскиот систем сега правеле напори за да ја осовременат земјата. Традиционалните вредности како конфуцијанството биле отфрлени како угнетувачкии заостанати, а дотогашното писмо го сметале за голема пречка во развојот на државата, настојувајќи да го упростат или сосема отфрлат постоечкото писмо. Водачот на движењето, Фу Сениен, ги нарекол знаците „писание на воловски ѓаволи и змиски божества“[14] Истакнатиот писател Лу Син изјавил дека „доколку не ги уништиме кинеските знаци, Кина ја чека смрт.“ Се смета дека во тоа време, знаците се сметале и за причина за економските проблеми на земјата.[15]
Во 1930-тите и 1940-тите се развила дискусија за упростување на писмото во рамките на Куоминтангот. Голем број интелектуалци и дејци веќе подолго време биле на ставот дека упростувањето на знаците е нужно за масовното описменување на населението.[16] Јазичарот Чиен Сјуентунг составил список од 324 упростени знаци кои биле воведени во 1935 г. како „прво коло на упростување“, но наредната година истите биле повлечени.
Народна Република Кина го вовела првото коло на упростувања со уредба во два документа, едниот во 1956, а другиот во 1964 г. Во овој период се појавиле и мешани (полуупростени) знаци кои имале краткотрајна преодна улога за да го олеснат усвојувањето на новите знаци.
Понатамошното упростување во НР Кина е во потесна врска со левичарството во Културната револуција, од кое произлегло второто коло на упростување, прогласено во 1977 г. Интелектуалците што биле против ова упростување биле прогласувани за десничари. Еден од нив, Чен Менгџиа, дури и извршил самоубиство.[17] Ова второ коло имало слаб успех во јавноста, делумно поради потресноста на Културната револуција и смртта на Мао Цетунг, па затоа во 1986 г. овие знаци биле повлечени. Подоцна истата година, надлежните објавиле нов правопис со само шест измени од оној од 1964 г, меѓу кои и повраток на традиционалниот облик на три претходно упростени знаци.
Во НР Кина постоеле и обиди за целосно заменување на кинеското писмо со латиничниот пинјин, но идејата не наишла на слух. По повлекувањето на второто коло на упростување, владата решила повеќе да не го упростува писмото. Во 2009 г. е објавена голема преработка на 8.300 знаци во која немало нови упростувања, туку други измени: вратен е традиционалниот облик на 6 знаци и воведен е уште 51 знак што дотогаш важеле за нестандардни варијанти. Покрај ова, 44 знаци претрпеле ситни измени во правописот (како обликот на потезите). Во овој проглас исто така се нагласува дека отсега упростувањето на ретко употребуваните и малку познати знаци по аналогија на клучот е непожелно. Во истиот период, надлежите побарале мислења од јавноста.[18]
Сите вака упростени знаци се наведени на Табела 1 и Табела 2 од Целосниот список на упростени знаци. Знаците од обете табели се структурно упростени според слични начела. Поделени се во две табели за да се означат оние што се употребливи како упростени составни делови, според кои е добиена Табела 3.[19]
Замена на еден знак со друг постоечки знак што звучи исто или слично:
Употреба на печатни облици на ракописни знаци (草書楷化):
Замена на составен дел од знак со прост симбол како 又 и 乂:
Исфрлање на цели составни делови:
Дополнителна измена на знакот по исфрлањето на извесни составни делови:
Запазување на основните контури на изворниот знак
Замена на фонетскиот дел од фоносемантичките сложени знаци:
Замена на некој произволен дел од знакот со фонетски дел, претворајќи го во нов фоносемантички сложен знак:
Замена на целиот знак со новосоздаден фоносемантички сложен знак:
Усвојување на малку познати древни облици или варијанти:[20]
Усвојување на древни простонародни варијанти:[20]
Преусвојување на знаци на фонетски заемки:
Based on 132 characters and 14 components listed in Chart 2 of the Целосен список на упростени знаци, the 1,753 'derived' characters found in the non-exhaustive Chart 3 can be created by systematically simplifying components using Chart 2 as a conversion table. While exercising such derivation, following rules should be observed:
Sample Derivations:
Во „Прв збир од Приредниот список на варијантни знаци“ се намалува вкупниот број на стандардни знаци. Кога знакот има повеќе варијанти со ист изговор и значење, се избира еден (обично најпростиот) и станува стандарден, а другите се отфрлаат. Меѓу избраните варијанти, оние што се наведени во „Целосен список на упростени знаци“ исто така се упростуваат по структура. Еве некои примери:
Просто поедноставување на истоветни варијанти:
При изборот на стандардни знаци, почесто се претпочитаат древните варијанти со проста структура:
Простонародни облици со попроста структура:
Избраната варијанта е веќе упростена на Табела 1:
Во извесни случаи, избраната варијанта е всушност посложена од онаа што се отфрла бидејќи мора да се земе предвид и вкупниот број на знаци што треба да се добие. Пример е знакот 搾, кој е отфрлен за сметка на варијантата 榨. Треба да се напомене дека клучот „рака“ 扌, со три потези лево од отфрлениот знак 搾 сега се смета за „посложен“, јавувајќи се како клучот „дрво“ 木 со четири потези во избраната варијанта 榨.
Новите стандардизирани облици на знаците започнати во „Список на општокористени знаци во облик наменет за издаваштвото“ и преработени во „Список на општоприсутни знаци во современиот кинески јазик“ најчесто усвојуваат простонародни варијантни облици. Since the new forms take простонародни variants, many characters now appear Бидејќи новите облици се водат според простонародните варијанти, многу од знаците сега изгледаат малку поедноставно од старите и затоа многумина погрешно мислат дека се работи за структурно упростени знаци. Еве некои примери:
Традиционалниот составен дел 釆 се претвора во 米:
Традиционалниот составен дел 囚 се претвора во 日:
Традиционалниот потег „пречка“ се претвора во потегот „точка“:
Традиционалниот составен дел ⺥, а 爫 се претвора во ⺈:
Традиционалниот составен дел 奐 се претвора во 奂:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.