From Wikipedia, the free encyclopedia
Германски јазик (самонар. Deutsch) — јазик од групата на западни германски јазици кој има одредени сличности со англискиот и холандскиот јазик. Како мајчин јазик го зборуваат околу 100 милиони говорници и е еден од водечките светски јазици, како и прв јазик кој нашироко се зборува во Европската Унија[2][3].
Германски | |
---|---|
Deutsch | |
Изговор | /dɔɪ̯tʃ/ |
Застапен во | Германија, Австрија, Швајцарија, Лихтенштајн, Луксембург и во некои гранични области, Белгија и Италија како малцински јазик |
Подрачје | Средна Европа, Западна Европа |
Говорници | 90 милиони (како мајчин)[1] до 95 милиони[2] |
Јазично семејство | Индоевропско
|
Писмо | Латиница (германска варијанта) |
Статус | |
Службен во | Австрија Белгија Болцано (покраина), Италија Германија Лихтенштајн Луксембург Швајцарија Европска Унија (службен и работен јазик) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | de |
ISO 639-2 | ger (B) deu (T) |
ISO 639-3 | Разни: deu — современ германски gmh — средногорногермански goh — старогорногермански gsw — швајцарски swg — швапски gct — алеман колоњеро wae — валзерски bar — австробаварски yid — саксонскотириншки mhn — јидиш nds — мочено sxu — долногермански cim — горносаксонски sli — цимбриски wep — долношлезиски pfl — фалечки pdt — рамногермански vmf — мајнскофранконски ksh — келнски pdc — пенсилваниски германски geh — хутеритски ltz — луксембуршки јазик rip — рипуарски јазик uln — унсердојч |
Германскиот јазик најмногу се зборува во Германија (каде што е прв јазик на повеќе од 95% од населението), Австрија (89%) и Швајцарија (65%). Исто така, германскиот го зборуваат и мнозинство од населението во Луксембург и Лихтенштајн.
Други европски заедници кои го зборуваат германскиот јазик се наоѓаат во Северна Италија (во покраината Болцано и во некои општини во други покраини), во источните кантони во Белгија, во француските региони Елзас и Лорена, како и во некои гранични села од поранешниот Јужен Јиланд во Данска.
Заедници кои зборуваат германски исто така се наоѓаат во делови од Чешка, Словачка, Унгарија, Полска, Романија, Србија, Русија и Казахстан.
Насилните протерувања од Русија после Втората светска војна и големите емиграции во Германија во осумдесеттите и деведесеттите години, иселиле повеќе од овие заедници. Германски зборува и странското население како и некои од потомците во Босна, Бугарија, Кипар, Хрватска, Египет, Грција, Израел, Мароко, Холандија, Португалија, Скандинавија, Словенија, Шпанија, Турција и Обединетото Кралство.
Заедници кои зборуваат германски постојат и во поранешната германска колонија Намибија во Јужна Африка, која е независна држава од 1990 година, како и во други земји во кои има германски емигранти како што се Канада, Мексико, Доминиканска Република, Парагвај, Уругвај, Чиле, Перу, Венецуела (каде што е развиен дијалектот алемен колониеро), Јужноафриканска Република и Австралија. Во Намибија, германските Намибијци ги задржале германските образовни институции.
Во Бразил најголема концентрација на германски говорници има во Јужно Рио Гранде, Санта Катарина, Парана, Саун Пауло и Еспирито Санто.
Значајна концентрација на потомци кои зборуваат германски има во Аргентина (5 милиони), Венецуела, Парагвај и Чиле (3 милиони). Во дваесеттиот век, преку 100 000 германски политички бегалци и претприемачи се преселиле во Латинска Америка, во земји како Костарика, Панама, Венецуела и Доминиканската Република, и основале енклави во кои се зборува германски јазик. Како што се зборува, постои мала германска емиграција во Порторико. Скоро сите жители на градот Помероде во државата Санта Катарина во Бразил можат да зборуваат германски.
Според американскиот попис од 2000 година, германскиот во Соединетите Американски Држави, после англискиот, шпанскиот, кинескиот и францускиот, е петти по ред најзборуван јазик во домовите (околу 1,4 милиони). Оттука произлегува дека во Соединетите Американски Држави се наоѓа една од најголемите концентрации на луѓе кои зборуваат германски надвор од Европа. Државите Северна Дакота и Јужна Дакота се единствените држави во кои германскиот, после англискиот, е најчестиот јазик кој се зборува во домовите (вториот најзборуван јазик во другите држави е шпанскиот или францускиот). Навестување за германската присутност се наоѓа во имињата на некои места како Нов Улм и многу други градови во Минесота, Бизмарк (главниот град на државата), Минхен, Карлсруе и Стразбур во Северна Дакота, Нов Браунфелс и Минстер во Тексас и Кил, Берлин и Урмантаун во Висконсин. Во текот на дваесеттиот век, многу од потомците на емигрантите од осумнаесеттиот и XIX век продолжиле да зборуваат германски дома, но мала популација од постари (како и од помлади жители) може да се сретне во Пенсилванија (Амишите, Хатеритите, Данкардсите и некои Менонити, кои низ историјата зборувале хатерски германски и западен средногермански, комбинација од пенсилвански германски), Канзас (Менонити и Поволшките Германци), Северна Дакота (хатерски Германци, Менонити, руски Германци и балтички Германци), Јужна Дакота, Монтана, Тексас, Висконсин, Индијана, Орегон, Луизијана и Оклахома. Во раниот дваесетти век, имиграцијата била зачестена во Сент Луис, Чикаго, Њујорк, Милвоки, Питсбург и Синсинати. Според последниот попис во 2006 година, во Канада има 622 650 германски говорници, додека луѓето со германско потекло (германските Канаѓани) ги има низ целата земја. Заедници кои зборуваат германски делумно можат да се сретнат во Британска Колумбија (118 035) и Онтарио (230 330). Во градот Киченер во Онтаиро постои голема и динамична општина која одамна е наречена Берлин. Германските имигранти имале важна улога во трите големи урбани реони во земјата: Монтреал, Торонто и Ванкувер, имигрантите кои се доселиле после Втората светска војна успеале да го зачуваат влијанието на германскиот јазик во нивните соседства и квартови. Во првата половина на дваесеттиот век, повеќе од милион германски Канаѓани, германско-канадскиот јазик го претвориле во трет јазик кој најмногу се зборува, после францускиот и англискиот. Во Мексико исто така има три големи групи жители со германско потекло, најмногу во градовите: Град Мексико, Пуебла, Мацалтан, Тапачула и бројно население раштркано низ државите: Чихуахуа, Дуранго и Закатекас. Се зборува и дека жители со германско потекло има во соседните градови околу Гвадалахара, Халиско и повеќе во Северно Мексико каде германското влијание се има пренесено во мексиканската култура. Стандарден германски се зборува во богатите германски заедници во Пуебла, градот Мексико, Нов Леон, Сан Луис Потоси и Кинитана Ро.
Германските дијалекти кои се зборуваат или се зборувале во колонии или заедници кои ги основале германските говорници наликуваат на дијалектите во регионите од каде што потекнуваат основачите. Тексашки германски е дијалект кој се зборува во областите од Тексас кои се колонизирани, како Њу Браунфелс и Фредериксбург. Плаутдич е малцински јазик кој го зборуваат заедниците на Менонитите во Северно Мексико и повеќе од 200 000 луѓе во Мексико. Пенсилванискиот холандски е германски дијалект кој го зборуваат Амишите од Пенсилванија, Индијана и Охајо.
Хатеритскиот германски е погорен германски дијалект од австробаварското наречје на германскиот јазик кој го зборуваат заедниците на Хутеритите во Канада и во Соединетите Американски Држави. Хутеритскиот се зборува во американските држави: Вашингтон, Монтана, Северна Дакота, Јужна Дакота и Минесота и во канадските покраини Алберта, Саскачеван и Манитоба. Неговите говорници припаѓаат на некои хатеритски групи, но сепак постојат говорници меѓу постарите генерации Прерилити (потомците од Хатеритите кои одлучиле да не се населат во колонии). Хатеритските деца кои растат во колонии прво учат и зборуваат хатеритски германски, пред да учат англиски - стандардниот јазик на опкружувањето во приватното целодневно училиште. И покрај тоа, многу колонии настрана од целодневните училишта продолжуваат со училишта во кои се учи германска граматика. Во Австралија, во државата Јужна Австралија, нагласен бран на германскиот јазик од Прусија пристигна во илјада осумстотини и четириесеттите години (особено од регионот на Шлеска). Со долготрајната изолација од други германски говорници и контакт со австралискиот англиски, некои укажувале на новосоздаден единствен дијалект познат како бароски германски, кој најмногу се зборувал во долината Бароса во близина на Аделаида. Продолжил да се користи како прв јазик во дваесеттиот век, но неговата употреба сега е ограничена на неколку постари говорници. Постои и значаен германски креолски, наречен унзердојч, кој го зборуваат неколку постари жители во поранешната колонија на Германија во Папуа Нова Гвинеја, низ Микронезија и во северните делови на Австралија (т.е. во крајбрежните делови на Квинсленд и Западна Австралија). Постои сериозен ризик од негово изумирање, но стручњаците прават напори да се оживее интересот за овој јазик.
Според Глобал Рич (2004), 6,9% од интернет корисниците се Германци. Според Нец-тип (2002) 7,7% од мрежните места се напишани на германски јазик, правејќи го единствен после англискиот во европската јазична група. Некои постари статистики од 1998 година, откриваат дека германскиот е трет најпопуларен јазик кој се користи на интернет, по англискиот и јапонскиот.
Историјата на јазикот започнува со формалната германска промена на согласките за време на миграцискиот период, разделувајќи ги од старите отмени дијалекти на Стара Саксонија. Најстарите сведочења за стариот отмен германски потекнуваат од раштрканите написи на постар футарк, особено во Алеманија од шестиот век и од најстарите разбирливи текстови (Хилдебрандслид, Муспили и Мерсбург Инкантејшнс) создадени до деветтиот век. Во ова време стариот саксонски припаѓа на северноморската германска културна сфера, а непристојниот саксонски повеќе би потпаднал под германско отколку под англо-фризиско влијание за време на Светото Римско Царство.
Бидејќи Германија била разделена на повеќе различни држави, единствената сила за унифицирање или стандардизација на германскиот јазик во периодот од неколку стотици години била претпочитањето на писателите да се обидат да пишуваат на начин кој би бил разбирлив во што е можно повеќе региони.
Кога Мартин Лутер ја превел Библијата (Новиот завет во 1522 година, а Стариот завет бил објавен во делови и завршен во 1534 година), својот превод најмногу го засновал врз бирократскиот стандарден јазик кој се зборувал во Саксонија (зексише канцлаишпрахе), исто така познат и како мајснер-дојч (германски кој се зборувал во градот Мајсен). Јазикот се засновал врз источниот погорен германски и источните средногермански дијалекти и зачувал голем дел од граматичкиот систем на средногорниот германски (кој не е сличен со германските дијалекти кои се зборувале во Средна и Горна Германија, кои веќе во тоа време започнале да го губат падежот генитив и претеритумот). Во почетокот, преписите на Библијата имале долг список за секој регион, во кој непознатите зборови биле преведени на регионалниот дијалект. Римокатолиците во почетокот го одбиле преводот на Лутер и се обиделе да создадат нивни сопствени католички стандарди (гемајнес дојч) кои сепак се разликувале од „протестантскиот германски“ само во некои ситни детали. Создавањето стандарден јазик траело до средината на осумнаесеттиот век, со што тој бил нашироко прифатен, на тој начин завршувајќи го периодот на раниот нов горногермански.
До околу 1800 година, стандардниот германски бил речиси исклучиво пишан јазик. Во ова време, луѓето во модерна северна Германија, кои зборувале дијалекти многу поразлични од стандардниот германски, го изучувале стандардниот германски речиси како странски јазик и се обидувале да го изговорат што е можно поблиску до вистинскиот изговор. Прирачниците за нормативен изговор сметале дека изговорот на северниот германски е стандарден јазик. Сепак, фактичкиот изговор на стандардниот германски се разликувал од еден до друг регион.
Германскиот бил јазикот на трговијата и управувањето во Хабсбуршката Империја, која опфаќала големи области од Средна и Источна Европа. Сè до средината на XIX век, германскиот бил јазик на граѓаните во поголем дел од империјата. Ова укажува на тоа дека говорникот бил трговец, урбанит. Некои градови како Прага и Будимпешта, биле постепено германизирани во годините после нивното вклучување во Хабсбуршката Империја. Други градови како Братислава, биле основани во тоа врме и од почетокот биле германски. Неколку градови како Милано, останале негерманизирани, но сепак многу градови како Прага, Будимпешта, Братислава и Љубљана во ова време најпрво биле германски и покрај тоа што биле опкружени со територии на кои се зборувале други јазици.
Втората конференција за правопис во 1901 година, завршила со комплетна стандардизација на германскиот јазик во неговата пишана форма, додека дојче буненшпрахе веќе имал создадено правила за германскиот, три години порано, кои потоа станале задолжителни за општиот германски изговор[4].
Медиумите и пишаните дела, скоро сите се создаваат на стандарден германски кој е разбирлив во сите области каде што се зборува германски. Првиот речник од браќата Грим, чии шеснаесет делови биле издадени помеѓу 1852 и 1860 година, останал најразбирлив водич за зборовите во германскиот јазик. Граматичките и правописни правила најпрво се појавиле во 1860 година во прирачникот Дуден. Во 1901 година била објавена стандардната дефиниција на германскиот јазик. Сè до 1998 година не биле објавени никакви официјални измени на овие правила, кога германската реформа за читање од 1996 година била официјално објавена од страна на владините претставници од сите земји во кои се зборува германски јазик[5] . Пред реформата, правописот на германскиот јазик се наоѓал во осумгодишен транзициски период во кој реформираниот правопис се учел во повеќе училишта, додека и традиционалниот и реформираниот правопис постоеле во медиумите.
Германската правописна реформа од 1996 година довела до јавни контроверзни и значајни расправи. Некои државни парламенти (сојузни држави, како Северна Рајна-Вестфалија и Баварија) не сакале да ја прифатат. Во еден момент расправијата пристигнала до највисокиот суд, кој дал кратко изјаснување, потврдувајќи дека државите треба да одлучат сами за себе и дека реформата ќе била официјално правило само во училиштата, а секој друг ќе продолжел да пишува онака како што претходно имал научено. Десет години подоцна, без никакви интервенции од страна на федералниот парламент, главната преработка била внесена во 2006 година, пред почетокот на учебната година. Некои традиционални правописни правила, конечно биле поништени во 2007 година. Единствениот сигурен и лесен знак за распознавање дали текстот е во согласност со реформата е ss (сс) на крајот од зборовите како што се dass и muss. Класичниот правопис го забранува овој завршеток, а наместо користи daβ и muβ.
Стандардниот германски не потекнува од традиционалните дијалекти во одредени региони, туку од пишаниот јазик. Сепак, постојат места во кои традиционалните регионални дијалекти биле заменети со стандарден германски, ова е случај во големи делови од Северна Германија, но и во голем број градови во други делови од земјата.
Стандардниот германски се разликува регионално меѓу земјите во кои се зборува во зборовниот фонд и некои разлики во изговорот, дури и во граматиката и пишувањето. Оваа варијација не смее да се помеша со варијацијата на локалните дијалекти. Иако регионалните варијации на стандардниот германски примиле некој одреден степен на влијание од локалните дијалекти, тие се многу различни. Со тоа, германскиот се смета за плуралистички јазик. Зависно од ситуацијата, говорниците во повеќе региони употребуваат мешавина од многу дијалектни и стандардни варијанти.
Во подрачјата во Швајцарија во кои се зборува германски, многу често се користат мешавини од дијалекти и стандарден јазик, а употребата на стандардниот германски е повеќе насочена кон пишаниот јазик. Како резултат на тоа, оваа ситуација се нарекува медијална диглосија. Стандардниот швајцарски германски се користи во швајцарскиот, а австрискиот стандарден германски во австрискиот образовен систем.
Стандардниот германски е службен јазик во Лихтенштајн. Својот службен стгатус во Германија го дели со данскиот и фризискиот, кои се малцински јазици. Во Австрија со словенечкиот, хрватскиот и унгарскиот, во Швајцарија со францускиот, италијанскиот и ретороманскиот, во Белгија со холандскиот и францускиот и во Луксембург со францускиот и луксембуршкиот. Како локален службен јазик се користи во Италија (во провинцијата Болцано или Бозен на германски) како и во градовите Шопрон (Унгарија), Краул (Словачка) и во неколку градови во Романија. Тој е службен јазик (со италијанскиот) на Ватиканската швајцарска гарда.
Германскиот има официјално признат статус како официјален или помошен јазик во Данска (регионот на Јужен Јиланд), Италија (Гресониска Долина), Намибија, Полска (регионот Ополе) и во Русија (Ашово и Халбштат).
Германскиот е еден од дваесет и трите службени јазици на Европската Унија со најголем број родени говорници во Европската Унија и веднаш по англискиот, пред францускиот, е втор најзборуван јазик во Европа.
Германскиот, по шпанскиот, е трет најизучуван странски јазик во земјите во кои се зборува англиски. Германскиот е главен јазик во Европа, со околу 90-95 милиони говорници (2010), или 13,3% од сите Европејци, е вториот најзборуван мајчин јазик во Европа, по рускиот, пред францускиот (65 милиони говорници во 2004 година) и англискиот (64,2 милиони говорници во 2004 година). Според тоа, германскиот јазик е прв најзборуван јазик во Европската Унија, а втор странски јазик кој најмногу го знаат граѓаните од Европската Унија. Тој е еден од службените јазици во Европската Унија и еден од трите јазици со кои се служи Европската комисија, покрај англискиот и францускиот. Триесет и два проценти од граѓаните од петнаесет земји од Европската Унија, велат дека можат да разговараат на германски (без разлика дали како мајчин, втор или странски јазик). Ова е потпомогнато од широката распространетост и достапност на германскиот преку кабелските или сателитските телевизии. Германскиот бил и останува лингва франка во средна, источна и јужна Европа.
Германскиот е дел од западната група јазици од германската јазична фамилија, што е дел од индоевропската група. Германскиот дијалектен континуум, традиционално е поделен на горногермански и долногермански.
Варијацијата меѓу германските дијалекти е различна, но соседните дијалекти се разбирливи меѓусебно. За луѓето кои го знаат само стандардниот германски, некои дијалекти не се разбирливи. Сепак, сите германски дијалекти припаѓаат на дијалектниот континуум од горногермански и долносаксонските јазици.
Среднодолногерманскиот бил лингва франка на Ханзата. Тој бил доминантен јазик во Северна Германија. Ова се променило во шеснаесеттиот век кога во 1534 година била испечатена Библијата од страна на Мартин Лутер. Се смета дека овој превод е важен чекор напред кон еволуцијата на раниот нов горногермански. Целел кон тоа да биде разбирлив за странскиот аудиториум и се засновал најмногу врз средните и погорните германски варијанти. Раниот нов горногермански станал попрестижен од долносаксонскиот, станувајќи јазик на науката и литературата. Во тоа време, најмоќните германски држави се наоѓале во Средна и Источна Германија.
Осумнаесеттиот и XIX век биле обележани со масовно учење на стандардниот германски во училиштата. Нискиот саксонски полека бил потиснуван, тој не бил ништо друго освен јазик кој необразованите луѓе го зборувале дома. Денес, нискиот саксонски може да се подели на две групи: нискосаксонски варијанти со умерен прилив на стандарден германски и варијанти од стандарден германски со нискосаксонско влијание познат како мисингш. Понекогаш варијантите на нискиот саксонски и нискиот франконски се групираат заедно, бидејќи двата не се засегнати од согласната промена на горногерманскиот. Сепак, делот од населението способен да го зборува и одговара или да го разбира, од Втората светска војна па до денес постојано расте.
Горногерманскиот се дели на: средногермански, горнофранконски и посеверен германски. Средногерманските дијалекти ги опфаќаат: рипуарскиот, рајнскофранконскиот, среднохесенскиот, источнохесенскиот, севернохесенскиот, тириншкиот, северниот горносаксонски, горнопрускиот и горносаксонскиот. Тој се зборува во југоисточна Холандија, источна Белгија, Луксембург, делови од Франција и делови од Германија, поточно меѓу реката Мајна и јужниот крај на Лоуландс. Модерниот стандарден германски најмногу се заснова врз средногерманскиот, но треба да се забележи дека вообичаениот (но лингвистички неточен) германски термин за современ стандарден германски е хохдојч, што значи горногермански.
Двата горнофранконски дијалекти се источнофранконски и јужнофранконски.
Погорните германски дијалекти опфаќаат: северниот австробаварски, средниот австробаварски, јужниот австробаварски, швапскиот, источнофранконскиот, горноалеманскиот, најгорниот алемански и најдолниот алемански. Тие се зборуваат во делови од јужна Германија, Лихтенштајн, Австрија и во деловите во кои се зборува германски во Швајцарија и Италија.
Вимисорис е горногермански дијалект во Полска, а затмариш и зибенбургиш се горногермански дијалекти во Романија. Варијантите на горниот стандарден германски јазик кој го зборувале Евреите Ашкенази (најмногу во поранешниот Советски Сојуз) имаат неколку оригинални обележја кои најчесто се сметаат како одделен јазик, јидиш. Тој е единствениот германски јазик кој не ја користи латинската азбука и нејзиното стандардно писмо.
Во германската лингвистика, германските дијалекти се разликуваат од варијантите на стандардниот германски.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.