From Wikipedia, the free encyclopedia
Рунолист (планински рунолист или планинка; науч. Leontopodium alpinum) — ретко европско планинско цвеќе од семејството на штитоцветните (Asteraceae).
Рунолист | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Штитовидни |
Семејство: | Штитоцветни |
Племе: | Смилови[1] |
Род: | Рунолистови |
Вид: | Рунолист |
Научен назив | |
Leontopodium alpinum Cass., 1822 | |
Синоними | |
Leontopodium alpinum Colm. ex Cass. |
Јужнословенскиот назив „рунолист“ доаѓа од волнестиот изглед на листовите, како руно на овца.[2]
Научниот назив Leontopodium е латинизација на грчкиот збор леонтоподион (λεοντοπόδιον) = „лавја шепа“.[3]
На романски, растението се нарекува floarea reginei,[4] што значи „краличин цвет“. Персискиот назив му е голејах, што значи „леден цвет“.
Листовите и цветовите се прекриени со бели влакненца со волнест изглед. Стаблата растат 3–20 см во висина (а во услови на одгледување и до 40 см). Секој цвет се состои од 5-6 мали жолти главчиња (5 мм) окружени со прицветни ливчиња во ѕвездест состав. Растението цвета помеѓу јули и септември.
Растението има нерамномерна распределба и претпочита карпести варовници на надморска височина од 2000 до 2900 м. Традиционално се користело како народен лек за болести во стомакот и дишните патишта. Густите влакна го штитат растението од студот, сувотијата и ултравиолетово зрачење.[5]
Поради неговата реткост, рунолистот е заштитен во многу земји, вклучувајќи ги Монголија, Бугарија, Хрватска, Швајцарија (од 1878), Франција, Норвешка, Иран, Индија, Италија, Србија, Малезија, Индонезија, Германија, Шпанија, Полска, Словачка и Словенија (во Горица и Градишка од 1896, а во Краина од 1898), Австрија (од 1886) и Романија (од 1933).
Рунолистот се одгледува во градини заради неговото интересно соцветие и сребрени листови.[6] Растенијата се краткотрајни, но можат да се ‘ртат од семиња.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.