From Wikipedia, the free encyclopedia
Старогрчки јазик се однесува на фазата во историјата на грчкиот јазик која соодветствува сокласичната антика, која се однесува на двата периода од грчката историја: архаична и класична Грција. Античкото доба на Грција обично го подразбира и хеленизмот (пост-класичното) доба; меѓутоа, овој период се одликува со своја сопствена фаза на развој на грчкиот јазик наречена Хеленски грчки јазик. За информации за грчкиот јазик пред создавањето на грчкото писмо, видете ги статиите микенски јазик и прагрчки јазик.
Старогрчки | |
---|---|
Застапен во | источно Средоземје |
Изумрен | еволуирал во современ грчки јазик во 15 век |
Јазично семејство | Индоевропско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | grc |
ISO 639-3 | grc |
грчкиот јазик почнал да се создава во локални облици дури и пред преселбата на грчките племиња на територијата на Грција, но од друга страна, дијалектичките варијации настанале потоа. Низ историјата грчкиот јазик се состоел од разни дијалекти кои не важеле за некоја јасна исцртана територија. Дури и да важеле, тие постојано би се менувале заради честата миграција на хеленските народи. Според неговите лингвистички варијации, старогрчкиот јазик од архаичното и класичното доба се состои од следниве симболички дијалектички ограноци:
Дијалектите во предкласичниот и класичниот период се писмено документирани уште од 8 век п.н.е, со тоа што истите сигурно се развиле многу пред тоа.
Најстандардната формулација на предкласичните и класичните дијалекти ги дели истите во четири до пет главни групи:
Историја на грчкиот јазик (видете исто така: Грчко писмо) |
Прагрчки (о. 2000 п.н.е.)
|
Микенски (о. 1600–1100 п.н.е.)
|
Старогрчки (о. 800–300 п.н.е.) Дијалекти: Еолски, Аркадокипарски, Атички, Дорски, Јонски |
Коински (од о. 300 п.н.е.)
|
Средновековен (о. 330–1453)
|
Современ грчки јазик (од 1453) Дијалекти: Кападокиски, Кипарски, Демотски, Грико, Катаревуса, Понтски, Цаконски, Јевански |
Сите горе споменати дијалектички ограноци понатаму се делат на дијалекти, а секој дијалект пак, може да се подели во без број локални идиоми. Поподробните статии на тема грчки дијалекти не навлегуваат во оваа идиомизација.
Аркадо-кипарската група содржи дијалекти кои се најслични на Микенскиот грчки јазик и веројатно таа е неговиот директен потомок. Северозападните/Дорски варијанти се најразлични од сите други.
Овие дијалекти си влијаеле еден на друг, така што не можат да се третираат со апсолутна сигурност.
По освојувањата на Александар Македонски во 4 век п.н.е, a се јавил нов меѓународен дијалект наречен Коине или Обичен грчки јазик, кој главно се засновал на атичкиот, но бил повлијателен и од други дијалекти. Овој дијалект полека ги потиснал другите постари дијалекти, со исклучок на дорскиот дијалект кој до ден денес постои во облик на цаконскиот и Јужноиталскиот дијалект на современиот грчки јазик. Дорскиот исто така ги пренел своите аорски термини на речиси сите глаголи во демотскиот грчки јазик. Веќе во 7 век н.е, коине дијалектот полека се метафоризирал во средновековен грчки јазик.
Грчко писмо | |
---|---|
Α α Алфа | Β β Бета |
Γ γ Гама | Δ δ Делта |
Ε ε Епсилон | Ζ ζ Зета |
Η η Ета | Θ θ Тета |
Ι ι Јота | Κ κ Капа |
Λ λ Ламбда | Μ μ Ми |
Ν ν Ни | Ξ ξ Кси |
Ο ο Омикрон | Π π Пи |
Ρ ρ Ро | Σ σ ς Сигма |
Τ τ Тау | Υ υ Ипсилон |
Φ φ Фи | Χ χ Хи |
Ψ ψ Пси | Ω ω Омега |
Застарени букви | |
Дигама | Стигма |
Хета | Сан |
Копа | Сампи |
Шо |
Овој звук се менува бидејќи прагрчкиот јазик имал влијание врз сите грчки дијалекти:
Треба да се напомене дека /w/ и /j/, кога следат по само гласка, а не пред неа се комбинирале рано со самогласката за да направат дифтонг и затоа не се губеле.
Губење на /h/ и /w/ по самогласка кои често биле придружувани од компензационо издолжување на претходната самогласка. Губењето на /j/ по согласка било придружувано од голем број на компплескни промени како дифтонгизација на претходна самогласка, палатализација или друга промена на претходната согласка. Примери:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.