Индоевропски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Индоевропските јазици се Фамилија на јазици што ги говорат најголем број на луѓе, кои се зборуваат во поголемиот дел на Европа и областите населени со Европејци и во поголемиот дел на Југозападна и Јужна Азија. Потекнуваат од непотврдениот праиндоевропски јазик за кој се верува дека се говорел пред повеќе од 5.000 години во степските области северно од Црно Море и дека се поделил на бројни дијалекти до 3.000 година пред нашата ера.

Класификација
Сатемски и кентумски јазици

Сино: кентумски јазици
Црвено: сатемски јазици
Портокалово: јазици со аугмент
Зелено: јазици кај кои ПИЕ *-tt- > -ss-
Светло кафена: јазици кај кои ПИЕ *-tt- > -st-
Розово: јазици кај кои завршетокот на множинските форми на инструментал, датив и аблатив (и на некои др.) завршуваат на *-m- наместо на *-bh-
Поделбата на индоевропските јазици на сатемски и кентумски била предложена од Петар фон Брадке во 1890, а Карл Бругман предложил слична поделба во 1886. Во сатемските јазици, во кои спаѓаат балто-словенските и индо-иранските, како и албанскиот и ерменскиот јазик, реконструираните праиндоевропските палатовелари останале засебни и биле фрикативизирани, додека лабиовеларите се споиле со 'обичните велари'. Кај кентумските јазици, палатовеларите се споиле со обичните велари, додека лабиовеларите останале засебни. Резултатот од овој развиток често се прикажува со зборовите за „сто“ во авестискиот јазик (satem) и во латинскиот јазик (centum)—почетниот палатовелар се развил во фрикатив [s] во првиот случај, и во обилен велар [k] во вториот случај.
Поврзано
- Праиндоевропски јазик
- Индоевропајани
- Список на индоевропски јазици
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.