From Wikipedia, the free encyclopedia
Балтословенските јазици се група јазици составени од две големи индоевропски јазични групи, односно од словенските и балтичките јазици. Балтичките и словенските јазици споделуваат неколку јазичарички елементи кои не можат да се пронајдат кај останатите индоевропски јазици, што посочува дека овие јазици имале еден ист развој и предок. Сепак, во научната јавност има поделба за тоа од која природа е врската меѓу овие јазици, односно некои јазичари тврдат дека оваа врска е генеолошка, а други тврдат дека тие заеднички одлики се како резултат на контактот на јазиците.[1]
Балтословенски јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Источна и Северна Европа |
Класификација: | индоевропски
|
Гранки: | |
Во науката се пробало да се реконструира прабалтословенскиот јазик, кој е директен потомок на праиндоевропскиот јазик. Таквата реконструкција на овој хипотетичен јазик била извршена преку споредба и анализа на гласовите и акцентите на современите балтички и словенски јазици.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.