From Wikipedia, the free encyclopedia
Прасловенски јазик — прајазикот од којшто произлегуваат старословенскиот и подоцна сите други словенски јазици. Се зборувал пред 7 век. Прасловенскиот произлегол од хипотетичкиот праиндоевропскиот јазик.
Прасловенски | |
---|---|
Реконструкција од | словенските јазици |
Регион | Источна Европа |
Ера | 2 милениум п.н.е. – 6 век н.е. |
Реконструирани предци |
Прасловенскиот јазик не е документиран писмено и затоа во научните истражувања е реконструиран преку аплицирање на компаративно-историскиот метод врз најстарите текстови напишани на старословенски јазик и другите најблиски индоевропски јазици – балтички и германски.
Според некои јазичари, прасловенскиот јазик се појавил пред 1 илјадалетие пр.н.е. Спорно е дали се одделил директно од праиндоевропскиот јазик или се одделил подоцна од прабалтословенскиот јазик.
На прасловенски јазик се зборувало во прататковината на Словените, која според полскиот славист Тадеуш Лер-Сплавински се наоѓала во земјите меѓу Одра и Висла, според рускиот славист Федот Петрович Филин (1908–1982) – во териториите меѓу среден Днепар и западен Буг, на југ од Припјат и на север од крајцрноморските степи, а според бугарскиот проф. Иван Леков – на широка територија од Днепар до Висла, со динамични граници, слаба дијалектна диференциација и двонасочни миграции.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.