From Wikipedia, the free encyclopedia
Nationalencyklopedin („Национална енциклопедија“) скрат. NE — најобемната современа енциклопедија на шведски јазик. Изготвувањето и издавањето започнало со владин заем од 17 милиони круни, отплатен кон крајот на 1990 г.[1] Во печатен облик, делото има 20 тома со 172.000 статии, а изданието на семрежјето опфаќа 260.000 статии (јуни 2005).
Проектот започнал во 1980 г, со препорака од владината комисија за преговори со разни издавачи. Оваа фаза завршила во август 1985 г, избирајќи ги „Бра Бекер“ и „Хегнас“. Задачата на проектот била да се изработи современо прирачно дело во склад со научната парадигма, вклучувајќи проблематики како меѓуродовите односи и животната средина.
Уште пред да излезе, делото побудило огромен интерес. До моментот на издавањето на првиот том во декември 1989 г, енциклопедијата ја порачале дури 54.000 лица. Последниот том излегол во 1996 г, со три дополненија во 2000 г.
Во состав на проектот Nationalencyklopedin се издадени и следниве книги:
Во 1997 г. е издаден дигитален облик на енциклопедијата, на 6 диска (подоцна и на ДВД), а во 2000 г. е ставена на располагање на семрежјето, со претплата. Оваа верзија е тековна и осовремена, и го опфаќа и речникот. Има вкупно 356.000 ставки, од кои 183.000 се енциклопедиски статии. Во услугата се вклучени и неколку дополнителни можности како шведско-англиски речник.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.