From Wikipedia, the free encyclopedia
Преднонепчените согласки (тврдонепчени или палатали)[1][2] се согласки коишто се создаваат со доближување на главнината на јазикот до тврдото непце. Кога врвот на јазикот се доближува до непцето свртен наназад, добиената согласка се нарекува свиена (ретрофлекс).
Места на творба |
---|
Уснени |
Двоуснени |
Уснено–заднонепчени |
Уснено–преднојазични |
Усненозабни |
Забноуснена |
Двозабни |
Преднојазични |
Јазичноуснени |
Меѓузабни |
Забни |
Забно-венечни |
Венечни |
Задновенечни |
Заднонепчено-венечни |
Свиени |
Среднојазични |
Задновенечни |
Венечно-преднонепчени |
Преднонепчени |
Уснено-преднонепчени |
Заднонепчени |
Ресични |
Ресично-надгласилни |
Заднојазични |
Голтнички |
Надгласилно-голтнички |
Надгласилни |
Гласилни |
Облик на јазикот |
Врвнојазични |
Рамнојазични |
Подјазични |
Странични |
Преднонепчени |
Голтнички |
Поврзано: Начин на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [[:en:International Phonetic Alphabet#Special characters|[Помош]]] |
Најчест вид на преднонепчени согласки е сеприсутната приближна согласка [j] (ј), која се вбројува во десетте најзастапени гласови во светските јазици. Носната согласка [ɲ] (њ) е исто така честа, и се јавува во околу 35% од јазиците,[3] но, за разлика од македонскиот, во највеќето нејзината еквивалентна препречна согласка не е [c] (ќ), туку слеаната [t͡ʃ] (ч). Само неколку јазици во северна Евроазија, Америка и средна Африка ги разликуваат преднонепчените избувни од задновенечни слеани согласки - како македонскиот, унгарскиот, чешкиот, словачкиот, латвискииот, турскиот и албанскиот.
Согласките со други главни творби можат да се палатализираат (омекнуваат)[4], каде површината на јазикот се доближува до тврдото непце. На пример, македонското [ʃ] (ш) има таков предонепчен дел, иако главната творба се образува со ставање на јазикот на горното непце (оваа творба се нарекува преднонепчено-венечна или „палатоалвеоларна“).
Во фонологијата, венечно-преднонепчените, преднонепчено-венечните и преднонепчено-заднонепчените согласки се групираат како преднонепчени, бидејќи овие категории ретко се разликуваат од вистинските преднонепчени согласки. Понекогаш на овој начин може да се анализираат и палатализираните венечни и забни согласки.
Во македонскиот, преднонепчени се гласовите њ, ќ, ѓ, ј и љ. Согласно Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве преднонепчени согласки:
МФА | Опис | Пример | |||
---|---|---|---|---|---|
Јазик | Правопис | МФА | Значење | ||
преднонепчена носна согласка | македонски | чешање | [t͡ʃɛʃaɲɛ] | чешање | |
безвучна преднонепчена избувна согласка | македонски | вреќа | [vrɛca] | вреќа | |
звучна преднонепчена избувна согласка | македонски | раѓање | [raɟaɲɛ] | раѓање | |
безвучна преднонепчена струјна согласка | германски | nicht | [nɪçt] | не | |
звучна преднонепчена струјна согласка | шпански | yema | [ʝema] | жолчка | |
преднонепчена приближна согласка | македонски | крај | [kraj] | крај | |
преднонепчена странична приближна согласка | македонски | љубов | [ʎubɔv] | љубов | |
звучна преднонепчена уфрлена согласка | свахили | hujambo | [huʄambo] | здраво | |
преднонепчена чрапава согласка | нǀу | ǂoo | [ǂoo] | маж |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.