Безвучната нешушкава забна струјна согласка ('безвучен забен фрикатив) е вид на согласка што се среќава во некои јазици. Во латиницата, гласот е познат како англискио или албанскиоth. Иако, во светски рамки, гласот е редок како фонема, истиот се среќава во некои од најраспостранетите и највлијателни јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи согласката со симболот ⟨θ⟩, а во X-SAMPA истата е означена со T.
Забните струјни согласки честопати се нарекуваат „меѓузабни“ бидејќи се изговараат со јазикот меѓу горните и долните заби, а не со јазикот врз задната страна на горните заби, како кај забните согласки.
Низ историјата, со текот на времето гласот се изгубил во некои јазици како највеќето германски јазици и говори, задржувајќи се само во англискиот и исландскиот.
Безвучната забна струјна согласка ги има следниве особености:
Начинот на творба е струен, што значи дека се добива со стеснување на воздушниот тек низ тесен провод во местото на творба, предизвикувајќи бурно струење. Ја нема забразденоста на јазикот, насоченоста на воздушниот тек и високите честоти на шушкава согласка.
Местото на творба е забно, што значи дека се создава со јазикот во допир со горните или долните заби или обете. (Највеќето избувни и течни согласки што се опишуваат како забни се всушност забно-венечни.)
Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Начинот на творба е струен, што значи дека се добива со стеснување на воздушниот тек низ тесен провод во местото на творба, предизвикувајќи бурно струење. Ја нема забразденоста на јазикот, насоченоста на воздушниот тек и високите честоти на шушкава согласка.
Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Martínez-Celdrán, Eugenio; Fernández-Planas, Ana Ma.; Carrera-Sabaté, Josefina (2003), „Castilian Spanish“, Journal of the International Phonetic Association, 33 (2): 255–259, doi:10.1017/S0025100303001373
Thelwall, Robin (1990), „Illustrations of the IPA: Arabic“, Journal of the International Phonetic Association, 20 (2): 37–41, doi:10.1017/S0025100300004266
Wells, John C (1982), Accents of English, second, Cambridge: Cambridge University Press, ISBN0-521-24224-X