Преднонепчената странична приближна согласка е вид на согласка присутна во некои јазици. Нејзиниот симбол во Меѓународната фонетска азбука е ⟨ʎ⟩, превртено мало „у“[1], а X-SAMPA ја претставува со L.

Кратки факти Преднонепчена странична приближна согласка, ʎ ...
Преднонепчена странична приближна согласка
ʎ
МФА-бр.157
Шифрирање
Единица (дек.)ʎ
Уникод (хекс.)U+028E
X-SAMPAL
Киршенбаумl^

 
Затвори

Во македонскиот јазик, овој глас е присутен во љ и лј.[2]

Особености

Преднонепчената странична приближна согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е приближен, што значи дека се добива со приближување (стеснување) на гласниот апарат во местото на творба, но не доволно за да се создаде бурен воздушен тек.
  • Местото на творба е преднонепчено, што значи дека се создава со средниот или задниот дел на јазикот кога е повишен до предното (тврдо) непце.
  • Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Согласката е странична, што значи дека се добива со насочување на воздушниот тек по страните на јазикот, наместо по средината.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.

Јазици

Многу јазици за кои се смета дека ја имаат оваа согласка, всушност имаат венечно-преднонепчена странична согласка. Тука спаѓаат и македонскиот, португалскиот и други јазици. Ова важи за неколку од долунаведените јазици:

Повеќе информации Јазик, Збор ...
ЈазикЗборМФАЗначењеБелешки
ајмарскиllaki[ʎaki]тажен
астурискисеверно наречјеllana[ʎänä]'wool'Онаму кајшто отсуствува /ʎ/ поради неговото претворање во глас поблизок на „ј“, се заменува со други гласови (зависно од дијалектот) и се пишува со ⟨ḷ⟩
баскискиbonbilla[bombiʎa]главица
галисискиollo[ˈoʎo]окоМногу галисиски говорници денес го изговараат поблиску до „ј“ поради влијанието на шпанските наречја.
грчки[3][4]λιακάδα lyakádha[ʎaˈkaða]сончева светлина
италијански[5]figlio[ˈfiʎːo]синВистински преднонепчен глас.
кечуански[6]qallu[qaʎu]јазик
леонскиllibru[ˈʎiβɾu]книга
македонскиљубов[ʎubɔv]љубовПогл. Македонска фонологија
норвешкисеверно и централно наречје[7]alle[ɑʎːe]сите
окситанскиmiralhar[miraˈʎa]одразува
гасконскиhilh[hiʎ]син
сисанскиpiyl[piʎ]риба
словачкиľúbiť[ˈʎuːbɪc]сака
унгарскисеверно наречје[8]lyuk[ˈʎuk]дупкаСовремениот литературен унгарски јазик ја има претрпено гласовната промена од „ly“ во „j“.
фарскиfylgja[fɪʎd͡ʒa]следи
франкопровансалскиbalyi[baʎi]дава
шпански[9]кастиљскиmillón[miˈʎo̞n]милионВистински преднонепчен глас. Кај највеќето други наречја, овој глас се претворил во /ʝ/ (појава наречена „јеизмо“).
Затвори

Поврзано

  • Венечно-преднонепчена странична согласка

Наводи

Bibliography

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.