From Wikipedia, the free encyclopedia
Задновенечни согласки (посталвеоларни) се согласки што се создаваат кога јазикот е близу до или го допира задниот дел на забниот венец, поназад во устата од венечните согласки (кои се создаваат на самиот венец), но не понапред од тврдото непце (кајшто се создаваат преднонепчените согласки). Задновенечни согласки во македонскиот јазик се ш, ч, ж, џ [ʃ] [tʃ] [ʒ] [dʒ].
Места на творба |
---|
Уснени |
Двоуснени |
Уснено–заднонепчени |
Уснено–преднојазични |
Усненозабни |
Забноуснена |
Двозабни |
Преднојазични |
Јазичноуснени |
Меѓузабни |
Забни |
Забно-венечни |
Венечни |
Задновенечни |
Заднонепчено-венечни |
Свиени |
Среднојазични |
Задновенечни |
Венечно-преднонепчени |
Преднонепчени |
Уснено-преднонепчени |
Заднонепчени |
Ресични |
Ресично-надгласилни |
Заднојазични |
Голтнички |
Надгласилно-голтнички |
Надгласилни |
Гласилни |
Облик на јазикот |
Врвнојазични |
Рамнојазични |
Подјазични |
Странични |
Преднонепчени |
Голтнички |
Поврзано: Начин на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [[:en:International Phonetic Alphabet#Special characters|[Помош]]] |
Постојат многу разни видови на задновенечни гласови, особено меѓу шушкавите согласки. Трите главни вида се преднонепчено-задновенечните (на пр. [ʃ ʒ], слабо омекнати); венечно-преднонепчените (на пр. [ɕ ʑ], многу омекнати); и свиени (на пр. [ʂ ʐ], неомекнати). Преднонепчено-задновенечните и венечно-преднонепчените во фонологијата се вбројуваат во „преднонепчени“, бидејќи ретко каде се разликуваат од вистинските преднонепчени согласки.
На табелава се наведени три вида на струјни и еден вид на слеани задновенечни согласки, претставени со Меѓународната фонетска азбука (МФА):
Безвучни | Звучни | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
МФА | Опис | Пример | МФА | Опис | Пример | ||||||
Јазик | Правопис | МФА | Значење | Јазик | Правопис | МФА | Значење | ||||
безвучна преднонепчено-венечна струјна согласка | македонски | шеќер | [ʃɛcɛr] | шеќер | звучна преднонепчено-венечна струјна согласка | македонски | жито | [ʒitɔ] | жито | ||
безвучна венечно-преднонепчена струјна согласка | мандарински | 小 (xiǎo) | [ɕiɑu˨˩˦] | мал | звучна венечно-преднонепчена струјна согласка | полски | zioło | [ʑɔwɔ] | билка | ||
безвучна свиена струјна согласка | мандарински | 上海 (Shànghǎi) | [ʂɑ̂ŋ.xàɪ] | Шангај | звучна свиена струјна согласка | руски полски |
жаба żaba |
[ʐaba] | жаба | ||
безвучна задновенечна слеана согласка | македонски | човек | [tʃɔvɛk] | човек | звучна задновенечна слеана согласка | македонски | џуџе | [dʒudʒɛ] | џуџе |
Постојат два вида на чкрапави задновенечни согласки, наречени „задновенечни“ и „преднонепчени“ но можеби е поточно да се опишат како врвнојазични и рамнојазични заднонепчени согласки:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.