Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Венечно-преднонепчена согласка (алвеопалатал) е согласка чија творба се случува измеѓу преднојазичните и среднојазичните согласки. На полната табела на МФА, венечно-преднонепчените согласки се сместени помеѓу свиените и преднонепчените согласки, но поради „немање на доволно простор“.[1] Ледифогид и Медисон ги карактеризираат како палатализирани (омекнати) задновенечни гласови (омекнати преднонепчено-венечни гласови) што се создаваат со рамниот дел од јазикот зад забиот венец и главнината од јазикот повишена кон тврдото непце,[2], додека Ислинг ги опишува како издадени преднонепчени гласови (претпреднонепчени), (најнапред од сите среднојазични согласки), што се создаваат со главнината на јазикот кога се доближува до забниот венец.[1] Овие описи се практично истоветни, бидејќи во контактот се вклучени и рамниот и основниот дел (но без врвот) од јазикот. Доволно се напред за струјните и слеаните гласови да бидат шушкави, па затоа воедно се и единствените шушкави од среднојазичните согласки.
Места на творба |
---|
Уснени |
Двоуснени |
Уснено–заднонепчени |
Уснено–преднојазични |
Усненозабни |
Забноуснена |
Двозабни |
Преднојазични |
Јазичноуснени |
Меѓузабни |
Забни |
Забно-венечни |
Венечни |
Задновенечни |
Заднонепчено-венечни |
Свиени |
Среднојазични |
Задновенечни |
Венечно-преднонепчени |
Преднонепчени |
Уснено-преднонепчени |
Заднонепчени |
Ресични |
Ресично-надгласилни |
Заднојазични |
Голтнички |
Надгласилно-голтнички |
Надгласилни |
Гласилни |
Облик на јазикот |
Врвнојазични |
Рамнојазични |
Подјазични |
Странични |
Преднонепчени |
Голтнички |
Поврзано: Начин на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [[:en:International Phonetic Alphabet#Special characters|[Помош]]] |
Венечно-преднонепчените шушкави согласки се застапени во кинеските јазици како мандаринскиот, хака и ву, други јазици од источноазискиот јазичен сојуз како јапонскиот и корејскиот, словенски јазици како спрскохрватскиот, полскиот, рускиот и северозападните кавкаски јазици како апхаскиот и убишкиот. Според Меѓународната фонетска азбука, постојат следниве венечно-преднонепчени согласки:
МФА | Опис | Пример | |||
---|---|---|---|---|---|
Јазик | Правопис | МФА | Значење | ||
ɕ | безвучна венечно-преднонепчена струјна согласка | мандарински | 小 (xiǎo, сјао) | [ɕiɑu˨˩˦] | мал |
ʑ | звучна венечно-преднонепчена струјна согласка | полски | zioło | [ʑɔwɔ] | билка |
t͡ɕ | безвучна венечно-преднонепчена слеана согласка | српскохрватски | кућа / kuća | [kut͡ɕa] | куќа |
d͡ʑ | звучна венечно-преднонепчена слеана согласка | српскохрватски | ђаво / đavo | [d͡ʑâʋoː] | ѓавол |
Буквите ⟨ɕ⟩ и ⟨ʑ⟩ се во суштина истоветни на ⟨ ʃʲ⟩ и ⟨ʒʲ⟩. Тие се шушкави хомолози на претпреднонепчените струјни гласови [ç̟] и [ʝ̟].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.