Remove ads
јазик From Wikipedia, the free encyclopedia
Јапонскиот (изворно: 日本語, ⓘ) е изолиран јазик и припаѓа на групата јапонски јазици. Јазикот го зборуваат повеќе од 130 милиони луѓе[2] во Јапонија и во јапонските миграциски заедници. Јазикот е близок со рјукјуанските јазици. До денес, класификацијата на јапонскиот јазик не е докрај разјаснета. Јапонскиот јазик е аглутинативен јазик и се разликува по комплексниот систем на хоноративен или почитувачки говор што е директно произлезено од хеирархијата на јапонското општество, со користење на посебни глаголи и прилози со кои се означува положбата на говорителот, слушателот или кој и да било. Тој е карактеристичен и по својот акцент и е мораски јазик.
Јапонски | |
---|---|
日本語 | |
Изговор | [ɲihoŋɡo] |
Застапен во | Јапонија |
Подрачје | Источна Азија |
Говорници | 130 милиони[1] |
Јазично семејство | |
Стандардни облици | Јапонско логографско и слоговно писмо, романџи, сидамско писмо (почесто во будистички манастири.) |
Статус | |
Службен во | Јапонија |
Признаен како малцински во | САД |
Регулативен орган | нема. Јапонската влада има големо влијание врз јазикот |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ja |
ISO 639-2 | jpn |
ISO 639-3 | jpn |
Јапонскиот јазик се пишува со три различни писма: изменети кинески знаци наречени канџи (漢字), и две слоговни писма хирагана (平仮名) и катакана (片仮名). Покрај овие три стандардни писма, јапонскиот јазик користи и изменета латинска азбука наречена рома-џи (буквално: римски букви) која се користи за полесно претставување и читање на јапонски имиња и компании, но исто така се користи за компјутери. Денес, најчесто се користат основните арапски броеви, но се користат и традиционалните сино-јапонски броеви.
Јапонскиот фонд на зборови бил под големо влијание на странски зборови од различни јазици. Голем број на зборови биле преземени од кинески јазик или пак биле модофицирани од кинески зборови. Од 19 век, јапонскиот јазик има позајмено зборови од индоевропските јазици, особено од англиски јазик. Покрај овие, доста често се користат и португалски и холандски зборови поради трговската соработка на Јапонија со Холандија и Португалија.
Иако јапонскиот јазик воглавно се зборува во Јапонија, во мал процент се зборува и во други држави. Кога Империјалистичка Јапонија ја окупирала Кореја, Тајван, делови од Кина, Филипините и делови од тихоокеанските острови, месните жители биле принудивани да го учат јазикот[3] во згради специјално изградено од Империјалистичка Јапонија. Како резултат на тоа, денес има многу луѓе во овие краеви што го зборуваат јапонскиот јазик. Јапонските емиграциски заедници исто така зборуваат јапонски како што се јапонските заедници во Бразил, Хаваи, Перу, Аргентина, Австралија, САД и Филипините.
Јапонскиот де факто е службен јазик во Јапонија и Палау. Има форма на јазикот за која се смета дека е стандардна hyōjungo (標準語 ) стандарден јапонски или kyōtsūgo (共通語 ) вообичаен јазик, но сепак значењето на двата термина е ист. Нормативниот јазик се родил после периодот Мејџи (明治維新 , meiji ishin, 1868) од јазикот што се зборувал од високата класа во Јапонија. Оваа форма се користи во училиштата, на телевизиите и за официјална комуникација и форма на јазикот врз која се заснова оваа статија.
Поранешниот стандарден Japanese in writing (文語 , [[[Бунго (јапонски јазик)|бунго]]] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help), "литературен јазик") се разликувал од основниот јазик (口語 , [[[Кого (јапонски јазик)|кого]]] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help)). Двете форми на јапонски јазик се разликуваат по граматичките правила и во зборовниот фонд. Бунго бил главниот метод за пишување на јапонски јазик сѐ до 1900, кога кого продолжил да се користи за пишаниот јапонски јазик. Во 1940-тите се заменила и оваа форма кога се вовел стандардниот јапонски јазик. Денес, законите што опстојуваат од пред 1940-тите сѐ уште се напишани на кого.
Повеќе дијалекти се зборуваат во Јапонија. Оваа разликовитост е како резултат на повеќе фактори, вклучувајќи ги и растојанијата помеѓу јапонските острови, планинскиот терен и јапонската долга историја на внатрешна и надворешна изолација. Дијалектите вообичаено се разликуваат во акцентот, морфологијата, зборовниот фонд и практичната употреба на јазикот. Некои дијалекти се разликуваат и во самогласките и согласките.
Главната разлика помеѓу јапонските акценти е помеѓу група Токиски акценти и групата со Кјото-Осака акцентот, иако има уште една група наречена Кјушу акценти, која е помала. Во секоја група има и неколку поделби. Групата дијалекти од Кјото-Осака дијалектите се во центарот на земјата во префектурите Тојама, Кјото, Хјого и Мие. Во оваа група спаѓаат и дијалектите Шикоку. Последната група на дијалекти е групата на дијалекти настанати од источните дијалекти на стариот јапонски јазик и се зборуваат на островот Хачиџиџима и неколку околни мали острови.
Дијалектите од околните региони како што се Тохоку или Цушима можат да не бидат разбрани од луѓето што зборуваат други дијалекти. Неколку дијалекти од Кагошима во јужен Кјушу се познати по тоа што не ги разбираат не само луѓето што зборуваат стандарден јапонски јазик, туку и луѓето што зборуваат на дијалекти што се во близина на овој дијалект. Тоа е поради изговорот на зборовите од овој дијалект каде се употребиваат затворени слогови односно слогови што завршуваат на согласки како на пример изговорот на стандардниот јапонски збор за пајак /kumo/ се изговара како /kob/ или /koʔ/. Дијалектите од Кансаи ги разбираат скоро сите во Јапонија, а додека дијалектите од Осака се поврзуваат со комедијата, слично со нашиот кумановски дијалект. Дијалектите од Тохоку у Северен Канто се поврзуваат со фармерството и земјоделието.
Рјукјуанските јазици што се зборуваат на Окинава и Амамските Острови се различни во поголема мера од јапонскиот јазик па така тие се сметаат за посебни јазици, иако голем број на јапонци велат тие се дијалект на јапонскиот јазик.
Сите јапонски самогласки се чисти и немаат дифтонзи. Една од најчудните самогласки е високата задна самогласка /ɯ/ ⓘ која е слична со самогласката /u/. Јапонскиот има пет самогласки и должината на самогласките е фонемичен па така секоја самогласка има кратка и долга верзија.
Некои јапонски согласки имаат неколку алофони, што дава чувство на преголем број на звуци. Како и да е, некои од овие алофони станале фонемични. На пример, во јапонскиот јазик фонемичната секвенца /ti/ била палатизирана и се претворила во [tɕi]. Така денес, /ti/ и [tɕi] се различни фонемички секвенци како на пример во зборовите tī [tiː] "чај од западен стил" и chii [tɕii] "социјален статус".
Гласот /r/ во јапонскиот јазик е многу интересна буква за луѓето што не зборуваат јапонски јазик бидејќи таа буква се изговара како звук помеѓу буквите /r/ и /l/.
Слоговната структура и фонотактиката се многу едноставни: единствениот согласен кластер е дозволен во рамките на еден слог се состои од сет на согласки плус звукот /j/. Исто така се дозволува да има согласен кластер сѐ додека двете согласки се насализирани и следени од хоморганична согласка. Должината на согласките е исто така фонемична.
Оригиналниот јазик на јапонците и луѓето што живееле во Јапонија бил таканаречениот јамато котоба (大和言葉 или поретко 大和詞, т.е., "јамато зборови") а додека во научните кругови е нарекуван и како ва-го (和語 или поретко 倭語, "Ва зборови"). Покрај ваквите зборови, јапонскиот јазик вклучува и голем број на зборови од кинеско потекло. Таквите зборови се познати како канго (漢語) што навлегле во јазикот од 5 век како последица на културната соработка со Кина. Според јапонскиот речник Шинсен-кокудоџитен (新選国語辞典), зборови засновани на позајмени кинески зборови се околу 49.1% од вкупниот зборовен фонд на јапонскиот јазик, ваго зборови има околу 33.8% и 8.8% странски зборови[4].
Канго зборовите се сметаат како зборови за формална или академска употреба споредени со јамато зборовите.
Мал број на зборови се позајмени од корејскиот и од ајнскиот. Покрај овие се користат и зборови од европско потекло и тие се нарекуваат гаираиго. Овој процес на позајмување на зборови настанал со позајмување на зборови од португалски јазик во 16 век а подоцна и од холандски јазик. Со отворањето на Јапонија, започнале позајмувања на зборови од англиски јазик, француски јазик и германски јазик.
Покрај позајмувањето на зборови од други јазици, голем број на зборови од јапонско потекло се користат во другите јазици ширум светот. Така на пример во македонскиот јазик се навлезени зборовите: карате, оригами, камиказе, суши, кимоно итн.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.