From Wikipedia, the free encyclopedia
Пишан јазик е поим во лингвистиката кој се однесува на пишаната форма на еден јазик. Пишаниот јазик е знаковен приказ на усниот или знаковниот јазик. Голем број од светските јазици опстојуваат во пишана и устна/ знаковна форма, но голем е бројот на јазици кои се само устни.
За разлика од устната форма на јазикот, пишаната е поконзервативна и не се менува со истата брзина како и устниот. Понекогаш, еден или повеќе регистри на еден јазик стануваат различни од стандардниот јазик, тогаш се јавуваат дигослите. Сепак, диглосите често се сметаат за еден јазик, односно регистарот (дијалектот, жаргонот) е дел од литературниот јазик.
Пишаниот јазик е тесно сврзан со правописот. Сите јазици користат еден од следните правописи: етимолошки, морфолошки или фонолошки. Сепак, важно е да се напмене дека ниту еден правопис не е чист, туку се користат некои елементи од сите правописи. Македонскиот јазик има фонолошки правопис, односно изговорот и пишаната форма се исти. Англискиот, на пример, користи етимолошки правопис и изговорот често е различен од пишаната форма.
Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.