Чикаго
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чикаго (англиски: Chicago) — голем град во сојузната држава Илиноис, САД и метрополитенска област која го вклучува градот и околните области. Градот Чикаго е најголемиот град на средниот исток на САД и третиот најнаселен град во САД, со околу 2,75 милиони жители.[6][7] Метрополитенската област на Чикаго, понекогаш неформално именувана како Чикаголенд, има население од 9,4 милиони жители во Илиноис, Висконсин и Индијана, правејќи го третиот најголем во Соединетите Држави. Чикаго се наоѓа на југозападниот брег на езерото Мичиген и е транспортен, индустриски, политички, финансиски, медицински и високообразовен центар. Чикаго е неформално наречен и „Вториот Град“, „Ветровитиот Град“, „Градот на Големите Рамења“, „Чи-Сити“ и „Чи-Таун“. Се наоѓа во Среден Запад во САД.
Чикаго | |||||
---|---|---|---|---|---|
Град | |||||
| |||||
Етимологија: Предлошка:Lang-mia ('wild onion' or 'wild garlic') | |||||
Прекар(и): Windy City, Chi Town, other | |||||
Гесло: латински: Urbs in Horto (City in a Garden); I Will | |||||
Interactive map of Chicago | |||||
Држава | САД | ||||
Сојузна држава | Илиноис | ||||
Населен | ок. 1780 | ||||
Управа | |||||
• Вид | Mayor–council | ||||
• Орган | Градски совет на Чикаго | ||||
• Градоначалник | Брендон Џонсон (D) | ||||
Површина[1] | |||||
• Град | 607.44 км2 | ||||
• Земјишна | 589.82 км2 | ||||
• Вода | 17.62 км2 | ||||
Население (2020)[2] | |||||
• Град | 2.746.388 | ||||
• проц. од (2022)[2] | 2,665,039 | ||||
• Ранг |
| ||||
• Густина | 4656.33/км2 | ||||
• Градскo[3] | 8,671,746 (US: 3rd) | ||||
• Градска | 1,432.1/км2 | ||||
• Метро[4] | 9.618.502 (US: 3rd) | ||||
БДП[5] | |||||
• Chicago (MSA) | $832.9 billion (2022) | ||||
Час. појас | CST (UTC−06:00) | ||||
• Лето (ЛСВ) | CDT (UTC−05:00) | ||||
ZIP Code prefixes | 606xx, 607xx, 608xx | ||||
Area codes | 312, 773, 872 | ||||
FIPS code | 17-14000 | ||||
GNIS feature ID | Предлошка:GNIS4 | ||||
Мреж. место | chicago.gov |
Чикаго бил основан во 1833 како град[8] кој ги поврзува Големите езера со системот на реката Мисисипи. Наскоро тој станал транспортниот центар на стариот северозапад со главни водни врски, канали и од 1855 со железница. Од 1890 тој бил еден од десетте највлијателни светски градови[9]
По малку збунува ова со бројот на жителите бидејќи околу 3 милиони жители има само областа Cook County која се смета за централна област на градот, меѓутоа има уште неколку други области кои се надоврзани и кои исто така припаѓаат кон градот давајќи една бројка над 10 милиони жители од кои негде околу 35% припаѓа на луѓе од бела раса исклучувајќи ги тие од Шпанско или Латинско потекло на кои припаѓа околу 25%(најмногу од нив се од соседно Мексико). Од преостанатите околу 35% отпаѓаат на црната раса и останатите се жители од сите краеви на светот меѓу кои има голем број на Италијанци, Полјаци, Бугари, Срби и Грци, Македонци, како и припадници на жолтата раса.
Интересно е и да се напомене дека има специфична клима која изобилува со ветар во текот на целата година и е еден од најветровитите градови во светот. А прекарот "ветровитиот град" не доаѓа поради климата туку поради честото менување на страната на чикашките политичари.
History Emeritus
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.