список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia
Ова е список на сите земји по индекс на човеков развој (ИЧР) според Извештајот за човеков развој на Програмата за развој на ООН. Најновиот извештај е на 14 декември 2015 и се темели на проценките за 2014 г.[2] Опфаќа 185 земји-членки на ООН (од вкупно 193), заедно со Хонгконг (НР Кина) и Палестинските територии. Не се наведени осум членки на ООН поради недостаток на податоци. За споредба е даден и просечниот ИЧР на региони во светот и групи земји.
Индексот на човековиот развој (ИЧР) е споредбена мерка за изразување на очекуваниот животен век, писменоста, образованието, животниот стандард и квалитетот на животот за секоја од земјите ширум светот. Претставува и стандарден начин на изразување на благосостојбата, особено онаа на децата. Овој индекс е показател за тоа дали земјата е развиена, во развој или неразвиена, а го изразува и влијанието на економската политика врз квалитетот на животот. Творци на индексот се пакистанскиот економист Махбуб ул Хук[3] и индискиот економист Амартја Сен.[4]
Земјите се делат на четири категории на човеков развој. Секоја од нив содржи 47 земји, освен една, која има 56. Категориите се следниве: Многу висок човеков развој, Висок човеков развој, Среден човеков развој и Низок човеков развој.
Поради новата методологија усвоена во 2010, бројките на ИЧР се пониски од оние во претходните извештаи.
Најголем пад на ИЧР од 1998 до денес доживеал Зимбабве, од 0,514 во 1998 на 0,140 во 2010. Земјата со најголем пад од 2009 до денес е Зелениот ’Рт, со пад од 0,170.
Над половина од светското население живее во земји со „среден развој“ (51%), додека во категоријата „низок развој“ спаѓа помалку од една петтина (18%) од населението. Земјите со „висок“ и „многу висок“ човеков развој сочинуваат помалку од една третина од вкупното светско население (30%).
ООН не ја признава Република Кина (Тајван) за суверена држава. Во извештајот за ИЧР на НР Кина не се вбројува оној на Тајван (вид. ). Владата на Тајван го утврдила дека ИЧР на земјата е 0,868, врз основа на новата методологија на УНДП од 2010 г.[12]
ИЧР на Макао го пресметува неговата управа, а не ООН. Доколку се вклучи во бројките од 2007, Макао би зазело 23-то или 24-то место (еднакво на Сингапур и Хонгконг). „Макао во бројки за 2010“. Статистичко-пописна служба на САР Макао. 2010. Посетено на 1 јули 2010. (англиски)
„Индекс на човеков развој: Проценка за Реинион“(PDF). Лабораторија за применета економија и развој (LEAD) при Универзитетот на Јужен Тулон-Вар. Архивирано од изворникот(PDF) на 2008-12-18. Посетено на 10 декември 2008. (англиски)