Националните олимписки комитети (НОК) се претставници на светското олимписко движење во поединечни земји. Подлежат на контрола од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и се одговорни за организирање на учеството на нивната земја во Олимписките игри. Кога се врши избор за град-домаќин комитетите можат да предлагаат градови во рамките на своите земји. НОК воедно го промовираат развојот на спортистите и обуката на тренерите и службениците во нивната земја.
Олимпискиот комитет задолжен за Република Македонија е Македонскиот олимписки комитет
Постојат 204 национални олимписки комитети,[1] кои претставуваат суверени држави и разни територии. 192 од 193-те земји членки на ООН имаат свој НОК (со исклучок на Јужен Судан, кој ја стекнал својата независност на 9 јули 2011, па затоа сè уште нема свој НОК).[2] Комитети имаат и уште 12 територии:
- Тајван, во МОК се води како „Кинески Тајпеј“
- Палестинска Самоуправа, во МОК се води како „Палестина“
- Четири територии на САД: Американска Самоа, Гуам, Порторико и Американските Девствени Острови (во МОК се водат само под „Девствени Острови“)
- Три британски прекуморски територии: Bermuda, Британските Девствени Острови и Кајманските Острови
- Едена територија на Кралството Холандија на Карибите: Аруба. Холандските Антили го загубиле статусот во јули 2011 поради нивното распуштање во 2010.[3][4]
- Хонгконг, специјален административен регион на НР Кина
- Кукови Острови, придружна држава на Нов Зеланд
Сите НОК-ови се членки на Здружението на националните олимписки комитети (ЗНОК или ANOC), кое е поделено на пет континентални здруженија:
Континенти | Здружение | Бр. на НОК-ови | Најстар НОК | Најнов НОК | |
---|---|---|---|---|---|
Африка |
Здружение на националните олимписки комитети на Африка | 53 | Египет (1910) | Еритреја (1999) | |
Америка |
Панамериканска спортска организација | 41 | САД (1894) | Доминика (1993) Света Луција (1993) Свети Кристофер и Невис (1993) | |
Азија |
Олимписки совет на Азија | 44[5] | Јапонија (1912) | Тимор-Лесте (2003) | |
Европа |
Европски олимписки комитети | 49 | Франција (1894) | Црна Гора (2007) | |
Океанија |
Национални олимписки комитети на Океанија | 17 | Австралија (1895) | Тувалу (2007) |
Список на национални олимписки комитети по година на признавање
Ова е хронолошки список на сите 204 признаени НОК-ови од 1894 до денес. Многу од нив се основани долго пред да бидат признаени, додека пак други се прифатени веднаш по нивното формирање. На списокот се изоставени поранешни држави (како на пр. СФРЈ, СССР, Чехословачка итн).
Непризнаени национални олимписки комитети
Спортскиот и олимписки комитет на Макао е основан во 1987 и има извршено обиди да се зачлени во МОК, но досега нема официјално признание. Макао сепак се натпреварува на Параолимписките игри.
Фарските Острови имаат признаен национален параолимписки комитет.
Други земји/области без признаени комитети се: Ангвила, Абхазија,[7] Гибралтар,[8] Каталонија,[9] Косово,[10] Ниуе,[11] Сомалиленд,[12] Нова Каледонија,[13] Курдистан, Северен Кипар,[14] американските староседелци,[15][16] Северните Маријански Острови, Монтсерат и Туркс и Кајкос.[17] Фарски Острови,[18] Француска Полинезија,[19]
Поврзано
„Национален олимписки комитет“ на Ризницата ? |
- Меѓународен олимписки комитет
- Македонски олимписки комитет
- Список на државни кодови на МОК - кодови на НОК-ови
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.